Превртеле 30 тонски трансформатори и украле бакар од електровлечната потстаница на железницата во Драчево
Во електровлечната потстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е предизвикано целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура, соопшти Министерството за транспорт и врски. При кражбата биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. […]