Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот


Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите за прекин на огнот и траен мир меѓу Русија и Украина, му рекол денеска во телефонски разговор турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на својот француски колега Емануел Макрон, соопшти кабинетот на Ердоган.  Тој изјави дека е постигната историска пресвртница на патот кон завршување на војната меѓу Русија […]

Месут Озил стана политичар, именуван на позиција во партијата на Реџеп Таип Ердоган


Легендарниот германски фудбалер со турско потекло Месут Озил дефинитивно влезе во политиката, откако во неделата беше назначен на важна позиција во Партијата на правдата и развојот (АКП), турската владејачка партија предводена од претседателот Реџеп Таип Ердоган. Озил долго време беше близок со Ердоган и стана член на партијата веднаш по завршувањето на фудбалската кариера, а […]

Зеленски пристигна во Турција, денеска средба со Ердоган


Украинскиот претседател Володимир Зеленски и првата дама Олена Зеленска синоќаа пристигнаа во официјална посета на Турција. „Официјална посета на Турција заедно со првата дама. Средби со претседателот Реџеп Таип Ердоган и првата дама Емине Ердоган. Продолжуваме со сите напори за размена на воените заробеници – нашите луѓе мора да се вратат дома“, објави Зеленски на […]

Малезискиот премиер и Ердоган ја насмеа јавноста со возење во автомобил: „Прв пат без обезбедување“


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган отпатува во Малезија во официјална посета, а премиерот на земјата Анвар Ибрахим му приреди необичен пречек. Покрај официјалните состаноци, Ибрахим реши да му овозможи на Ердоган да се повози со автомобил Togg од турско производство. Ердоган му ја покажа на Ибрахим внатрешноста на автомобилот и го запозна со карактеристиките на […]

Ердоган повторно повика на нов устав


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган уште еднаш повика на усвојување на нов устав, јавуваат турските медиуми. Тој ги повика особено опозициските партии да го поддржат предлогот на неговата Партија на правдата и развојот (АКП) за нов устав. -Иако опозицијата не ги слуша нашите искрени повици, ни треба демократски, инклузивен и либерален устав направен од […]

Ердоган: Многу земји од НАТО не сакаат Украина да стане членка на алијансата


САД и многу земји од НАТО не сакаат Украина да стане членка на алијансата. Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си. „На прво место, САД не сакаат да ја видат Украина како членка на НАТО. Многу други земји-членки на НАТО, исто така, не сакаат Украина да се приклучи […]

Ердоган го обвини Израел дека сака да ја прошири војната во Газа во поширок регион


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го обвини Израел дека планира да ја прошири војната во Појасот Газа во поширокиот регион поради стравувањата дека судирите со либанската милиција Хезболах би можеле дополнително да ескалираат, јави ДПА. „Нападите против Либан во последните денови ја потврдија нашата загриженост за плановите на израелската администрација да ја прошири војната […]

Ердоган: Ако Израел има „железна купола“, ние ќе имаме „челична купола“


Турција ќе спроведе сопствен проект за противвоздушна одбрана „Челична купола“, потврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Се надеваме дека ќе го спроведеме нашиот проект „Челична купола“ со сите негови компоненти. „Челичната купола ќе обезбеди нашите слоевити системи за противвоздушна одбрана и сите наши сензори и оружје да работат во меѓусебна интеграција. Ердоган ја истакна важноста […]

Ердоган: Турција би можела да влезе во Израел и да им помогне на Палестинците


Турција би можела да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците како што направи некогаш во Либија и во Нагорно Карабах, изјави синоќа турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган. „Мораме да бидеме многу силни за Израел да не може во Палестина да го направи тоа што го прави сега“, рече турскиот претседател на митингот […]

Ердоган: Изборите за нас се пресвртница, имаме уште четири години да ги исправиме грешките


Турската демократија ја докажа својата зрелост. Денешните избори за нас се пресвртница, а не крај. Секој гласач победи, без разлика дали гласал за нас или не, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по дебаклот на АКП на локалните избори во Турција. АКП на Ердоган ги загуби сите поголеми градови на изборите на кои повеќе од […]

