Македонската заедница од Италија со комеморација за жртвите од Кочани и уште една хуманитарна акција


Македонската заедница во Пиемонте, Италија, кои во изминатава година веќе собрале 40.000 евра за донации за жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ја одбележаа годишнината од смртта на 63 млади луѓе. „Во неделата вечер организиравме мала, но многу значајна комеморација, на која оддадовме почит на жртвите и покажавме дека тие не се заборавени. […]

Две жртви во невремето во Грција – предупредувања се праќаат до граѓаните


Припадник на крајбрежната служба на Грција во градот Астрос на Пелопонез и жена во атинската населба Глифада ги загубија животите во силното невреме што од рано утрово зафати делови од Грција, а противпожарната служба примила над 600 повици за помош. Доцна вечерва во Атина, животот го загуби жена која додека се движела пеш била повлечена […]

Кои се жртвите од пукањето во Грац – има од Балканот, но и од Европа


Вооружен маж отвори оган во вторник во средно училиште во Грац, вториот најнаселен град во Австрија, а најмалку 11 лица, вклучувајќи го и осомничениот, беа убиени, потврдија градоначалникот и полицијата уште вчера. Нападот од вторникот е најсмртоносниот масовно пукање во централноевропската земја. Австриската полиција уште не ги соопштила имињата на загинатите, а се знае дека […]

Битолчанец и две лица од Гостивар жртви во вчерашната сообраќајна несреќа кај Кичево


Три лица, едно од Битола и две од Гостивар, го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што вчера вечерта се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај местото викано „Сеферов бунар“. Според соопштението од СВР – Охрид, во несреќата учествувале три патнички моторни возила и тоа „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки управувано од З.Д.(64) од Битола, […]

Митева: Црвениот крст им префрли по 150.000 денари на сите семејства со пациенти во странство


Нема потреба од формирање посебни фондови, од повикување на граѓаните да донираат директно на семејствата кои имаат пациенти во странски држави, затоа што државата им плаќа сѐ, вели портпаролката на Владата, Марија Митева.  Дополнително, веќе се знае дека лекувањето на пациентите во сите држави кои ги презедоа е на сметка на Европската унија преку механизмот […]

Студентите во Ниш утре ќе собираат парични средства за семејствата на повредените во пожарот во Кочани


Студентите во Ниш ќе собираат утре парични донации за помош за семејствата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани.  Студентите првично ќе им доделат медали на оние кои пешачеле или возеле велосипед до Белград на протестите, потоа ќе организираат изложба по повод 100-те дена од блокадата и во исто време – ќе собираат пари […]

Во сите македонски градови се излезе на плоштадите за жртвите од Кочани


  Почит за жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, синоќа беше оддадена во сите градови низ Македонија. Луѓето со тага и болка во очите палеа свеќа и положуваа свежи свеќиња во центарот на речиси секој град во земјава. Носеа транспаренти со пораки за покој на душата на загинатите, но и со сугестии за […]

Во Клиничката болница во Штип почната идентификацијата на седум од починатите


Во Клиничката болница во Штип донесени се седум деца без знаци на живот, изјави денеска директорот на КБ Штип, Владко Захариев. Во моментот тече процесот на идентификација, досега четири тела на починатите се идентификувани од полицијата. Во болницата сместени се 39 пациенти, претежно со изгореници од втор степен. – Во Штипската клиничка болница донесени се […]

Возач со полна брзина налета на луѓе на собир за жртвите од Нови Сад: „Нагазил на гас и собрал шест луѓе!“


На улица во Белград, во петокот, се случи инцидент за време на петнаесетминутната акција „Стоп за Србија“, во која граѓаните им оддадоа почит на жртвите од Нови Сад. Автомобилот удрил во група луѓе кои учествувале во акцијата додека стоеле на пешачкиот премин. Го управувал маж на 60-годишна возраст, кој со полна гас соборил шест лица, […]

Апсења во „оазата на смртта“, никој не смее да жали за Навални (ВИДЕО)


Полицијата во Русија растера група граѓани на улиците во градовите ширум земјата и уапси најмалку 100 граѓани, кои му оддадоа почит на опозицискиот политичар Алексеј Навални, кој почина вчера во затвор во Сибир. Според руската група за човекови права, ОВД-Инфо, најмалку 100 лица се уапсени во осум градови, меѓу кои Москва, Санкт Петербург и Краснодар, […]

