Мицкоски распали по Уставниот суд


Толку многу е осилен премиерот Христијан Мицкоски што си дозволува јавен, брутален, клеветнички и срамен напад врз уставните судии. Ваква ароганција од позиција на моќ и сила да се  жигосуваат уставни судии кои си ја работат својата работа за која се избрани и платени да го бранат конститутивниот закон на државата, да ја бранат мајката […]

Епидемија на брбливост во власта


Логореа на македонски би можело да се преведе со брбливост, или дрдорење. Тоа е лесно душевно заболување кога непрестано се зборува, зборува и зборува. На скопски жаргон така се вели кога некој ломоти и меле како воденица, или кога ќе се каже чука празна слама. Некои тоа го викаат паламудење. Во врвот на ВМРО-ДПМНЕ и […]

Славенички салви за поразите и неостварените надежи


Ги слушам топовските салви како одекнуваат од скопското Кале спроти 34-годишнината од независноста на Македонија. Сѐ е исто како и лани, како и сите овие изминати години. Се слават големите успеси без да се набројат, оти малку што има да се брои. Се поделија наградите за заслуги, повторно по којзнае кој пат гледавме здодевни свечени […]

Македонија по четири години


Премиерот Христијан Мицкоски по повеќе од една година на најодговорната функција сѐ уште не се изјасни пред јавноста каде ја гледа Македонија по четири години од неговиот мандат. Се разбира, ако има проценки, што ќе се  случува во светот, во Европа и на Балканот. Не прашувам после 20 или 50 години, тоа е прашање за […]

Како да ги препознаете лагите


Постојат многу едноставни начини како да ги препознаете лагите на политичарите. Исто како и измамите на разни надрилекари кои хараат на социјалните мрежи нудејќи лек за сите болести и страдања. Требаше тие што преживеаја досега, после три ипол децении „демократија“, години на слободно лажење и пропаганди, ова да го научат добро, ама ете  успеваат постојано […]

Лажните ветувања на лажните патриоти


Кој за што, Македонија за избори. Безмалку секоја година имаме избори. Освојувањето на власта е најважната работа. Велат скапа работа, ама нема подобро решение во парламентарната демократија, ако таа постои. Така се одредува иднината на државата. Без разлика дали се работи за комунални, парламентарни, претседателски избори лажните ветувања се исти, поедноставно кажано, што повеќе нѐ […]

Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме


Премиерот Христијан Мицкоски вози со „пета и шеста“ брзина во изградба на инфраструктурата. Ја „откочил заглавената кола“ како што вели, од претходните влади и сега преку ноќ никнуваат километри автостради и брзи пруги, гасоводи, мостови и тунели, вијадукти. Се поместуваат планини и долини. Сѐ она што се проектирало пред децении и се гради повеќе од […]

Зошто се извини Мицкоски?


Кога нашиот премиер Христијан Мицкоски размислува секогаш паѓаат генијални идеи. Кога, пак, претскажува големи потфати без да размислува, тие се уште подобри, би рекол ингениозни и историски кои остануваат во колективното памтење. За неки негови визии за иднината на Македонија тешко е простосмртен човек со скромен умствен капацитет да одреди дали се само еднодневно генијални, […]

Моралната одговорност не се мери на избори


Премиерот Христијан Мицкоски многу добро ја знае разликата меѓу политичка, морална и кривична одговорност. Како лидер на опозицијата илјадници пати јавно побарал оставки и одговорност за „велепредавствата на државните и национални интереси“, за корупција и организиран криминал, за трагедии кои се случиле за време на претходната власт. Денес кога од него се бара оставка Мицкоски […]

Ги доби ли премиерот двете илјадарки да купи 62 свеќи


Транспарентната влада не објави информација дали премиерот Христијан Мицкоски ги добил двете илјадарки што му ги остави на улица таткото на загинатиот музичар во трагедијата во Кочани. Парите беа наменети да купи 62 свеќи и да оддаде почит на сите што го загубија животот во кочанскиот крематориум. Порaката не беше ни политичка, ниту партиска, а […]

