Во смачканите вагони во Шпанија уште има заробени луѓе. Загинаа најмалку 39 лица


  Најмалку 39 лица загинаа, а 12 се на интензивна нега откако два воза се судрија во јужна Шпанија во неделата вечерта, во она што премиерот Педро Санчез го нарече „ноќ на длабока болка за нашата земја“. Брз воз „Ирјо“, кој сообраќаше од Малага до Мадрид, излета од шините во близина на општината Адамуз во […]

Железничка несреќа во Шпанија: Бројот на загинати се зголеми на најмалку 39 лица, луѓето сè уште се извлекуваат од вагоните


Судир помеѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба во Шпанија, одзеде најмалку 39 животи, а повеќе од 150 лица се со повреди. Трагичната несреќа се случила кога еден од возовите излетал од шините и преминал на соседна пруга. Несреќата се случила околу 19:40 часот кога последните три вагони од возот Ирјо, кој […]

Иконата на грчката железничка трагедија вели дека ќе формира нова партија


  Главниот портпарол на жртвите од најлошата железничка трагедија во Грција објави планови за нова политичка партија за борба против „корупцијата и клиентелизмот“, а анкетите веќе предвидуваат силен почеток. „Граѓанското движење против корупцијата и клиентелизмот се организира и наскоро ќе биде подготвено да го побара гласот на општеството“, изјави Марија Каристијану, која ја загуби својата […]

Грчкиот министер Триандопулос ги отфрла обвинувањата за железничката несреќа и најави оставка


 Актуелниот заменик-министер за цивилна заштита и климатски промени на Грција Христос Триандопулос, кој во периодот кога се случи железничката несреќа кај Темпи беше министер брз ресор, денеска најави дека ќе си поднесе оставка кога биде формирана парламентарната комисија за спроведување прелиминарна истрага, за што доцна синоќа опозициската ПАСОК достави предлог до Парламентот и бара да […]

Железничка несреќа во Египет, загинаа три лица од кои две се деца, има и 49 повредени


Три лица загинаа во вчерашната железничка несреќа во северниот дел на Египет, а 49 се повредени, соопшти Министерството за здравство. Помеѓу загинатите две се деца. Несреќата се случила кога два воза се судриле во провинцијата Шаркија, на околу 80 километри северно од Каиро. Железничка мрежа на Египет, една од најголемите земји во Африка, е застарена […]

Воз удри во автомобил во Србија, три лица загинаа, меѓу нив и две деца


Во Србија се случи тешка железничка несреќа кога воз удри во автомобил при што смртно настрадаа три лица. Како што јави „Блиц“ меѓу загинатите се и две деца, момче на 12 годишна возраст и девојче (14). Сообраќајната несреќа се случила на премин во Лазаревац кога во автомобил ауди“ удрил воз кој сообраќал на линијата Пријепоље […]

Во железничка несреќа во Италија повредени најмалку 17 лица


Најмалку 17 лица се повредени откако синоќа два воза се судрија во близина на италијанскиот град Фаенца. Повеќето се полесно повредени, јави новинската агенција АНСА, повикувајќи се на спасувачлките служби на местото на настанот. Несреќата се случила околу 20 часот и 30 минути на делот од пругата меѓу градовите Болоња и Римини, во северната италијанска […]

Генерален штрајк во Грција поради железничката несреќа


Двата најголеми грчки синдикати на вработените во државниот (АДЕДИ) и на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ), како и синдикатот на Комунистичката партија (ПАМЕ), утрово започнаа 24-часовен генерален штрајк, што ќе ја парализира Грција. Причината, како и на протестите во изминатите две седмици, така и на минатонеделниот штрајк, така и денеска е железничката несреќа со 57 […]

Грција побара совет од ЕУ за подобрување на безбедноста на железницата


Грција побарала совет од Агенцијата за железници на Европската унија (ЕРА) како да ја подобри безбедноста на железницата по несреќата на 28 февруари во која загинаа 57 лица, изјави денеска премиерот Киријакос Мицотакис. Во таа прилика воз со 350 патници, од кои повеќето студенти, се судри со товарен воз во близина на Лариса, во централна […]

Објавени разговорите меѓу шефот на станицата и машиновозачот: Една грешка била фатална


  Грчките медиуми објавија дијалог меѓу машиновозачот на патничкиот воз „Интерсити 62“ и шефот на станицата во Лариса. Како што може да се види од кратките разговори, шефот на станицата го упатил да влезе во колосекот и да го продолжи патувањето од линијата Солун-Атина, каде веќе сообраќал комерцијален воз. Според „Прототема“, машиновозачот не бил изненаден […]

