Ќе се утврдува колку загадува греењето на дрва


Повторно ќе се испитува квалитетот на воздухот во Скопје. Градските власти на тендер бараат компанија која по акредитирани методи во текот на 12 месеци ќе го испитува квалитетот на воздухот, со акцент на деловите од Скопје каде што затоплувањето е со печки на дрва. Слично истражување беше спроведено во 2016 и 2017 година, а повтореното […]

Пожар во „Макстил“: Гореше старо железо, гаснеа 9 пожарникарски возила


Отпадно железо пред рециклирање синоќа во 23.20 часот се запалило во фабриката „Макстил“ во Скопје при што интервенирала Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со девет возила и 21 пожарникар. Поради високата температура и густиот чад што се развиле од пожарот, дополнително биле побарани три цистерни со вода од Комунална хигиена, три цистери од Водовод […]

Доцни филтерот за отровите од „Дрисла”


  Ништо од најавите дека од денеска чадот од согорениот медицински отпад на „Дрисла” ќе се филтрира низ нов систем, кој треба да ги елиминира отровните честитки што се испуштаат во воздухот. Наводно, дождот бил причина за пролонгирање на монтажата на филтерот, брифираат надлежните. Но, потенцираат, дека до крајот на неделава тоа сигурно ќе се […]

Увозот на стари автомобили стагнира, наскоро нов наплив на возила од Европа


Во Македонија од година во година се намалува бројот на возила што се увезуваат. Податоците на Царинската управа за регистрирани возила покажуваат дека минатата година се регистрирани 2.615 возила помалку во споредба со 2016 година, а драстично намалување за дури 31.033 возила има во однос на 2010 година кога беше дозволен повластен увоз на половни […]

АХВ: Има олово, кадиум и жива во црниот дроб на дивите свињи


И до десет пати поголеми концентрации на тешки метали од дозволените во црниот дроб на дивечот, покажува анализата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) направена во периодот 2002-2017 година. Како што соопшти денеска директорот на АХВ Зоран Атанасов, станува збор за кадмиум, олово и жива присутни во црниот дроб на дивечот поради што се […]

Димитровски: Старите дизел-возила најголем загадувач


Емисијата на издувни гасови од возилата влијае врз квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопје. Како една од долгорочните мерки во борбата против аерозагадувањето Градот, заедно со МВР, најавија законски измени со кои при техничкиот преглед на возилата секое возило ќе може еколошки да се мапира и ќе добие налепница. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, во ноември […]

СЗО го стави Балканот на врвот на светски најзагадени региони


Квалитетот на воздухот во балканските земји е катастрофален, оцени Светската здравствена организација (СЗО). Но, се чини, дека тоа не е приоритет ниту на Европската Унија ниту на државните институции. Босна и Херцеговина е на прво место во Европа по бројот на смртни случаи поради загадениот воздух, а на светско ниво е на второто место – […]

Скопје уште во февруари го надминa годишниот ЕУ лимит за загадување


Скопје ги надмина годишните дозволени ЕУ граници за аерозагадување уште во февруари. Овие ЕУ лимити денеска се надминати на сите мерни станици во Скопје, освен во Миладиновци, општина Илинден, соопшти Заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“. Во ЕУ дозволената граница за концентрации на ПМ10 честички во 24 часа просечно се 50 микрограми на метар кубен. […]

Прекршочни пријави за струмичани кои се грееле со стар мебел, гуми и пластика


Инспекциските служби на општина Струмица по извршените контроли кај стопанските субјекти и домаќинствата утврдиле дека го загадуваат воздухот повеќе од дозволеното и против нив се отворени прекршочни постапи, соопштија денеска од Општината, но не информираа колку постапки и против кого се отворени. – Во рамките на своите надлежности и овластувања општина Струмица преку своите иснпекциски […]

Обвинителството отвори истрага за „Дрисла“


Од Основното јавно обвинителство- Скопје информираат дека по допрен глас е отворен предмет за работењето во депонијата „Дрисла“-Скопје за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик. „Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци […]

Шилегов: Град Скопје во 2012 година издал меница за нова печка, а печка нема


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, смета дека одговорноста за тоа зошто било дозволено досега инсинераторот на депонијата Дрисла да работи без филтри е на поранешните градоначалници на градот и екс-министрите и заменици министри за животна средина. Тој очекува до крајот на февруари да биде ставен воден филтер на печката за согорување на отпадот и до […]

Колку е опасен опасниот отпад од увоз?


