Повторно отворени сите свети места во Стариот град на Ерусалим


 Џамијата Ал-Акса, која беше затворена од почетокот на војната со Иран, утринава беше повторно отворена за рана молитва, објави јорданскиот верски орган кој управува со комплексот во Стариот град на Ерусалим. Полицијата во Ерусалим вчера објави дека од утрово ќе ги укине ограничувањата на сите свети места во Стариот град, откако беше постигнат договор за […]

Трамп веројатно ќе го посети Ерусалим в недела


Американскиот претседател Доналд Трамп веројатно ќе го посети Ерусалим в недела, соопшти израелското претседателство. Денеска беше објавено дека израелскиот претседател Исак Херцог ги откажал своите планови за тој ден, со оглед на очекуваната посета на Трамп, и покрај недостатокот на официјална изјава од Белата куќа. Во меѓувреме, израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар објави […]

Иран испали нова серија ракети кон Израел, сирени се огласија во Тел Авив, Ерусалим и други градови


Сирени за тревога се огласија во неколку градови во централен Израел, вклучувајќи ги Тел Авив, Холон и Петах Тиква, откако израелската војска (ИДФ) соопшти дека ракети биле испукани од Иран кон израелска територија. „Пред кратко време, сирени се огласија во неколку области низ Израел откако беше идентификувано дека ракетите биле испукани од Иран“, соопшти ИДФ. […]

Голем пожар беснее околу Ерусалим, меѓу повредените има и бебиња


Голем пожар избувна во пошумена област помеѓу Ештаол и Латрун на периферијата на Ерусалим во Израел, а бројни служби за итни случаи се на терен обидувајќи се да го изгаснат. Автопатите што ги поврзуваат Тел Авив и Ерусалим се затворени, а во тек е евакуација за расчистување на погодените подрачја. מנכ"ל מד"א לחדשות 12: "רמת […]

Благодатниот оган и на оваа Велика сабота се појави во храмот на Христовото Воскресение во Ерусалим


Во храмот на Христовото Воскресение во Ерусалим и денеска се појави Благодатниот оган, едно од чудата во православието што секоја година се случува на Велика сабота пред Воскресението Христово – Велигден. Вообичаено во Црквата на Светиот гроб и во нејзина близина во Ерусалим на овој ден се собираат илјадници православни верници, кои по слегувањето на […]

Драма во Ерусалим: Избоден полицаец


Турски државјанин денеска во Ерусалим избодел израелски граничен полицаец, по што полицајците го убиле на лице место, соопшти израелската полиција. „Терорист вооружен со нож пристигна во Стариот град на Ерусалим, нападна граничен полицаец и го избоде“, се вели во соопштението на полицијата. Ранетиот полицаец и уште еден полицаец на местото на настанот се степале и […]

Бела куќа: Израел мора да им обезбеди на муслиманите пристап до Ѕидот на плачот во текот на Рамазан


Портпаролот на Белата куќа, Метју Милер, го повика Израел да им го олесни пристапот на муслиманските верници до Ѕидот на плачот во Ерусалим за време на Рамазан. -Не само што е вистинската работа, не е само прашање да им се даде на луѓето верската слобода што ја заслужуваат, на која имаат право, туку тоа е […]

(Видео) Тројца Палестинци пукаа на автопат во Израел – убија еден, а ранија осум Израелци


Израелската полиција соопшти дека еден Израелец е убиен, а осум се ранети, од кои тројца потешко, во пукотница на автопатот 1 кај Мале Адумим во централниот дел на земјата. – Вооружени цивили убиле тројца терористи на лице место – соопшти полицијата. Jerusalem Post јавува дека според првичните информации терористите го искористиле сообраќајниот метеж на автопатот. […]

Терористички напад во Ерусалим, двајца напаѓачи и двајца цивили убиени, осуммина повредени


Две лица се убиени, а осуммина ранети во напад со огнено оружје на влезот во Ерусалим, соопшти израелската полиција. Една жена загина на местото на нападот, а повозрасен маж им подлегнал на повредите на пат кон болница. „Двајца терористи кои пристигнаа на местото на настанот со возило вооружено со оружје пукаа кон цивили на автобуска […]

