Ердоган: Крим треба да ѝ биде вратен на Украина


Крим треба да и биде вратен на Украина, изјави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во видеопораката испратена до учесниците на Втората средба на иницијативата „Кримска платформа“. – Ние не ја признаваме анексија од Русија. Тоа е принципиелен став, кој има не само правна, туку и морална основа. Враќањето на Крим на Украина е исто […]

Ердоган: Турција работи на воспоставување стабилност и просперитет на Балканот


Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја работи на воспоставување стабилност и просперитет на Балканот. -Работиме на воспоставување стабилност, соработка и просперитет на Балканот, со кој имаме длабоки врски, рече турскиот претседател на отворањето на 13. конференција на амбасадори во Анкара. Како што пренесува „Анадолија“, Ердоган истакнал дека Турција го обезбедила спроведувањето […]

Ердоган: Турција ќе го плаќа рускиот гас во рубли


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска, по враќањето од Сочи, изјави дека Турција ќе го плаќа рускиот гас во рубли. – Позитивен аспект од нашата посета на Сочи е договорот со господинот (рускиот претседател Владимир) Путин за плаќање во рубли, изјави Ердоган на новинарите по враќањето од Сочи каде што се сретна со Путин. Двајцата […]

Путин и Ердоган ќе се сретнат следниот месец во Сочи


Рускиот претседател Владимир Путин на 5 август ќе се сретне со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во црноморското одморалиште Сочи, соопшти портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. Двајцата лидери ќе разговараат за регионалните проблеми и билатералните односи, јавија руските медиуми. Ердоган одигра клучна улога во посредувањето во договорот потпишан од Русија и Украина во Истанбул минатата недела, […]

(Видео) Па, каде си? Погледнете како Путин го чека Ердоган


Владимир Путин го чекаше својот турски колега пред новинарите речиси цела минута и делуваше прилично нервозно. Тој отиде до малата маса и ги прекрсти рацете, подготвен да го пречека својот турски колега. Но, Реџеп Таип Ердоган не дојде веднаш. Ова не му се допадна на Владимир Путин. Додека чекаше, пред камерите се прфлаше од нога […]

Ердоган, Раиси и Путин денеска се среќаваат во Техеран


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган замина за Техеран каде денеска ќе учествува на состанок за Сирија со рускиот и иранскиот колега Владимир Путин и Ебрахим Раиси. Како што пренесуваат турските медиуми, секоја посета на главниот град на Иран е важна. Но, овојпат, имајќи ја предвид активноста на процесите во регионот, може да се каже дека […]

Ердоган: Повикуваме на нови напори за ставање крај на војната во Украина


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повика на интензивирање на напорите за ставање крај на војната во Украина, додавајќи дека „нема губитници“ во праведен мир. Ердоган рече дека Турција се обидува да води „урамнотежена политика“ поради нејзината голема зависност од рускиот увоз на енергија. Турција ја снабдува Украина со вооружени дронови и друго оружје, но Ердоган […]

Ердоган бара Шведска да преземе конкретни чекори и јасни акции во борбата против тероризмот


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во денешниот телефонски разговор со шведската премиерка Магдалена Андерсон, го повика Стокхолм да преземе конкретни чекори за фундаментални прашања, како што е борбата против тероризмот. – Турција сака да види обврзувачки ангажмани за овие прашања, заедно со конкретни и јасни акции, истакна Ердоган, додавајќи дека Шведска „треба да направи […]

Ковачевски на средба со Ердоган: Расте трговската размена меѓу двете земји


  Премиерот Димитар Ковачевски и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на денешната средба во Истанбул изразија взаемно задоволство односите меѓу двете земји и зголемувањето на економската соработка. На средбата, на која присуствуваа и министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заеднички беа констатирани традиционално […]

Утре средба Ковачевски – Ердоган


Премиерот Димитар Ковачевски утре, на 13 јуни 2022 година, во Истанбул ќе предводи владина делегација на средба со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, во рамките на неговата работна посета, соопшти владината прес-служба. Средбата на премиерот Ковачевски со претседателот Ердоган е потврда на исклучително добрите односи со Турција и на неа е предвидено да […]

