Гол шетал низ Загреб и со секира удирал по автомобили. Во куќатa му нашле тело на жена


Полицијата во Загреб денеска во 14 часот и 25 минути добила пријава за маж кој без облека оди по улица и со секира оштетува автомобили во областа Суседград. Мажот потоа се упатил на домашната адреса, каде што полициските службеници го пронашле и го однеле во службените простории. Во куќата е пронајдено тело. Според првите информации, […]

Почина мажот кој се самозапали во Загреб


Машкото лице кое се самозапали на Марков трг во Загреб и беше лекувано на Клиниката за трауматологија на КБЦ Сестри на милосрдието на одделот за интензивна нега, почина денеска по 21 часот и покрај напорите на лекарите, соопштија од КБЦ. Станува збор за изгореници од четврти степен кои ја зафаќаат целата површина на телото. Психијатарот […]

(Видео) Во Загреб поставиле стапици за диви свињи. Фатиле 27


Диви свињи талкаат низ главниот град на Хрватска. Низ социјалните мрежи се проширија снимки како трчаат по една од најфреквентните улици. Иако сцените не се нови, оваа година ги има повеќе од вообичаено. Во прифатилиштето за запуштени животни во Думовец велат дека нема причина за грижа, но и дека не треба да се приближувате до […]

Од 1 јуни бесплатен градски превоз во Загреб за постарите од 65 години


Од 1 јуни, право на бесплатен јавен превоз ќе имаат граѓаните кои живеат во Загреб, а кои имаат 65 години и повеќе, соопштија од Градот. Со оглед на тоа што има речиси 160.000 мажи и жени од Загреб кои го остваруваат ова право, ЗЕТ овозможи преоден период во кој е можно бесплатно користење на транспортната […]

Жена убиена од сопругот во Загреб, друга е убиена со нож во нејзиниот стан


Утрово, околу 8:20 часот, во стан во населбата Средњаци во Загреб, пронајдено е безживотно тело на постара жена. Како што информираат од загрепската полиција, смртта е, според досега утврденото, последица на кривично дело. Како што неофицијално дознаваат хрватските медиуми, полицијата се сомнева во убиство. Ова е второ убиство на жена денеска во Загреб. „Некој ја […]

Во Загреб падна снег. На Сљеме снежна покривка од 25 сантиметри


Во текот на ноќта во Загреб почна да врне снег, што доведе до формирање на тенок слој снежна покривка на теренот и возилата, јави Индекс.хр. ≈2,8 km (Intenzitet 3/10, Površina 4/10)https://t.co/864a2qLT62 (24. 03. 2024. 08:10) #Zagreb pic.twitter.com/LmP0G4mmZW — Alarm za kišu Zagreb (@KisaZagreb) March 24, 2024 Според податоците од 19 часот, висината на снежната покривка […]

Загрепска Икеа евакуирана, се огласил алармот


Загрепската „Икеа“ беше евакуирана денеска откако се вклучиле алармите, јавуваат хрватските медиуми. Клиентите и работниците се евакуирани согласно процедурата. Како што пренесува N1, алармите се вклучиле во Икеа во Загреб, најверојатно поради дефект. По еден час, ИКЕА повторно беше отворена.

Украл автомобил со дете во Загреб, таткото трчал по него


Драматичен настан се случил вчера околу 17 часот  во Загреб, Хрватска, а предизвика шок кај минувачите. Еден маж, видно вознемирен, истрчал по патот извикувајќи „Застани, застани!“, додека една жена трчала по него, молејќи ги минувачите да повикаат полиција. Што се случило раскажал соговорникот на Danas.hr, кој бил сведок на овој настан. „Сите се исплашивме кога […]

Загреб полн со туристи


  Очекувањата на туристите во главниот град се големи. Тоа го потврдува и фактот дека сместувањето во Загреб е се потешко да се најде. Во Загреб очекуваат уште една рекордна туристичка година. Градот и овој декември е преплавен од туристи. – Сезоната е токму онаква каква што очекувавме. Сегашната пополнетост ни е околу 60, 70 […]

(Фото) Во Загреб почна традиционалниот Адвент: Колбаси, греано вино и многу забава


ЗАГРЕБ – Ниту обилниот дожд, ниту снегот во саботата вечерта и студеното време, не ги спречи жителите на Загреб и овој декември да го одбележат почетокот на традиционалниот Адвент, предбожикниот саем на отворено кој од година в година привлекува се повеќе посетители. Адвентот во Загреб е вклучен меѓу најдобрите Божикни саеми во Европа, според многу […]