Кампања: „Стоп за семејното насилство. Жртвите не се виновни!“


На иницијатива на Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, како дел од кампањата „Стоп за семејното насилство. Жртвите не се виновни!“, денеска напладне на Градскиот плоштад во Скопје, се одржа едноминутен настан за тивка поддршка на жртвите на семејното насилство преку демонстрација на симболот кој означува барање помош. На […]

Интерпол со децении се обидува да дознае кои се овие 22 убиени жени – стигнуваат нови информации


Која е жената чие што тело го пронајде мотоциклист во шума во близина на Хаген во јуни 1997 година – силувана, задавена, а потоа полиена со бензин и запалена? Која е жената чии останки беа пронајдени во мочуриште во близина на Келн во октомври 2001 година и која лежеше мртва толку долго што беше пронајден […]

Смртниот биланс од земјотресите во Сирија и Турција надмина 25 илјади лица


Земјотресите со епицентар во Караманмарас беа трипати посилни и поразорни од претходната, најголемата катастрофа во 1999 година, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган при посетата на Дијарбекир, пренесува Анадолија. Земјотресот окарактеризиран како „катастрофа на векот“ е почувствуван на површина од илјада километри, а, како што рече Ердоган, предизвикал уништување на површина од 500 километри. […]

Во три одделни сообраќајки, прегазени се двајца сопружници, велосипедистка и момче


  Во три одделни сообраќајни незгоди во Струга, Скопје и во Куманово, со возила биле удрени постари сопружници, една велосипедистка и младо момче. Во 19.30 часот, во понеделникот, во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од улиците „Маркс и Енгелс“ и „Ристо Крле“ во Струга, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од […]

Граѓаните загрижени за личните податоци на интернет, 15 проценти жртви на кибер напад


Петнаесет проценти од испитаниците во анкета за кибер безбедност во државава спроведена од регулаторното тело рекле дека биле жртва на кибер криминал или онлајн вознемирување, а над половина се загрижени за злоупотребата на личните податоци. Антивирусна програма користат 57,3 проценти, а помладите за разлика од постарите почесто се приклучуават на интернет на јавни места. Испитаниците […]

Блинкен: Жртвите на репресијата на плоштадот „Тјенанмен“ во Пекинг нема да бидат заборавени


Жртвите на репресијата на плоштадот „Тјенанмен“ во Пекинг пред 33 години нема да бидат заборавени, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Во изјавата по повод годишнината, Блинкен го нарече задушувањето на продемократските протести „брутален напад“. „Напорите на овие храбри луѓе нема да бидат заборавени. Секоја година им оддаваме почит и сеќавање на оние кои се […]

Идентификувани првите жртви на масакрот: Амери Хо пред две недели наполнила 10 години


  Неколку часа по масакрот во основното училиште во Тексас, САД почнаа да пристигнуваат информации за жртвите. Полицијата потврди дека убиени се 19 деца и двајца возрасни, а неколку деца се тешко ранети. Медиумите јавуваат дека се идентификувани првите жртви. Усија Гарсија (8) Усија Гарсија е осумгодишник кој е убиен во нападот, потврди неговото семејство. […]

Четворица избодени со нож во Норвешка


Најмалку четири лица, од кои едно потешко, се повредени во напад со нож во Норвешка, соопшти полицијата. Според медиумите, дојавата за нападот полицијата ја добила околу 8.47 часот по локално време. Очевидец тврди дека на лице место имало неколку амбулантни возила и три хеликоптери. На местото на настанот биле повикани и пожарникари, чиј шеф тврди […]

Турција ќе се обиде со брод да ги преземе жртвите од Мариупол


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот украински колега Володимир Зеленски се договорија Турција да ги пренесе ранетите и загинатите од нападите на руската армија во Мариупол, објави Т24, цитирајќи изјава на украинскиот претседател. „Турција е подготвена да ги пренесе ранетите и загинатите од Бердјанск со брод, бидејќи е невозможно да се приближи до Мариупол […]

Украина: Во војната убиени се 117 деца


  Украинскиот парламент утрово објави дека од почетокот на руската инвазија на Украина убиени се 117 деца, а 155 се ранети во нападите на руските сили. Најголем број жртви се забележани, како што тврди украинскиот парламент, во Киев, харкив и во Чернихив, на северот на земјата. ‼️117 УКРАЇНСЬКИХ ДІТЕЙ ВБИЛА КРАЇНА-ТЕРОРИСТ 🔷 Станом на 22 […]