Ердоган во уште една битка за Истанбул


  АНКАРА – Во недела, милиони гласачи во Турција излегуваат на гласање за да изберат градоначалници и администратори на локалните избори кои ќе ја проценат популарноста на претседателот Реџеп Таип Ердоган додека неговата владејачка партија се обидува да ги врати клучните градови што ги загуби пред пет години. Победата на партијата на Ердоган би можела […]

Ердоган предупредува на ширење на војната во Украина


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа изјави дека мора да се избегнат какви било чекори што ќе ја влошат војната во Украина и евентуално ќе го пренесат конфликтот во НАТО, додавајќи дека тој ќе биде домаќин на рускиот претседател Владимир Путин по изборите подоцна овој месец. Турција, членка на НАТО, го поддржува територијалниот интегритет на […]

Ердоган рече дека претстојните локални избори во Турција ќе бидат негови последни


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека претстојниот круг на локални избори за него ќе бидат „последните“ избори. Граѓаните во секој турски град, провинција и општина гласаат за избор на градоначалници и советници на 31 март. Ердоган рече дека ова ќе биде последното гласање во кое тој учествува. „Според законот, овие избори се мои последни […]

Ердоган најави крај на своето владеење по локалните избори во Турција


 Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган синоќа најави повлекување од политичкиот живот. Тој наведе дека локалните избори во Турција што треба да се одржат на 31 март ќе бидат негови „последни“. – Изборите на 31 март ќе ми бидат последни во согласност со законот. Нивниот резултат ќе биде пренесување на довербата на моите браќа кои […]

Ердоган им понуди на Русија и на Украина мировни преговори во Турција


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган преку видео порака, соопштена на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ во Тирана, нагласи дека неговата земја е подготвена да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина. Ердоган кажа дека неговата земја продолжува да го поддржува мирното решение за сеопфатната руска инвазија врз Украина и е подготвена да понуди платформа за […]

Ердоган: Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да ги запре израелските напади врз Газа и Ерусалим


Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да го запре угнетувањето во Газа и малтретирањето во Ал Кудс (Ерусалим) од страна на Израел, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави Анадолија. – Ќе ги искористиме сите расположливи средства, без исклучок, да го запреме угнетувањето во Газа и малтретирањето во Ал Кудс, рече Ердоган […]

Отпорот во Турција кон доселениците од Балканот расте пред избори


„Нашата лоза е во Солун и Македонија, каде што е роден [основачкиот претседател на Турција] Ататурк, заедно со државниците кои ѝ служеа на Отоманската империја“, рече лидерот на најголемата турска опозициска Републиканска народна партија, Озгур Озел на 18 ноември. Еден ден претходно, Девлет Бахчели, сојузник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и претседател на екстремно десничарската […]

Ердоган им ги предаде клучевите од новите станови на граѓаните погодени од разорниот земјотрес


 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им ги предаде клучевите од новоизградените домови на граѓаните кои останаа без покрив над главата во разорниот земјотрес пред една година во провинцијата Хатај. -Денеска во Хатај им ги предаваме клучевите од становите на 7.275 корисници, од кои 6.572 се во нашите провинциски и окружни центри, а 703 се во […]

Ердоган во Унгарија, Орбан му подари коњ


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека сака да ги продлабочи односите со унгарскиот премиер Виктор Орбан, за време на неговата втора посета на Будимпешта во последните четири месеци. Унгарија и Турција се единствените членки на НАТО кои не го ратификуваа пристапувањето на Шведска во Северноатлантскиот договор. Унгарскиот парламент допрва треба да гласа за […]

Пендаровски вчера испратил порака до кабинетот на Ердоган за екстрадицијата на Палевски


Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот ден испратил порака до кабинетот на турскиот колега Реџап Таип Ердоган, во врска со екстрадицијата на осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски.  Од кабинетот на Пендаровски не соопштуваат повеќе детали за содржината на пораката. Претседателот Пендаровски во интервју за „360 степени“ во понеделникот кажа дека размислува во следните […]