Скандал по труење со кисела вода во Хрватска: Пијте само обична вода


  Три лица завршија во болница во Загреб, а едно во Риека, поради сомневање за труење со газиран пијалок. Полицијата извршила истрага на Природно-математичкиот факултет во Загреб, каде наводно млад човек се затрул од газиран пијалок. „Јутарњи лист„ пишува дека маж испил минерална вода „Ромеркел“ во кафуле. Хрватскиот институт за јавно здравје добил примероци од […]

Шопинг мол во Загреб станува канцелариски простор


Трговскиот центар Вестгејт наскоро ќе биде претворен во канцелариски простор. Оваа информација неофицијално ни ја потврдија повеќе извори, а самиот Вестгејт само ни даде краток одговор дека центарот се репозиционира, но повеќе детали од тоа не изнесоа. Како што неофицијално се дознава, центарот покрај продавници во иднина ќе има и канцелариски капацитети, конференциска сала, угостителски […]

Изгоре познатиот клуб „Минт“ во Загреб


Ноќеска, изгоре ноќниот клуб „Минт“ во Загреб, потврдија пожарникарите. Клубот се наоѓа на улицата „Флоријан Андрашец“. Клубот сѐ уште не почнал со работа по летната пауза, а на нивната веб-страница пишува дека повторно ќе почнат со работа во септември. Клубот е отворен во декември 2019 година, а сопственик е Кристијан Бабиќ.Тоа е еден од најголемите […]

Сава се излеа од коритото во Загреб


Невремето од Словенија пристигна во Хрватска. Поради најавеното невреме со грмотевици, вклучен е портокалов аларм за Загреб, Карловац и Сплит, додека црвен аларм е во сила за регионите Госпиќ и Риека поради обилните врнежи од дожд. Поради обилните врнежи во Загреб реката Сава се излеа од коритото, јавува N1. Според хидролошките наводи и досегашната прогноза […]

Од Винковци до Загреб со воз патувале 19 часа: „Имаше паника, луѓето плачеа“


Возот FAST на Хрватски железници, кој тргнал од Винковци, вчера, во 17.27 часот, на станицата во Загреб пристигна дури денеска околу 12.30 часот. Очекуваното време на возење е нормално 4 часа и 33 минути. Причина е големото невреме кое вчера ги зафати Славонија и Загреб. Петар Бошњаковиќ, кој има 74 години, е еден од патниците […]

(Фото) Ветрот дувал со брзина од 180 км/ч во вчерашното невреме во Загреб


Северна  и централна Хрватска и Славонија вчера беа зафатени од страшно невреме. Силниот ветер и обилниот дожд направија хаос во Загреб. Разорниот ветер носеше се пред себе, а силниот дожд ги поплави улиците. Штетата е огромна. Три лица загинаа во Загреб и Славонија. Повеќе од 100 луѓе се повредени. Според податоците за брзината на ветрот […]

Хаос во Загреб: Има мртви – ветерот ги носеше покривите, луѓето во паника


Во Загреб врне силен дожд, а силниот бурен ветер создаде хаос во градот. Според хрватските медиуми, во невремето загинале две лица.  Луѓето се заглавени, дрвјата паѓаат. „Не можеме да влеземе во тунелот или да свртиме од подножјето во правец на Запрешиќ. Околу нас паѓаат дрвја, а сите сме заробени во невремето“, пренесува читателот на Индекс. […]

Дојави за бомби на повеќе места во Загреб. „Четири пријави се лажни“


Бројни хрватски медиуми и загрепската полиција утринава добија лажни дојава за бомби лоцирани на повеќе локации во Загреб, најмногу во Дубрава. Испраќачот на мејлот тврди дека бомбите се наоѓаат во зградата на „Јутарњи лист“ на Мартиновка, кај трамвајската клучка во Дубрава, во Земјоделското училиште во Дубрава, во хотелот „Резиденс“ во Дубрава и во Полициската станица […]

Дрво падна врз девојче во невремето во Загреб


Невреме проследено со ветер, дожд и град попладнето зафати три северни окрузи и градот Загреб, оставајќи зад себе паднати дрвја и далноводи, додека едно лице е повредено во Загреб. Станува збор за 15-годишно девојче кое било удрено од дрво на загрепски Јарун. Невремето го зафати подрачјето на Вараждин, Крапинско-загорската и Загрепската жупанија и градот Загреб. […]

(Фото) Диви свињи решија да го исчистат Загреб, копаа по контејнери


Рано утрово, загрепчани беа дочекани од несекојдневна глетка. Во загребскиот кварт Шпанско, снимени се три диви свињи како копаат по контејнерите. Фотографијата се појави на локална Фејсбук страница, а корисникот пиува дека некое време се мотале околу контејнерите, а потоа заминале накај автопатот. „Тие се природни чистачи, надушкаа храна затоа што крадот е тешка кочина. […]