Мукаетов: Нашите ракометарки вредат повеќе од турбофолк ѕвездите


Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, во вчерашното гостување на „Топ тема“ во Телма, на прашање за релативно високите цени на билетите за натпреварите од ЕП, рече дека нашите ракометарки вредат повеќе да бидат посетени во споредба со турбофолк ѕвездите кои гостуваат кај нас. – За цената на билетите на ЕП одлучува ЕХФ. […]

Мукаетов: Македонската јавност да покаже колку го сака ракометот, девојките да ја добијат потребната поддршка


  Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, уште еднаш искажа поддршка за македонските репрезентативки кои утре ќе го одиграат првиот натпревар на Европското првенство. Заеднички домаќини на ЕХФ Еуро 2022 се Скопје, Подгорица (Црна Гора), Целје и Љубљана (Словенија). – Прв пат сме во позиција после 14 години да го донесеме Европското првенство […]

ЕП усвои нови правила за минимални плати во ЕУ


  Европскиот парламент го усвои новиот закон за соодветни минимални плати во ЕУ, со 505 гласа „за“, 92 „против“ и 44 воздржани. Законодавството на ЕУ, договорено во јуни со Советот, има за цел да го подобри животниот стандард и работните услови за сите европски работници и да го промовира економскиот и социјалниот напредок, јави дописникот на […]

ЕП го поддржа продолжувањето на шемата за ковид-потврдите за уште една година


Европскиот Парламент денеска ја поддржа одлуката за продолжување на шемата за употреба на дигиталните ковид-сертификати за уште една година, за што веднаш ќе започнат преговори со Советот. За да се осигури дека граѓаните на ЕУ имаат корист од слободното движење без оглед на развојот на пандемијата на Ковид-19, Европарламентот на пленарна седница ја поддржа одлуката […]

ЕП предлага транснационални изборни листи и воведување право на глас од 16-годишна возраст


 Европскиот парламент го претстави предлогот за нови изборни правила со кои се намалува старосната граница за остварување на избирачкото право на 16 години и се воведуваат транснационални изборни листи за кои би можеле да гласаат сите граѓани на ЕУ, без оглед на нивната земја на живеење. Новите изборни правила ќе важат од следните европски избори […]

(Видео) Џамбаски со нацистички поздрав во ЕП


Европратеникот и новоизбраниот копретседавач на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, синоќа предизвика скандал со нацистички поздрав во пленарната сала на Европскиот парламент во Стразбур, по што беше предупреден од претседателката на ЕП Роберта Мецола дека може да биде строго казнет. L’eurodeputato bulgaro Angel Dzhambazki (gruppo dei Conservatori e Riformisti ECR, di cui fa parte Fratelli d’Italia) al […]

Данска и Шпанија најблиску до полуфиналето на ЕП во ракомет


Будимпешта/Братислава – На Европското ракометно првенство во Унгарија и Словачка се игра главната рунда, а по две кола, плус пренесените бодови од прелиминарната рунда, Данска и Шпанија се на чекор до полуфиналето. Данците по триумфот синоќа над Хрватска стигнаа до шест бода во Групата 1, по нив се Франција и Исланд со по четири бода, Холандија […]

ЕП ракомет: Црна Гора ја шокираше Хрватска


Репрезентацијата на Црна Гора го направи едно од најголемото изненадувања на Европското ракометно првенство. Попладнево во Будимпешта, Црногорците забележаа триумф над фаворизираните Хрвати со 32:26. Ова е трета победа за Црна гора на ЕП и прва во главната рунда. Претходно во прелиминарната фаза ги совлада Словенија и Македонија. Од Групата-1 до крајот на денот ќе […]

ЕП бара нов пакет санкции против Русија како одговор на трупањето војска на границата со Украина


 Европратениците денеска повикаа на нов пакет санкции против Русија како одговор на трупањето руски војници долж границата со Украина. Во резолуцијата усвоена со 548 гласа „за“, 69 против и 54 воздржани, европратениците повикаа на „строги економски и финансиски санкции“ кон Русија како одговор на нејзините закани кон Украина. Украина, Европската унија и САД со недели […]

Македонија на гости кај Полска: Респект за домаќинот, но играме за историја


Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски пред денешниот натпревар против Полска во квалификациите за ЕП 2020 изјави дека не е важно против кого играме, туку за што играме. – Ние играме за нешто големо, и не може никој тоа да ни го одземе. Респект за Полска, но ние ќе го дадеме максимумот, а […]

