Конференција на ССМ: Поради мајчинството, жените остануваат без работа ако се на договор на дело


Да се овозможи примена на регулативата што го третира мобингот со кој се соочуваат жените во државата и да пријавуваат во Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Сегашните процедури за докажување на ваквите случаи се компицирани. Потребни се јасни насоки за чекорите што треба да ги преземе жената доколку биде вознемирувана на работното место или […]

Само 7,8 отсто од вкупните кредити завршува кај компании во сопственост на жени


Во земја во која жените претставуваат половина од економскиот потенцијал, само 7,8% од вкупните кредити завршува кај компании во нивна сопственост. Пристапот до финансии е една од клучните основи за економска независност, развој на претприемништвото и унапредување на родовата еднаквост. Кога жените имаат еднаков пристап до капитал како и мажите, економијата добива поширока база на […]

ОН: Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост за жените


Ниедна земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост меѓу жените и мажите, изјави вчера претставник на Обединетите нации пред Меѓународниот ден на жената. Сара Хендрикс, директорка на одделот за политика на ОН за жени, им изјави на новинарите во Њујорк дека напредокот постигнат во области како што се заштитата од насилство, еднаквоста во семејното […]

Пет девојки од Желино претепале 19-годишна жителка на истото село


Тетовската полиција поднесе кривична пријава против пет жени од тетовското село Желино поради физички напад врз 19-годишна девојка од истото село. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од село Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. […]

ДПА: Жените во Германија сѐ уште заработуваат многу помалку од мажите


Жените во Германија повторно заработуваат значително помалку од мажите оваа година, објави денеска Федералниот завод за статистика. Тие заработувале 22,81 евра на час (26,82 долари), што е за 4,24 евра помалку од мажите, што значи дека разликата во платите останала непроменета на 16 посто. Во 2024 година, оваа бројка се намалила за два процентни поени […]

Извештај: 84 отсто жени во Србија сметаат дека сами се одговорни за доживеано дигитално насилство


Во Србија 84 отсто жени и девојки сметаат дека самите се одговорни за дигитално насилство што го доживеале, беше објавено во рамките на презентацијата на анкетата „Дигитално насилство врз жените и девојките во Србија“ спроведена од здружението „Атина“. Педесет и четири отсто анкетирани веруваат дека сторителите не се свесни за последиците и веруваат дека нивните […]

Само четири жени станаа градоначалнички – нема родова еднаквост на локално ниво


   Општините Кисела Вода, Македонска Каменица, Неготино и Демир Капија се единствените четири општини кои во следните четири години ќе бидат водени од жени, што е премалку за да се зборува за некаква родова рамноправност во водечките функции. Имено, на локалните избори 2025, четири жени успеаја да ја добијат довербата на граѓаните и да бидат […]

Скопјанка ја натепала мајка си


Скопјанка ја натепала својата мајка во семејниот дом во Гази Баба. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (24.09.2025) во 15:00 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека на 23.09.2025 околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзината ќерка Д.С.(36). Се преземаат мерки за […]

Илјадници Италијанки жртви на виртуелно сексуално насилство


Италијанската јавност е шокирана по откривањето на група на Фејсбук (Facebook), во која се споделувале интимни фотографии на жени, често снимени без нивно знаење. Фејсбук ја отстрани групата „Моја жена“ (Mia Moglie), која имаше околу 32.000 членови, кои споделувале фотографии од разголени жени, жени кои спијат или во интимни моменти. Чести коментари под фотографиите биле […]

Ивановиќ Кастареде: Општеството да ги препознае жените како еднакви чинители


Речиси една од четири земји денес бележи назадување во правата на жените, а 60% од испитаниците и испитаничките на глобално ниво изразуваат загриженост за застојот во еднаквоста. Исто така, над 600 милиони жени и девојчиња живеат во конфликтни зони, а родово базираното насилство и економската нееднаквост растат, вели во интервју за МИА шефицата на канцеларијата […]

Студија на ЕК: Демократијата во Европската Унија ги изневери жените


Жените во Европската Унија значително почесто се цел на онлајн закани и напади отколку мажите, има помала веројатност тие да бидат избрани на одговорни функции и се повеќе се склони да апстинираат од гласање на избори, се наведува во студијата на Европската комисија посветена на изборите за членови на Европарламентот што се одржаа во јуни […]