Зошто Турција го блокира членството на Шведска и Финска во НАТО


Војната во Украина ја предизвика конвенционалната мудрост за меѓународниот поредок заснован на правила, натпревар на големите сили и евроатлантската безбедност. Најновите случувања, исто така, вдахнаа нов живот во НАТО, веројатно најголемиот воен сојуз во историјата. Турција е горд и незаменлив сојузник на НАТО веќе 70 години. Нашата земја се приклучи на алијансата во 1952 година, […]

Ердоган утре ќе разговара со Путин и со Зеленски


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека има намера утре телефонски да разговара со рускиот и украинскиот колега, Владимир Путин и Володимир Зеленски. – Се разбира, Русија нема да гледа позитивно на тие работи (приклучувањето на Шведска и Финска во НАТО). Русија, пред сè, е загрижена за финското прашање. Зошто? Затоа што ова е погранична […]

Ердоган лут на Мицотакис: „Повеќе не постои за мене“


 Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис повеќе не постои за него по забелешките и критиките кон Турција за време на неговата неодамнешна посета на САД. Во телевизиско обраќање по состанокот на владата, Ердоган рече дека Мицотакис зборувал против Турција и побарал од Конгресот на САД да не дозволи […]

Столтенберг: Мора да се земе предвид загриженоста на сите сојузници


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска му порача на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека Анкара нема позитивно да гледа на членството на Финска и Шведска во Алијансата, доколку не соработуваат во борбата против тероризмот и други прашања. Турското претседателство, исто така, во соопштението рече дека Ердоган ја поддржува политиката на отворени врати. Во […]

Ердоган им соопшти на лидерите на Шведска и Финска што очекува од нив


 Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му порача на својот фински колега Саули Нинисте дека несанкционирањето на терористичките организации кои претставуваат закана за членките на НАТО не е во духот на Алијансата. Во телефонскиот разговор, Ердоган рече и дека Анкара очекува поддршка од Хелсинки за нејзината борба против терористичките организации кои претставуваат закана за националната безбедност […]

Ердоган го нарече победа поразот на Марин Ле Пен во Франција


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го оквалификува како „победа“ поразот на кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен минатиот викенд на претседателските избори во Франција, пренесоа турските медиуми. „Отстранувањето и поразот на екстремистичките ставови на француските избори ми се чини дека е победа, бидејќи се од што страдаме е предизвикано од екстремизам“, изјави Ердоган. […]

Додик: Го почитувам Дејтонскиот договор, не и правилата што ги наметнуваат странските сили


Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, истакна дека настојува да остане доследен на политиката што ја води, да го почитува Дејтонскиот договор, но не да потклекнува пред очекувањата на странските сили, главно на оние од Запад. „Повеќе ја сакам поддршката на народот отколку на западните бирократи кои ни наметнуваат свои правила. Прифатен сум […]

Телефонски разговор Ердоган-Путин: Турција сака да биде домаќин на состанокот на лидерите на Русија и Украина


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, јави агенцијата Анадолија. Како што соопшти Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган и Путин разговарале за состанокот на преговарачките тимови на Русија и Украина, што се одржа во вторникот во Истанбул. Ердоган нагласил дека позитивниот и конструктивен состанок на делегациите на Русија и Украина во Истанбул буди надежи […]

Ердоган бара од ЕУ да отвори пристапни преговори со Турција


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ја повика Европската унија (ЕУ) да отвори „пристапни преговори“ со Анкара, еден ден пред одржувањето на европскиот состанок во Брисел посветен на руската инвазија врз Украина. – Очекуваме ЕУ брзо да ги отвори поглавјата од пристапните преговори и да ги почне преговорите за царинската унија, без бесрамни калкулации, истакна […]

Ердоган го пушти  мостот преку Дарданелите меѓу  Европа и Азија 


Турција– Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во петокот отвори огромен висечки мост преку турскиот теснец Дарданели, последен во серијата големи инфраструктурни проекти на кои тој им даде приоритет во текот на неговите две децении на власт. Поврзувајќи ги европските и азиските брегови на Турција, мостот Чанаккале 1915 година беше изграден од турски и јужнокорејски фирми со […]