Приштина гори: Падна Чешка, 15 меча без пораз


Косово го продолѓи неверојатниот низ од 15 меча без пораз. Репрезентативците во фудбал на нашиот северен сосед денеска во Приштина ја совладаа Чешка со 2-1 и се блиску до историски настап на Европско првенство. Тие имаат осум бодови од четири кола, дури шест повеќе од Црна Гора и Бугарија. Пред нив е само Англија. Денеска […]

Македонија се пласираше во квалификациите за ЕП 2021


Машкате кошаркарска репрезентација доживеа пораз од Романија со 65:53 (34:29) во последниот натпревар во втората рунда претквалификации за ЕП 2021 година. Поради победата во првиот меѓусебен меч во Скопје од +14, сепак „црвено-жолтите“ се пласираа во квалификациите на Европското. Натпреварот беше изедначен само по првата четвртина, а потоа Романците ја презедоа контролата на настаните на […]

ЕП ја осуди „непропорционалната“ употреба на сила од француската полиција против „жолтите елеци“


Европскиот парламент ја осуди употребата на „непропорционална” сила од страна на полицијата во протестите на „жолтите елеци“, во резолуција поттикната од француската дебата за употребата на лансирни гумени проектили за одбрана (ЛБД) за време на протестите, јави дописникот на МИА од Стразбур. Во резолуцијата, усвоена со 438 гласа, 78 против и 87 воздржани, пратениците ја […]

Македонија убедливо го преслуша Гибралтар и ќе игра полуфинале за пласман на Европско првенство


Прво место во четвртата група од Д-лигата на Лигата на нации, пласман во поквалитетната Ц-лига и полуфинале на домашен терен во плејофот за ЕП, обезбеди македонската фудбалска репрезентација по вечерашната победа над Гибралтар со 4:0. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски целосно доминираа на „Филип Втори“ и сосема заслужено ги освоија трите бода, а победата можеше […]

Заев во ЕП: Прво обраќање на македонски премиер на македонски јазик


Премиерот Зоран Заев денеска се обрати пред Европскиот Парламент на покана на неговиот претседател, Антонио Тајани. Ова, како што истакна Заев, е прво обраќање на македонски премиер на македонски јазик во европскиот пратенички дом. – За нашиот македонски народ ова е историски момент. Ова е прв пат, еден премиер на нашата земја да одржи говор пред Европскиот […]

Грузија и Белорусија најопасни на патот до ЕП


Иако поминаа само 180 минути, односно два од шесте предвидени меча во фудбалската Лига на нации, македонската спортска јавност со едно око гледа во соседните групи и калкулира кој би ни стоел на патот до историскиот пласман на Европското првенство, кое за две години ќе се одржи во 13 земји. Воведното славје на гостински терен […]

Хендрикс ќе настапи за Македонија против Косово и Романија


Ричард Хендрикс ќе настапи за македонската кошаркарска репрезентација на престојните натпревари од претквалификациите за ЕП 2021 против Косово и Романија. Американскиот кошаркар со македонски пасош е играч на францускиот првак Ле Ман, а од денеска ќе му биде на располагање на селекторот Јорданчо Давитков. Првиот натпревар се игра на 13 септември против Косово во Приштина, а вториот против Романија е закажан на 16 септември во […]

Македонските одбојкари со победа над Унгарија ги почнаа квалификациите за ЕП


Македонската одбојкарска репрезентација со победа над Унгарија ги почна квалификациите за Европското првенство. Иако, Македонија водеше 0:2 во сетови на гостувањето во Будимпешта, сепак, до победа македонските одбојкари стигнаа по неизвесен финиш на натпреварот во пет сета. Во третиот и во четвртиот сет по почетната предност на македонската репрезентација следуваше пад во играта и двата […]

Македонските ракометари на крстопат на ЕП: Да се биде или не вечерва против Чешка


Македонија вечерва (20.30 ч.) по петти пат ќе излезе на мегдан на Европското ракометно првенство во Хрватска. На ред е дуел со репрезентацијата на Чешка како прва од двете меч топки во Вараждин за историско полуфинале на завршните турнири. Потоа ќе следува и судир со Данска (среда, 18.15 ч.) во последната етапа во мисијата Фајнал […]

Македонско срце со шпански ритам


Македонија се избори за центар на внимание во досегашниот тек на Европското ракометно првенство. И по играта и резултатите на репрезентацијата и по навивачите во загрепска „Арена“ кои добија специјално видео од ЕХФ за начинот на бодрење на своите миленици. Очекувањата од „црвено-жолтите“, за волја на вистината, се однесуваа на пласман во главната фаза. Но, […]