Запрен железничкиот сообраќај во Србија пред студентските протести. Нема објаснување


Како што се наведува на веб-страницата на компанијата „Србија Воз“, од 4:15 часот наутро „Инфраструктура железнице Србија“ го прекина целиот железнички сообраќај на железничката мрежа на Република Србија до понатамошно известување. „Србија Воз а.д. ги информира корисниците на услугите дека на 23 мај 2026 година во 4:15 часот наутро „Инфраструктура железнице Србија“ а.д. го прекина […]

Железничкиот сообраќај нормализиран откако во МЖ Транспорт добија плата за ноември лани


Железничкиот сообраќај во државава од попладнево се нормализира целосно откако по делумниот бојкот во кој стапи вчера дел од машинскиот и извршен персонал денеска е заокружена исплатата на ноемвриската плата и се работи на реализирање на останатите барања.  – Денес остваривме средба со државниот секретар во Министерството за транспорт г-дин Стефан Волкановски во врска со […]

Од денеска повторно железнички сообраќај на делницата Солун – Поликастро – Идомени


Железници на Република Северна Македонија  Транспорт-АД Скопје соопштија дека од Организацијата на грчките железници (OSE) известиле дека од денеска во 19:00 часот, ќе биде повторно воспоставен железничкиот сообраќај на делницата Солун – Поликастро – Идомени. Поради тековните работи на реконструкција на инфраструктурата, во периодот од четврток  (27 февруари) од 18:00 часот до вторник (4 март) […]

„Пари“: Како функционира железничкиот сообраќај – патниците не ѝ дадоа ниту тројка на железницата


Ако во 2018 година сме имале 540.066 патници во железничкиот сообраќај, лани нивниот број е преполовен – превезени се 280.440 патници. Состојбата се пресликува и во реализираните возни километри во патничкиот сообраќај. Пред 5 години биле реализирани речиси 1,3 милиони километри, а лани само 597.000 километри, покажуваат податоците од извештајот на Агенцијата за железнички сообраќај. […]

Анализа на „Пари“: Колку и што се превезува со железничкиот сообраќај?


Во 2023 година биле превезени 817 илјади тони различни стоки преку македонската железница, а тоа е речиси двојно помалку од пред 5 години, кога биле превезени 1.679.000 тони, покажува извештајот на Агенцијата за железничкиот сообраќај, кој треба да го разгледаат пратениците во Собранието. Порталот Пари ги анализираше бројките од кои произлегува дека таа состојба се пресликува и […]

Укината либерализацијата во железничкиот сообраќај, за опозицијата е непотребен чекор


Собранието вечерва изгласа измени на Законот за железнички систем, со кои се укинува обврската на државава за либерализација на железничкиот сообраќај. Министерот за транспорт Александар Николоски образложи дека измените се поради тешката финансиска состојба на МЖ Транспорт и оти во координација со Европската комисија во рамки на Планот за раст е договорено да се тргне […]

Повторно товарен железнички сообраќај Скопје -Гевгелија, патничкиот без преместување на патниците


Заврши санацијата на Железничкиот мост на река Црна во близина на археолошкиот локалитет Стоби и од 14 часот попладне повторно ќе биде во функција товарниот  железнички сообраќај Скопје-Гевгелија, што беше во прекин од средината на ноември поради оштетувања на мостот. Воедно  патничкиот кој се одвиваше и за време на санацијата, а беше комбиниран со воз […]

Законските измени за либерализација на железничкиот сообраќај пред матичната собраниска комисија


Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за железнички систем, по скратена постапка, со кој треба да се овозможи либерализација на железничкиот сообраќај во државава, денеска треба да биде разгледан од матичната собраниска Комисија за транспорт и врски. Во членот 16 од Предлог законот е наведено дека се овозможува јавниот железнички превоз на патници […]

Во прекин железничкиот сообраќај Скопје-Битола, пожарите уништија 1.000 прагови


Сообраќајот на пругата Скопје -Битола – Скопје е во прекин поради тоа што се уништени околу 1.000 прагови на повеќе локации од пожарите во битолско-прилепскиот регион. Од Железници на Република Северна Македонија-Инфраструктура информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот.   – Поради овие причини, сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде […]

Нормализиран железничкиот сообраќај на релација Гевгелија-Скопје


 Железничкиот сообраќај на релација Гевгелија – Скопје кај Градско е нормализиран, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи од Велес.  Сообраќајот беше во прекин поради железничка несреќа во која воз удри во маж кој почина на самото место. На местото на несреќата е извршен увид од екипи на СВР Велес и јавен обвинител.

Димовски: Прекин на железничкиот сообраќај ако не се исплатат материјалните трошоци за февруари


Патничкиот и товарниот железнички сообраќај  од попладне во 15 часот повторно ќе биде запрен поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во Железници на РСМ Транспорт доколку не бидат исплатени материјалните трошоци за февруари, најави Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал и претседател на Синдикатот на машиновозачи на Македонија. Поради неисплатени материјални трошоци […]

Чакаровски: Железничкиот сообраќај од утре во прекин


Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ најавува дека од утре во седум часот ќе го прекине железничкиот сообраќај. Причина за бојкотот на работата, како што вели претставникот на машинскиот персонал Душко Чакаровски, е неисплатениот надомест за материјални трошоци што требале да го добијат заклучно со денеска. Според Чакаровски, бојкотот е согласно Одлуката од ноември […]

Во прекин железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија


Железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија од денеска ќе биде во прекин поради појавени деформации на бетонски мост што се наоѓа помеѓу станица Градско и крстосница Кукуричани. Како што соопштуваат од МЖ Транспорт, прекинот ќе трае до завршување на санацијата на дефектот. Во меѓувреме, возовите кои сообраќаа на релација Скопје-Гевгелија и Гевгелија-Скопје, ќе сообраќаат само до Велес и […]