Правилното собирање и транспорт на медицинскиот отпад и зголемениот број приватни здравствени установи се причината поради која континуирано се зголемува количеството ваков отпад што се согорува на „Дрисла“. Според д-р Михаил Кочубовски, раководител на Секторот за здравствена екологија при Институтот за јавно здравје, болниците се добро обучени за третман на медицинскиот отпад. Една од работите […]

УСЈЕ на ремонт до февруари


Цементарницата УСЈЕ го сопре целокупниот процес на производство. Од Министерството за животна средина велат дека побарале од нив да изгасат една печка што согорува отпад поради енормното загадување на воздухот во Скопје, по што раководството одлучило да го запре целиот процес, со објаснување дека и онака требало да го извршат редовниот ремонт. Од Цементарница УСЈЕ […]

Пет милиони евра за нова печка во „Дрисла“


Депонијата „Дрисла“ за три месеци ќе добие нова печка за согорување отпад со што би требало да се намали аерозагадувањето во Скопје. Градот Скопје даде кредитни гаранции во висина од 4,5 милиони евра за набавка на нов инсенератор, кој на температура од над 1.600 Целзиусови степени ќе уништува медицински, хемиски и органски отпад, дознава „Независен […]

Се укинуваат вонредните мерки за загадувањето


Вонредните мерки и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот денеска престануваат да важат. Тие беа активирани на 8 јануари поради зголемените концентрации на ПM 10 честички во воздухот. Одлуката за укинување на мерките против аерозагадувањето ја соопштија вчера Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје, затоа што среднодневните концентрации на […]

Толку од бесплатниот превоз: Од утре престануваат да важат мерките против загадениот воздух


Од утре ќе престанат да важат мерките што се воведоа поради зголемените концентрации на PM 10 честичките во воздухот, соопшти попладнево Министерството за животна средина и просторно планирање. – Согласно податоците од ДАМСКВ (Државен автомаски мониторинг систем за квалитет на воздух) на ден 9.01.2018, среднодневните концентрации на РМ10 честистички се под дефинираниот праг за алармирање (среднодневни  […]

Трудниците и болните да не одат на работа


Бремените жени и лица со одредени заболувања да бидат ослободени од работни обврски, препорача вчера Министерството за здравство. репораката е поради големото загадување на воздухот во Скопје. Од работа треба да бидат ослободени и лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма и лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста. […]

Повторно активирани мерките против аерозагадувањето во град Скопје


Владата на Република Македонија, почнувајќи од денеска ги активира мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот Скопје. Од владината прес-служба информираат дека мерките се активираат по добиените информации дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над дозволеното, односно над 200μg/m3 на мерните станици во Град Скопје односно мерните станици Лисиче и […]

Струмица најзагаден град во Македонија во последните 24 часа


Воздухот во главниот град есктремно загаден и за време на последното деноноќие, со измерени максимални 584 микрограми на метар кубен ПМ10 честички во Лисиче, додека најзагаден град во последните 24 часа во Македонија беше Струмица со измерени 670 микрограми на метар кубен. Високи отчитувања покажаа мерењата на сите мерни станици во Скопје. Кај Ректорат ПМ10 […]

Ќе се воведуваат еколошки налепници за возилата и таксистите


Министерството за економија подготвува измени на Законот за возила. Со предложените законски измени се воведуваат посебни таблици за такси-возилата и се воведуваат еколошки налепници за возилата. „Предлог-законот има за цел да ги уреди постапките за остварување на заштитата на правата и правните интереси на физичките лица, правните лица, како и заштитата на јавниот интерес по […]