Министри на Грција и САД разговарале за енергетиката, во фокусот најавените истражувања јужно од Крит


За стратешките односи меѓу Грција и САД, како и енергетските случувања кои директно ги засегаат двете земји телефонски разговарале грчкиот министер за животна средина и енергетика Ставрос Папаставру и американскиот секретар за внатрешни работи и претседавач со Националниот совет за енергетика Даг Бургум, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за животна средина и […]

Која е Казанџи холдинг, групацијата која сака да инвестира милијарда евра во енергетиката


Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претставници на Казанџи холдинг групацијата која изрази интерес за инвестиција во енергетиката од 1 милијарда евра. Но, која е оваа компанија, која за македонската јавност, барем до сега е релативно непозната? Казанџи холдинг е холдинг компанија со седиште во Турција, основана е во 1950-тите, и е една од […]

Бислимоски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат


Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила. Ова го заклучиле директорот на […]

Експлоатацијата на минералните суровини под лупа на Министерството за енергетика и УЈП


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Управата за јавни приходи (УЈП) потпишаа Меморандум за соработка, кој има за цел да го унапреди процесот на инспекциски контроли и надзор врз концесионерите што вршат експлоатација на минерални суровини во Македонија. Меморандумот за соработка е потпишан помеѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Управата за […]

Меѓународна конференција: Како до енергетски независна држава


Енергетскиот сектор како еден од најважните предуслови за економски и сеопшт напредок на секоја држава, е тема на дискусија на седмата Меѓународна  конференција за енергетика на тема „За независна енергетска држава“ што од денеска се одржува во Скопје. На собирот оганизиран од Стопанската комора за енергетика, претставници на повеќе државни институции, домашни и странски компании, […]

Состанок на Работниот комитет за Националната развојна стратегија: Фокус на енергетскиот сектор и долгорочен одржлив развој


Состанок денеска одржал Работниот комитет за Националната развојна стратегија (НРС), советодавно тело на Советот кое обезбедува експертска и техничка поддршка во имплементацијата на Националната развојна стратегија 2024-2044 година, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Како што наведува, целта на овие активности е да ги постигнат амбициите за економски раст, социјална правда и одржлив […]

Војна меѓу Израел и Иран ќе има последици врз енергетскиот сектор, Македонија нема да остане имуна


Северна Македонија нема да остане имуна на последиците во енергетскиот сектор предизвикани од случувањата на Блискиот Исток и војната меѓу Израел и Иран, сметаат дел од експертите, учесници на меѓународната конференција „Енергетика 2024“, што од денеска до петок се одржува во Струга во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК). Министерката за енергетика, рударство […]

Министерство за енергетика: Почнува имплементацијата на Патоказот за праведна транзиција


Под претседателство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржан е состанок на Советот за праведна транзиција на кој се дадени насоки за идните активности што треба да се спроведат во рамки на Патоказот за праведна транзиција.  Од Министерството за енергетика информираат дека е ревидирана сегашната структура за водење на овој процес […]

Ќе бидеме крајно транспарентни: Министерството за енергетика реагира на анализата на „Социетас цивилис“


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска преку соопштение порача дека ќе биде крајно транспарентно и дека формирањето на ова министерство е токму да се намали корупцијата во оваа област.  Соопштението е ракција на анализата на Институтот за демократија „Социетас цивилис – Скопје“ кој објави краток документ за јавни политики посветен на ризиците од корупција […]

Земјите од Западен Балкан трошат три пати повеќе енергија во споредба со земјите од ЕУ


Земјава да се фокусира на инвестиции во енергетскиот сектор, да ја забрза замената на јагленот со обновливи извори, да го зголеми домашното производство на струја и на храна и да направи сериозен редизајн на државната помош, особено во земјоделството, порачуваат експертите. Овие сугестии, како што беше речено на денешниот економски форум, се однесуваат, генерално, и […]

