Кога ќе почнете да месите зелник?


Со нетрпение ја очекувам ексклузивната телевизиска најава кога премиерот, претседателот на државата, министрите и партискиот пропаганден врв на власта во раните утрински часови, опашани со кецели и со тавата во раце, ќе вртат палачинки и ќе месат зелник. Таков спектакуларен директен ТВ пренос не смеам да пропуштам. Тоа ќе биде многу позабавно од наездата за големите успеси […]

Не ја оправдавме независноста на Македонија


На 8 септември, в недела, во Македонија ќе се одбележува 33 години од независноста. Веќе ги гледам како и секоја година познатите слики и снимки од прославата на скопскиот плоштад, по референдумското изјаснување 1991 година. Наздравување со шампањско, честитки до граѓаните од првиот претседател на државата Киро Глигоров и од првиот премиер Никола Кљусев. Се […]

Катастрофален старт на власта


Ако денот се познава по утрото и по првите чекори на владата и големите очекувања за промени кон подобро гаснат уште пред да се навршат стоте „толерантни“ денови. Конституирањето на Собранието почна со молитва која не ја услиши Господ, ниту граѓаните оти е искажана не само на погрешно место – во највисокиот законодавен дом кој не […]

Македонија гори, Мицкоски се чешла


Убавите шуми убаво горат. Македонија гори цели два месеца, а премиерот Мицкоски се чешла. Молбите Господ да пушти дожд нешто помогнаа, останатото си гори додека не догори. Досега имало 667 поголеми и помали пожари кои направиле прав и пепел на стотици илјади хектари. Главниот известувач Стојанче Ангелов уредно, секојдневно, по повеќе пати ја информира јавноста […]

За едно време кога имавме и иднина


Последните години од животот Блаже Конески често навраќаше во Клубот на пратениците на партија преферанс, или на средба со своите пријатели. Во длабоко сеќавање ми остана една случка на која бев сведок и која соочувајќи се секојдневно и со нашата реалност, секогаш кога станува збор за иднината на Македонија, ми предизвикува јанsи од едно претчувство […]

Каде оди и каде нѐ води Мицкоски


Секогаш кога новата власт ќе направи грешка или ќе се соочи со сериозен проблем, кои се случуваат секој ден во кусото владеење со катастрофален старт, премиерот Христијан Мицкоски ќе фрли една медиумска бомба да го одвлече вниманието на друга страна. Што поголема грешка, толку поголема лажна експлозија. Последниот обид да се прикријат катастрофалните потези на владата […]

Бугарка во владата, како жена на гусарски кораб


Каква голема трагедија нѐ снајде, откриена е Бугарка во македонска влада. Да имаше такво сензационално откритие само пред два месеци во „предавничката“ влада ќе беше многу полошо од жена на гусарски кораб. Се случи баш сега страшна одмазда на историјата и тоа како фарса. На македонскиот патриотизам, гордост и достоинство му е зададен удар од […]

Премиерот Мицкоски ги засука ракавите


Премиерот Христијан Мицкоски ги засукал добро ракавите и орен е за работа со својот тим да го спасува болниот на Балканот, кој како што лично дијагностицирал, е на смртна постела и само што не умрел. Верувам дека тој како и сите пред него, верува во тоа што го ветува и го приложува како програма за […]

Аирлија и со среќа нова влада


По седум години горчлив опозициски леб, ВМРО-ДПМНЕ повторно е на власт и ја презема одговорноста за вкупните состојби во државата. Да не беа некои лупинзи по големата изборна победа, искажани по инерција на опозициско дејствување уште пред да се конституира владата, веројатно ќе имаа право првите сто дена на мала поштеда да работат поспокојно, иако […]

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ градат консензус – колку тоа убаво звучи


Со голема љубопитност и внимание ги чекав реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери, особено на „Вреди“ за големото изненадување на наивните поради, да не речам, обнова на старото партнерство, туку постигнување на заеднички став со ДУИ за важни државни прашања, како што е зголемувањето на бројот на министерствата и на министрите и на државната администрација. Ќе има […]

Ќе понуди ли Мицкоски кралство за коњ?