Македонија најбогата на Балканот


Треба да се упатат јавни честитки на премиерот Христијан Мицкоски и неговата десна рака Александар Николоски, со должно извинување за критиките, бидејќи Македонија навистина ќе биде  најбогата на Балканот, како што ни вети премиерот со радосната вест директно од Америка од првиот ред на приврзениците на американскиот претседател Доналд Трамп. По скромната милијарда на унгарскиот […]

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски


Ќе престанат ли премиерот Мицкоски и владините министри конечно со лагите дека врвен државен интерес е членството на Македонија во Европската унија и дека и натаму евроинтеграцијата останува најголемата и цел на оваа власт. Нивната највисока  определба е партискиот интерес, а тоа е да победат на локалните избори и да освојат апсолутна власт и да […]

Без морални оставки нема правда за трагедијата во Кочани


Без привремена непартиска експертска влада не е можна непристрасна истрага и конечна правда за виновниците кои ја предизвикаа и кои не ја спречија трагедијата во Кочани. За тоа да се случи неопходни се две  морални оставки и една во заштита на правосудниот систем. Прво, на премиерот Христијан Мицкоски, на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, […]

Влеговме во ерата на „мицковизмот“


Кога пратеник на седница на Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски врз која основа јавно се заканува дека „ќе ги влече за уши“ обвинетите за криминал, Мицкоски му довикна – „според мој закон“. Нашиот крал Сонце ги достигна царските височини кога во парламентот ги  извика овие три збора. Премиере, недостасуваше да замените само еден збор, […]

Кога мажите плачат во Кочани


Секогаш кога одам во мојот роден град нешто ми затреперува во срцето. Ме обзема некоја топлина, некое необјасниво чувство на возбуда, цела галерија на слики од најраното детство. Во Кочани ги паметам сите ридови и долови, камењата и ѓоловите во реката, која некогаш беше поголемка од сегашното поточе што тече низ градот. Добро се сеќавам […]

Новото нормално стана ненормално


Секој ден ги гледаме лошите и трагични последици од лажните ветувања на лажните патриоти. Илузијата на власта од „новото нормално“ стана неподносливо ненормално иако сѐ уште прилично немо и исплашено јавноста молчи за институционалниот хаос во државата. Ветија повисоки демократски дострели, остварија неограничена моќ и уривање на уставниот поредок. Се заколнаа на Уставот, а го […]

Пријател и непријател со Америка


Во светските медиуми од многу агли „за“ и „против“ се анализира говорот во Европскиот парламент на познатиот економист Џефри Сакс на најактуелната тема во светот „Геополитика на мирот“ посветена на војната во Украина. Не навлегувајќи во разните аспекти на говорот за кој се искажуваат спротивставени  мислења – од импозантен, до проблематичен – вниманието ми го […]

Си игра ли Мицкоски американско-руски рулет


Можат претседателите на најмоќните светски велесили, Доналд Трамп и Владимир Путин, да ја кројат светската и европската мапа како што сакаат, штом на пристојна одалеченост внимателно со воздржаност им е на припомош и кинескиот претседател Ши Џинпинг. Можат да склучат мир по нивна мерка кој до каде ќе се протега. Им се може  да прогласуваат […]

Доста плачете, донесете решенија


Дали Македонија сака да биде членка на ЕУ е сосема непотребно прашање ако се земат предвид стотици досегашни анкети на јавното мислење направени во изминатите  години, повеќе од три децении. Граѓаните на Македонија дури во поголем процент од повеќето земји членки на Унијата постојано, со мали осцилации од неколку проценти,  се определени за припадност на […]

За што е загрижен премиерот Мицкоски


Во македонскиот јазик кога ќе кажете – гајле ми е, или – не ми гајле, тоа е едно те исто. Има подеднакво значење. Кога премиерот Христијан Мицкоски ќе каже јасно и гласно дека не е многу  загрижен што светски компании најавуваат дека ќе си заминат од Македонија, или ќе отпуштат 500,  или повеќе илјади работници, […]