Во делови од Скопје планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енергија


Од ЕВН Македонија информираат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енергија на корисниците од градот Скопје и неговата околина. Во периодот од 06:00-10:00 часот без струја ќе бидат корисниците на ул.Пајак, ул. Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие) во општина Центар, во период од 08:30-14:30 часот корисниците […]

МЕМО и словенечката енергетска берза БСП потпишаа Договор со кој започнува имплементацијата на пазарот во тековниот ден


Во просториите на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, денеска официјално беше потпишан Договор со словенечката енергетска берза БСП, како избран економски оператор за обезбедување услуги на трговски платформи и клиринг платформа за пазарите на електрична енергија во сегментите ден-однапред (Day-Ahead Market) и пазар во тековниот ден (Intraday Market). Пазарот […]

Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е завршена постапката за обработка, евалуација и верификација на сите пристигнати пријави за финансиска поддршка преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. По деталните проверки спроведени од комисиите и вкрстувањето на податоците со надлежните институции, јавно e објавен списокот на сите […]

Русите го нападнаа регионот Запорожје. 60 илјади луѓе без електрична енергија


Снабдувањето со електрична енергија за околу 60.000 луѓе е прекинато по рускиот напад во текот на ноќта врз украинскиот регион Запорожје, во кој две лица беа ранети, а зградите беа уништени, објави регионалниот гувернер. Како што се приближува зимата, Русија ги засилува нападите со ракети и беспилотни летала врз енергетската инфраструктура за да предизвика прекини […]

Кои се најголеми увозници и извозници на електрична енергија во Европа? Еве каде е Македонија


Македонија е на средината меѓу земјите увознички на електрична енергија во Европа, покажува табелата која што ја објави „Еуроњуз“, во анализата за најголемите увозници и извозници на струја на Стариот континент. Со 14 отсто нето увоз, Македонија се наоѓа меѓу Ирска и Белгија, и освен Молдавија која е на второто месо межу овозно зависните земји, […]

Електричната енергија во Германија драстично ќе поевтини


Германските оператори на електричната мрежа објавија дека се подготвени следната година да ги преполоват надоместоците за пренос на електрична енергија со поддршка на државни субвенции. Планираното намалување на надоместокот за 57 проценти ќе им обезбеди олеснување на граѓаните и индустриските потрошувачи, бидејќи тие во моментов плаќаат за електрична енергија по цени кои се меѓу највисоките […]

На 31 август истекува рокот за аплицирање за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија


 Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ги потсетува сите граѓани кои ги исполнуваат условите дека рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија истекува на 31 август 2025 година. Со оваа програма се обезбедува финансиска поддршка од 1.000 денари месечно, во траење од 12 месеци, преку директно намалување на сметките […]

МЕМО издаде 107.666 гаранции за потекло на електрична енергија


Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, во април годинава успешно го воспостави Регистарот на Гаранции за потекло на електрична енергија и за само два месеци издаде 107.666 гаранции. Како што се истакнува во соопштение на веб-страницата на Националниот оператор, на 26 мај, МЕМО официјално ги издаде првите Гаранции за потекло од обновливи […]

Донесени решенија за финансиска поддршка за електрична енергија за ранливи категории


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини донесе решенија за финансиска поддршка на домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток и решенија за стекнување финансиска поддршка на домаќинствa згрижувачи кои згрижуваат од едно лице до пет лица во своето семејство. Решенија се дел од мерките за директна финансиска поддршка на […]

Во ЕУ, 42,5 отсто од електричната енергија во првиот квартал била од обновливи извори


Во Европската Унија, во првиот квартал од оваа година, 42,5 проценти од произведената електрична енергија била од обновливи извори на енергија, објави Евростат. Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека во споредба со првиот квартал од 2024 година, ова претставува намалување од 4,3 процентни поени, од 46,8 проценти. Значителното зголемување на производството на електрична […]

МЕМО ги издаде првите Гаранции за потекло на електрична енергија од обновливи извори на АД ЕСМ


Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, денеска официјално ги издаде првите Гаранции за потекло на електрична енергија на АД ЕСМ. Со овој документ потврдуваме дека електричната енергија за која се издадени гаранциите на потекло потекнува од обновлив извор на енергија. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ги […]

Голем прекин на електричната енергија во Кан. Се сомнева дека некој го подметнал пожарот


Голем прекин на електричната енергија во јужниот француски град Кан го наруши последниот викенд од меѓународниот филмски фестивал, а полицијата се сомнева дека станува збор за подметнат пожар. Околу 160.000 домови во крајбрежното одморалиште и соседните општини се погодени од прекин на електричната енергија од околу 10 часот наутро во саботата, по пожар што избувна […]

Божиновска: Интеграцијата на македонскиот во европскиот пазар на електрична енергија е наша стратешка цел


 Добро е да се чуе дека Европската Унија е оптимист кога станува збор за земјите од Западниот Балкан, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во обраќањето на Вториот Форум за интеграција на пазарот на електрична енергија (ЕМИФ), што попладнево се одржа во Европскиот парламент во Брисел.  – Интеграцијата на македонскиот организиран […]

Зошто снема струја во неделата утрото: Можни се три причини, вели заменик министерот за енергетика


Три се можни причини за испадот во системот на електрична енергија што се случи неодамна – немањето корисник, немањето трансфер на енергија, но и зголемениот број фотоволтаични централи во земјава, кои се новина во системот, вели заменик министерот за енергетика Мирослав Лабудовиќ. Според него, во иднина ќе треба да се направат дополнителни инвестиции за да […]

Ова е најверојатната причина за прекинот на електричната енергија во Шпанија пред две недели


На прекинот на електричната енергија низ цела Шпанија, кој остави милиони луѓе без струја пред две недели, му претходеа прекини на електричната енергија на југот од земјата. Ова е најдеталниот извештај досега за настаните што доведоа до оваа катастрофа. Во јужна Шпанија е регистрирана загуба од 2,2 гигавати електрична енергија нешто помалку од една минута […]

Откриена причината за прекинот на електричната енергија во Шпанија и Португалија


Неспособноста на шпанската електрична мрежа да управува со невообичаено големото снабдување со сончева енергија беше клучен фактор за катастрофалниот прекин на електричната енергија во понеделникот, изјавија поранешни регулатори и експерти. Околу 55 проценти од снабдувањето на Шпанија доаѓаше од соларни извори кога 15 гигавати производство на електрична енергија беше исклучено во рок од само пет […]

Португалците ја објавија причината за прекинот на електричната енергија


Португалскиот оператор на електричната мрежа РЕН објави дека прекинот на електричната енергија што ја погоди Португалија е предизвикан од дефект во шпанската електрична мрежа, поврзан со „редок атмосферски феномен“. РЕН наведува дека екстремните температурни разлики во Шпанија предизвикале „аномални осцилации“ на високонапонските водови. Овој феномен се нарекува „индуцирана атмосферска варијација“, што потоа довело до осцилации […]

МЕРМС: Состојбата со електричната енергија под постојан надзор, мрежата успешно го амортизирала зголемениот притисок за време на празниците


Ресорската група за енергетика, при Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), информира дека денеска на состанок биле разгледани моменталните состојби со снабдувањето со електрична енергија и тековните активности на главните актери во системот, при што е заклучено дека мрежата успешно го амортизирала зголемениот притисок (за време на празниците), без поголеми нарушувања, а сите […]

Во тек е пријавувањето за финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за електрична енергија – рок до 19 април


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека е во тек Јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за граѓаните што спаѓаат во категоријата на ранливи потрошувачи на енергија. Финансиската поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија изнесува 1.000 денари месечно и се одобрува за […]

1.000 денари месечно за струја: Кој има право и како да аплицира? – Министерството за енергетика објави јавен оглас“


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија со цел да се обезбеди директна поддршка за граѓаните на кои им е најпотребна. Со огласот се предвидува Министерството да им доделува финансиска поддршка […]