Во Ерусалим масовен митинг за поддршка на судските реформи


Десетици илјади Израелци се собраа вчера во Ерусалим за поддршка на контроверзната судска реформа на екстремно десничарската коалициска влада со која се одземаат многу овластувања од највисокиот суд во земјата. Со оглед на редовните масовни протести на оние кои се против најавената реформа, израелското општество стана поларизирано, при што поддржувачите на најавените промени веруваат дека […]

Благодатниот оган директно од Ерусалим пристигна во Скопје


На Меѓународниот аеродром Скопје вечерва беше пречекана државната и црковната делегација која за првпат директно од Ерусалим го донесе Благодатниот оган. На церемонијата во базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим присуствуваа голем број делегации од држави од светот, меѓу коишто, рамноправно беше и македонската државна и црковна делегација во чиј состав беа […]

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб


Државна и црковна делегација од Република Северна Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски, утре ќе […]

Ерусалим: „Јаболко на раздорот“ старо 3.000 години


  Насилството што ескалира во последните денови во регионот е последната епизода во долгата и крвава историја на конфликти. Ерусалим, како место каде што се мешаат народи и религии, е населен со луѓе од трите религии кои потекнуваат од Авраам. Ерусалим за Евреите, Ал-Кудс за муслиманите, Ерусалим за христијаните. Свето место за сите. Соживотот на […]

Во Ерусалим уапсена жена која прошета во костим за капење пред Ѕидот на плачот


Израелската полиција вчера уапси 35-годишна жена, кој прошета во костим за капење пред Ѕидот на плачот во Ерусалим. Жената се соблече во зелен дводелен костим за капење во знак на протест против предлог-законот, со кој секој што ќе се појави пред Ѕидот на плачот во „нескромна облека“ ќе биде и казнет со шестмесечна затворска казна. […]

(Видео) Терористички напад во Ерусалим, најмалку седум мртви


Најмалку седум лица загинаа во терористички напад вечерва во населбата Неве Јаков во Ерусалим, додека уште 10 се повредени. BREAKING: Terror attack in the #Jerusalem neighborhood of #NeveYaakov. Terrorist entered crowded Synagogue during Friday evening Services & opened fire. 7 people killed, many injured. Horrible! May the injured have complete recoveries. pic.twitter.com/7VHWhxA5Tr — Daniel Kraus […]

Една жртва во денешните експлозии во Ерусалим


 Едно лице загина во експлозиите утринава на автобуски постојки во близина на два влеза во Ерусалим, наведува ДПА, додавајќи дека најмалку 18 лица се здобиле се повреди. Израелското воено радио извести дека експлозиите биле предизвикани од експлозивна направа. Претходно, палестински извори објавија дека во Наблус на Западниот Брег, застрелан е 16-годишен Палестинец. Изутринава имаше информации […]

Велигденска миса во базиликата во Ерусалим


Израел – Христијани од целиот свет дојдоа на велигденската миса во ерусалимската базилика на Светиот гроб, која се смета за најсвето место во христијанството. Ерусалимскиот архиепископ Пјербатиста Пицабала утрово ја предводеше велигденската миса. Во својата проповед, Пицабала ги потсети верниците на „сите ситуации на смрт што не опкружуваат“. „Да размислиме за ужасните услови во кои се […]

Неколку повредени во судирите на Ридот на храмот во Ерусалим


Израел– Неколку Палестинци се повредени во судирите што избија денеска меѓу безбедносните сили и Палестинците на Ридот на храмот во Ерусалим, соопшти израелската полиција. Стотици млади Палестинци на Ридот на храмот изградија бариери од железни шипки и камења за да спречат пристап до светилиштето. Ридот на храмот е третото најсвето место во исламот. Сепак, тоа […]

Судири избувнаа на светото место во Ерусалим, повредени 152 Палестинци


  Палестинците се судрија со израелската полиција во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим пред зори во петокот, додека илјадници се собраа на молитва за време на светиот месец Рамазан. Лекарите соопштија дека најмалку 152 Палестинци биле ранети. Светото место, кое е свето за Евреите и муслиманите, често беше епицентар на израелско-палестинските немири, а […]

Зеленски: Ерусалим е вистинското место за преговори


Украинскиот претседател Володимир Зеленски навести дека преговорите на високо ниво меѓу Москва и Киев може да се одржат во Ерусалим. Зеленски во видео обраќање до граѓаните ги пофали напорите на израелскиот премиер Нафтали Бенет да ја преземе улогата на посредник. Тој изјави дека Израел вложува многу напори за организирање мировни преговори меѓу Русија и Украина. […]