ОЈО Скопје ги испитува наводите на Жан Митрев за притисоци да ги продаде сопственичките удели во неговата клиника


 Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека постапува по предмет оформен по допрен глас од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, откако доктор Жан Митрев јавно изнесе тврдења дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство вршеле притисок врз него за продавање на сопственичките удели во Клиниката „Жан Митрев“ – Скопје. Предметот кој го води скопското […]

Седум пациенти чекаат трансфер во странство од „Жан Митрев“


Клиниката „Жан Митрев“ соопшти дека кај нив се згижени седум пациенти повредеи вои трагедијата во Кочани, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани. – Во овие критични моменти, Клиниката „Жан Митрев“ е целосно посветена на обезбедување итна и најквалитетна медицинска грижа за сите погодени од несреќата. Нашиот медицински тим вложува максимални напори […]

Во Кривичен продолжи судењето за Жан Митрев


Со испитување на сведок на предлог на Јавното обвинителство во Основен Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за Жан Митрев. Предметот се однесува на измама, односно, како што соопшти своевремено ЈО, прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со […]

Петличковски и Стевановиќ сведочеа во случајот „Жан Митрев“, судењето продолжува на 1 април


 Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против Жан Митрев каде сведочеа претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски и поранешната директорка на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ. Петличковски посочи дека Комисијата за заразни болести во ниту еден момент не дала препорака за примена на хемофилтрацијата како рутински метод за лекување на […]

Судењето против Жан Митрев започна од почеток


Поради истек на 90 дена од последното одржано рочиште судењето против Жан Митрев денеска започна одново. По формалното отпочнување и воведните зборови Судот донесе решение процесот да продолжи на 15 ноември со испитување на сведоци на предлог на обвинителството. Предметот е оформен по допрен глас, откако минатата година се објави документарец во кој се тврди […]

За Левица продажбата на „Жан Митрев клиниката“ е сомнителна, зад неа стоел албански олигарх


Политичката партија Левица денеска преку соопштение до медиумите тврди дека зад најавената продажба на клиниката Жан Митрев на холандски фонд, всушност се затскрива албански олигарх. „Податоците од холандскиот Трговски регистар покажуваат дека зад оваа сомнителна зделка стои Клодијан Алајбеу, албански олигарх со низа коруптивни скандали во Албанија, Косово, но и во африканскиот континент“, тврди Левица. Со […]

Со сведочење на оштетени во Кривичен продолжи судењето против „Жан Митрев“


 Со изведување на доказите од обвинителството, односно сведочење на оштетените, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против Жан Митрев. Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот […]

Судот не дозволи одложување на судењето за Жан Митрев по документарецот на ИРЛ


 Со воведен збор на обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето против Жан Митрев, обвинет за „измама“. Одбраната на Жан Митрев и на денешното рочиште побара одложување на судењето поради тоа што, според нив, од листата на докази на Јавниот обвинител недостасуваат 48 медицински досиеја за пациенти. Јавната обвинителка, Искра Хаџи Василева, во […]

Ослободителна пресуда за Жан Митрев по обвинението од МАЛМЕД


Основниот кривичен суд ги ослободи Клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев од обвинението дека во МАЛМЕД не пријавиле отпочнување со клиничко испитување на медицински средства за хемофилтрација. Обвиненијата на МАЛМЕД во однос на наводите за прекршоци во работата на Клиниката „Жан Митрев“ се покажаа како неосновани. Во пресудата се потенцира дека нема докази […]

Апелација ја одби жалбата на Жан Митрев


Апелациониот суд Скопје донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Жан Митрев и обвинетото правно лице ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев од Скопје, и го потврди предлогот за определување на привремени мерки за обезбедување на имотно-правно побарување на Основното јавно обвинителство Скопје спрема обвинетиот и обвинетото правно лице. – Советот на […]