Жените во одбраната се борат и во мисиите и во сопствените редови за еднакво вреднување на трудот


Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (20 мај) се обратија на промоцијата на родовата самопроценка во одбраната и на Родовиот акциски план 2024 – 2028 година на Министерството за одбрана и Армијата каде заклучија дека постои видлив напредок и позитивен тренд во зголемувањето на жените во одбранбениот сектор. Претседателката […]

Овие особини кај мажите се особено привлечни за жените


При изборот на партнер, многу жени ги земаат предвид и карактеристиките на мажот со кој ќе започнат романтична врска. Имено, една од важните особини кај мажите е самодовербата, бидејќи таквите мажи не се однесуваат како да поседуваат сè, туку секогаш се подготвени да разговараат, да запознаваат нови луѓе, да се дружат и да водат интелектуални […]

Жените „невидливи“ на раководните позиции во спортот


Иако дури 76,7 проценти од спортските организации тврдат дека родовата еднаквост е дел од нивната стратегија, само 13 отсто од претседателите и 17 проценти од генералните секретари се жени, додека квоти за родова застапеност постојат во едвај 13,3 отсто од организациите. Жените со попреченост се дополнително маргинализирани, соочувајќи се со двојни пречки – поради нивниот […]

Данска воведува задолжителен воен рок за жените, наместо четири, ќе трае 11 месеци


 Данска ќе воведе задолжителен воен рок за жените една година порано од првично планираното – од 1 јули 2025 година, потврди министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен. Досега жените во данската армија можеа да учествуваат само на доброволна основа, додека мажите се обврзани да служат доколку се извлечени преку еден вид лотариски систем, што се […]

Finance Think: Жените во Македонија се позастапени во пониско платени и помалку барани занимања во споредба со мажите


На македонскиот пазар на труд постои хоризонтална професионална сегрегација т.е. жените се позастапени во пониско платени и помалку барани занимања во споредба со мажите, занимањата во кои доминираат мажите (на пример ИТ стручњаци, инжинери, техничари) се поатрактивни на пазарот на труд, а побарувачката за работници во овие занимања е поголема. Професионалниот јаз (однос помеѓу понудата […]

Талибанците се заканија: Престанете да вработувате жени, или ќе ве затвориме


Талибанците најавија дека ќе ги затворат сите домашни и странски невладини организации во Авганистан кои вработуваат жени. Одлуката доаѓа две години откако им наложија на невладините организации да престанат да вработуваат авганистански жени, наводно затоа што не го носеле правилно хиџабот. Во писмото објавено синоќа на социјалната мрежа Х, Министерството за економија предупреди дека непочитувањето […]

Сириските бунтовници нема да воведуваат верски кодекс на облекување за жените


 Сириските бунтовници кои го соборија претседателот Башар ел Асад изјавија дека нема да воведуваат верски кодекс за облекување на жените и дека ќе гарантираат лична слобода за сите. „Строго е забрането вмешување во облекувањето на жените или наметнување какви било барања во однос на нивниот изглед,“ стои во соопштението на Генералната команда на бунтовниците. Тие […]

ОН: Во Америка и во Европа жените најчесто ги убиваат нивните партнери, а во остатокот од светот нивните семејства


Најмалку 85.000 жени и девојки биле убиени ширум светот во 2023 година, повеќето од интимни партнери – роднини или партнери, според бројките објавени од ОН денес. Ова, според нив е „алармантно ниво“ на фемицид. „Домот останува најопасното место за жените“, бидејќи 60 отсто од нив биле жртви на „сопружници или други членови на семејството“, се […]

Жените во голема мера работат во сектори кои имаат пониски плати и помали можности за професионален развој


 Здружението за еднакви можности „Мрежа Стела“ го промовираше документот за политики „Премостување на јазот во економското зајакнување на жените и девојките во Северна Македонија: Достапни можности, мерки, предизвици и препораки“. Како што наведува Здружението, жените во Северна Македонија имаат повисоки стапки на невработеност, особено оние од руралните средини, односно 18.634 жени од руралните средини во […]