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика


РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар и најголем дел од стопанството добива електрична енергија од РЕС, објави Регулаторната комисија за енергетика. РЕС (Renewable Energy Supply) сам држи речиси една третина од пазарот, а останатиот дел го делат други 20 снабдувачи. Во 2023 година РЕС продал 609.771 MWh електрична енергија, или 28,84% од вкупната енергија на слободниот пазар, додека […]

Андријана Нелкова – Чучук избрана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика


Андријана Нелкова – Чучук, член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) е избрана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика (ERRA – Energy Regulators Regional Association) со мандат од 2024 до 2026 година, информираат од РКЕ. Оттаму додаваат дека регулатори од 47 земји, од […]

Владата ги утврди предлог-законите за обновливи извори и законот за енергетика


Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, утврди текстови на два предлог на закони во областа на енергетската сфера: Предлог на Закон за обновливи извори на енергија и Предлог на Закон за енергетика, чијашто материја претходно била уредена во еден закон. Новината што се воведува, да има посебен закон за обновливи извори на енергија, […]

Одложена седницата на собраниската Комисија за економски прашања за законите за стратешки проекти во енергетиката


Собраниската Комисија за економски прашања, на чиј дневен ред беа предлозите на законите за реализација на стратешките инвестициони проекти во енергетиката по скратена постапка, е одложена. На календарот на собраниската веб страница, иако првично беше најавена, тргната е седницата на Комисијата за економски прашања на која како точки на дневен ред беа предлозите на законите […]

За Битиќи нема ништо спорно во стратешките енергетски инвестиции


Вицепремиерот Фатмир Битиќи смета дека нема ништо спорно во законите и во договорите за стратешки инвестиции од областа на енергетиката и дека процедурата за нивно донесување во Собранието треба да продолжи. Тој исто така вели дека нема ништо спорно во мислењето на Комисијата за заштита на конкурентноста, која, според него, само укажува дека процедурата треба […]

Во енергетиката Македонија е „умерено подготвена“, во целост не се имплементирани ланските препораки, констатира ЕК


Северна Македонија е умерено подготвена во делот на енергетиката. Постигнат е одреден напредок во регионалните интерконекции за гас и во обновливата енергија, со инвестиции во соларни електрани, но сепак во целост не се имплементирани минатогодишните препораки, констатира Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на земјава во 2023 година. Од ЕК посочуваат дека енергетската криза […]

Во Брисел започна скрининг состанокот за Поглавје 15 – Енергетика и Поглавје 21 – Трансевропски мрежи


Во Брисел денеска започна билатералниот скрининг состанок за Поглавје 15, „Енергетика“ и Поглавје 21, „Трансевропски мрежи“, кои се дел од Кластерот 4 „Зелена агенда и одржлива поврзаност“. Состанокот, како што е наведено во соопштението од СЕП, го отвори државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменичка на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили, која […]

Бислимоски: Си ја завршивме домашната во енергетиката, ЕУ треба да ни даде поголема финансиска стимулација


Европската Унија треба да има мотивирачки пристап кон земјите кои си ја имаат напишано домашната задача. Ние како земја ги имплементиравме бараните реформи во енергетиката и го спроведовме пакетот на директиви и регулативи од Третиот енергетски пакет и затоа треба да добиеме поголема финансиска стимулација која ќе се насочи кон инвестиции кои, пак, ќе донесат […]

Неконтролираното поставување фотоволтаици може да создаде економски проблем


  Форсирањето фотоволтаици, без никаков план, може да предизвика економски, па дури и општествен проблем, доколку навреме не се преземат мерки. Тие, меѓу другото, треба да се насочени кон стимулирање на системи за складирање на електричната енергија произведена од фотоволтаици, но и дисперзија на обновливите извори, односно изградба на ветерници, биоцентрали, мали хидроцентрали и тн. […]

Договорот за Чебрен е во завршна фаза, грчката компанија побарала уште малку време


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вечерва соопшти дека е во завршна фаза договорот за Чебрен. Грчката компанија, рече, побарала уште малку време за финиширање на деталите. Тој е оптимист дека септември ќе го завршиме со 2,3 милијарди евра инвестиции во енергетиката. -Со Чебрен сме многу биску да го затвориме процесот и отприлика инвестицијата е […]