Одложено судењето за Жан Митрев – оштетените и пред судот ја бараат правдата


Судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница повторно се одложи за 12 мај. На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје беше присутен Жан Митрев со неговите бранители, додека пред судската зграда беа собрани десетина оштетени граѓани, кои држеа транспаренти „Профитер на грбот на болните” и „Бараме правда”. Причина за повторното одложување на […]

Одложено рочиштето – д-р Митрев: Верувам во институциите на државата и ќе ја докажам вистината


Поради потребата од докомплетирање на правниот тим на одбраната се одложи денешното рочиште. Д-р Жан Митрев беше присутен во судот при што изјави: – Сѐ што очекуваме е фер судење, а заедно со адвокатскиот тим ќе ја докажеме вистината – рече Митрев. Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како […]

Жан Митрев бара странските амбасади активно да го следат процесот на ОЈО против него


 Жан Митрев и Клиничката болница „Жан Митрев“ испратиле писмо до амбасадите на САД, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и до Делегацијата на ЕУ во земјава со кое ги информираат за текот на истрагата на Основното јавно обвинителство во случајот против нив, повикувајќи ги внимателно да ја следата целата истражна постапка. – Ви се обраќам со […]

ОЈО утре ќе информира за случајот за Жан Митрев


 Основното јавно обвинителство утре на средба со новинарите ќе информира за текот на постапувањето по предметот за сопственикот на клиниката „Жан Митрев“, доктор Жан Митрев, во врска со сомневањата за измама на пациенти, што беше отворен по документарецот што го објави ИРЛ, според кој, во клиниката бил злоупотребен метод за лекување хемофилтрација во текот на […]

Истражната постапка за сторена измама во болницата „Жан Митрев“ се очекува да заврши во следните два – три месеци


 Истражната постапка за сторена измама во болницата Жан Митрев во ОЈО Скопје е во тек и се прибираат материјални докази – сослушување на оштетени и измамени лица и се очекува да заврши во следните два – три месеци. Како што информираат на денешниот брифинг во ОЈО Скопје, досега се сослушани околу 80 проценти од лицата […]

Жан Митрев дал милион евра за да не оди во притвор


Со гаранција од милион евра Жан Митрев ќе се брани од слобода откако се појави како осомничен во истрагата која неодамна ја отвори скопското обвинителство за процедурите на лечење во неговата болница. Претходно на докторот му беше одземен и пасошот, по барање на обвинителството, а поради опасност од бегство. Пред два месеци од обвинителството информираа […]

ОЈО бара одземање на пасошот на д-р Жан Митрев


 По утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, во […]

Клиника „Жан Митрев“: Целосно соработуваме со институциите


Од Клиниката „Жан Митрев“ денеска соопштија дека целосно соработуваат со институциите и дека д-р Жан Митрев по уредна покана на ОЈО денеска бил таму и дал своја изјава. „Клиника Жан Митрев и сега и понатаму целосно соработува со институциите за кои и да било случај. Ние како Клиника досега, а и понатаму работиме целосно транспарентно […]

ДКСК: Препорака да се подобри Законот за здравствена заштита што ќе овозможи сите установи да имаат лиценца за работа


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница одлучи да даде препорака до Министерството за здравство за подобрување на текстот на Законот за здравствена заштита со што ќе се овозможи здравствените установи да имаат лиценца за работа, но и до Фондот за здравствено осигурување да се зајакнат редовните контроли. Ова доаѓа по предметот […]

Сали: Од „Жан Митрев“ добивме 560 досиеја за пациенти кои биле третирани со хемофилтрација, потребно е време за анализа


Ние добивме материјали од „Жан Митрев“, беа кооперативни и ни ги доставија сите побарани материјали. Се работи за 560 ковид-пациенти кои биле третирани со хемофилтрација. Ќе ни треба време за анализа на тие 560 досиеја коишто се обемни. Да бидеме реални 560 предмети ќе ни одземат доволно време за ние на јавноста на крај да […]