Протести во Атина поради трагичната железничка несреќа, полицијата фрли солзавец


Вечерва на улиците на Атина избувнаа нереди кога голем број граѓани гневни на владата излегоа на улиците. Причина за гневот е што Владата ја приватизираше железничката компанија „Хеленик Треин“ која во моментов оперира со патнички и товарни возови. Полицијата со солзавец се обиде да ги спречи луѓето на улиците. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вечерва изјави […]

Трагична човечка грешка можна причина за железничката несреќа во Грција


Се чини дека драмата се должи, за жал, главно на трагична човечка грешка, рече, меѓу другото, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во неговата изјава по враќањето од местото на железничката несреќа во која животот го загубија 38 лица. – Во болницата во Лариса се сретнав со роднините на жртвите и исчезнатите. Низ нивната неискажлива болка, со […]

Грчки новинар: Причина за несреќата е системска грешка на која се предупредува со години


Главниот уредник на Комотини прес, НИколаос Арванитес за Н1 вели дека според неговите информации причина за денешната железниќка несреќа е системска грешка во упавување со сигнализацијата. Додава дека наведениот проблем постои неколку години. „Официјалната причина е човечка грешка, но тоа се случи затоа што ништо не е направено на системот досега. Морам да кажам дека […]

„Кошмарни десет секунди“: Преживеаните раскажуваат за ужасната несреќа во Грција


  Преживеаните раскажуваат за „кошмарни 10 секунди“ кога нивниот вагон се превртел и бил зафатен од пламен во несреќа во централна Грција. Најмалку 40 лица загинаа, а десетици други се повредени во директен судир на два воза во близина на градот Лариса во вторникот вечерта. Предните вагони на патничкиот воз беа главно уништени. „Слушнавме голем […]

Катастрофален судар на возови во Грција, најмалку 36 загинати и 66 повредени


  Најмалку 36 лица го загубија животот, а 66 се повредени во железничката несреќа што се случи кусо пред полноќ во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, кога од засега непознати причини се судрија товарен и патнички воз. Спасувачките екипи цела ноќ беа на терен, нивната акција продолжува и утрово, а според официјалните […]

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска


Утринава околу 9:30 часот патнички воз удрил во автомобил во градот Болфан, на железничкиот патен премин, јавуваат хрватските медиуми. Според информациите, двајца сопатници од автомобилот, 27-годишна жена и четиригодишно момче, загинаа. Во Општата болница Копривница се пренесени уште двајца патници. Информациите се дека во болница биле пренесени 28-годишен возач и четиригодишно девојче, кои лекарите ги […]

Најмалку три лица загинаа во железничка несреќа во САД


Три лица загинаа, а десетици се повредени откако воз излета од шините и удри во камион на необележан железнички премин во американската сојузна држава Мисури. Двајца од загинатите биле во возот, а еден во камионот. При  несреќата осум вагони излетале од шините. Сè уште не се знае точно колку луѓе се повредени, но болниците соопштија дека примиле повеќе од 50 пациенти. […]

Најмалку 17 загинати во железничката несреќа во Иран


Најмалку 17 лица загинаа во железничка несреќа во Иран, а повеќе десетици се повредени, соопшти денеска иранската агенција ИСНА, цитирајќи ја организацијата Црвена полумесечина. -Седумнаесет лица загинаа, а 37 се повредени во болница, изјави портпаролот на итната служба Мохтаба Каледи за државната телевизија Ириб. „Бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи повеќето од повредените […]

Повредени две лица во железничка несреќа кај Демир Капија


Како што наведуваат од МВР, вчера околу 18 часот било пријавено дека на потегот од стојалиштето Дуброво и железничката станица Демир Капија, на отворена пруга, при дефект на товарен воз дошло до железничка несреќа. „Со намера возот да се отстрани од пругата, дошло до железничка незгода, односно од непозната причина машината удрила во другата машина […]

Патнички воз прегази жител на Миравци


Шеесет и четиригодишен жител на гевгелиското Миравци загина во несреќа што се случи на влезот од железничката станица во селото. Според полицијата, вчера околу 11.55 часот, возот што сообраќал од Гевгелија кон Миравци удрил во С.Г. (64), кој починал на самото место. По увидот, телото е предадено за обдукција.