Додека траат подготовките за формирање на новата влада, последните резерви на патриотското погонско гориво на ВМРО-ДПМНЕ се потрошени. Соочен со новата реалност, тоа најдобро го знае Христијан Мицкоски. Знаеше и пред тоа дека по изборите завршува тој адреналин што го предизвикува патриотскиот вознес, било да се работи за односите со Бугарија и Грција, било за […]

Ви помина ли гордоста?


Ете, толку траат гордоста и достоинството што ја вратија Македонија повторно да биде твоја. По големата изборна победа, не помина ниту еден месец, а веќе почнаа деновите на отрезнување и болно соочување со реалноста. И кај претседателот на државата Гордана Сиљановска-Давкова и кај победниците што ја делат власта и кај идниот премиер Христијан Мицкоски во полн […]

Вестите мора да почнат со успесите на владата


Би било фер на новата влада да ѝ се даде малку време да се конституира и да се остави 100 дена спокојно да работи без пожестоки критики на првите чекори на власта. Сакав да го применам тоа заборавено непишано правило, иако овој принцип во Македонија никогаш не е почитуван, додуша одамна застарен, не се применува […]

Изборите неодржани, а власта се дели како на пазар


По големата победа од првиот круг на претседателските избори за победниците завршија и парламентарните избори пред да се одржат. Велат, готово е. Почна на големо лицитацијата за поделба на власта како на пазар, онака од око, или како што се вели на ѓутуре. Фрчат фактури од сите страни за наплата на својот дел од „твоја Македонија“ како да е […]

Што ни откри Мицкоски на ТВ дуелот?


 Има една убава работа и за навивачите и за учесниците на предизборните тв дуели – двете страни експресно прогласуваат победа. Комуникациските експерти, пак, тврдат дека ваквите соочувања немаат големо влијание кај гласачите за да бидат пресудни за изборниот резултат, но се смета дека е значајана демократска придобивка која кај нас не се практикува на сите […]

Мицкоски ќе нѐ качува на платформа


Со воодушевување ги прочитав клучните проекти од списокот на желби на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мистично насловени како „Платформа 1198“. Во наредните четири години нѐ очекуваат големи достигнувања и успеси, саде убавини и остварени соништа за подобар, побогат, побезбеден и подостоинствен живот. Се разбира, тоа може да се случи единствено по големата изборна победа што веќе е извојувана […]

Трагедијата на изманипулираната нација


Многу се поинтересни и посодржајни секојдневните, да ги наречам, кафе муабети, без микрофони и камери, за политиката, за состојбите во Македонија, за прогнозите кој ќе победи на изборите, кој ќе биде претседател на државата, а кој премиер, отколку надвикувањата со лошо глумење на некаква загриженост и лутина на бројните целодневни и целовечерни телевизиски дебати. Во […]

Го препознавте ли вистинскиот патриот


Во деновите на зимска пролет на ридот што ги дели Гази Баба, Бутел и Чаир на прекрасната голема полјана го сретнав мојот комшија како во кеси го собира ѓубрето што зад себе го оставиле некои несовесни „љубители“ на природата. Му велам на шега, си станал вистински патриот. Не, рече, патриотите вчера си направија убав викенд, […]

За лажната дилема Албанец претседател и премиер


Како се одвиваат работите со предизборните пропаганди и кампањи веќе нема сомневање дека и на овие претседателски и парламентарни избори ќе преовладеат обидите да се наметне меѓуетнички конфликт меѓу Македонците и Албанците. Едните ги плашат дека како мнозински народ се понижени и сведени на граѓани од втор ред, а другите дека ништо не е остварено од ветувањата […]

Влегуваме во опасна предизборна кампања


Македонија влетува во кулминација на опасна, валкана и подмолна предизборна кампања. Војната за освојување на власта секој нареден ден до изборите поприма сѐ подраматични димензии на сите фронтови. Ако во текот на изминатите три децении независност на сите избори бевме жртви и сведоци на меѓуетнички конфликтни пропаганди полни со омраза кои не завршија со крајот на […]