Индија: Најмалку 10 лица загинаа, а 22 се повредени во експлозија во Хапур


Најмалку 10 лица загинаа, а 22 се повредени денеска во хемиска експлозија во фабрика за електронска опрема во северниот индиски округ Хапур, соопшти локалната полиција. Несреќата се случила откако котел експлодирал во индустриски капацитет во Даулана, на околу 60 километри од Њу Делхи, изјави портпаролот на индиската полиција Сурендра Синг, пренесува „Ројтерс“. Несреќата се случила […]

Експлозија во хемиска фабрика во Словенија, 20 повредени


  Денеска во 8.35 часот одекна експлозија во хемиската фабрика „Меламин“ во центарот на словенечкиот град Кочевје, при што избувна пожар. Од Управата за заштита и спасување соопштија дека во несреќата се повредени над дваесет лица, а две лица се пренесени во Универзитетскиот медицински центар Љубљана. На местото на настанот веднаш пристигнале интервентни служби и […]

Бројот на жртви во експлозијата во луксузниот хотел во Хавана достигна 40


Куба– На 40 се зголеми бројот на жртви во експлозијата, што одекна во хотелот Саратога во Хавана во петокот, соопшти кубанското Министерство за здравство. Се верува дека експлозијата ја предизвикало истекување на гас. Осумнаесет лица се на болничко лекување, 40 се загинати, меѓу кои и четири деца, како и млади лица и туристка од Шпанија. Од […]

Бројот на загинатите во хотелот во Хавана се искачи на 22


  Најмалку 22 лица загинаа, а други 74 се згрижени во болница откако силна експлозија ја здроби фасадата на хотел во кубанската престолнина, исфрлајќи прашина во воздухот и оставајќи урнатини расфрлани низ улицата во историскиот центар на Хавана. Говорејќи на местото на настанот набргу потоа, кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел ја отфрли можноста за бомба и […]

Турција: Најмалку еден загинат и осуммина повредени во експлозија на автобус кој превезувал затворски чувари


 Автобус кој превезувал затворски чувари во западна Турција е кренат во воздух со импровизирана експлозивна направа, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пренесува Анадолија. „Еден од нашите чувари загина кога импровизирана експлозивна направа беше активирана со далечински управувач додека автобусот се движеше на патот Бурса-Мудања. Во тек е истрага за да се фатат […]

Експлозија во Истанбул, наредена евакуација


Најмалку три станбени згради се евакуирани откако утринава во 8:30 часот по локално време се слушнала експлозија во областа Бејоглу во Истанбул. Утврдено е дека експлозијата се случила под земја, поради што во воздух одлетал капак од шахта. Наводно дошло до спој на кабли. Густ чад се забележувал веднаш по експлозијата, а пожарникарите наредиле евакуација […]

Во метрото во Бруклин застрелани повеќе луѓе: Најдени експлозивни направи


  Дури 13 луше се пренесени во болница по пукање во метро-станица во Бруклин, Њујорк, потврдено е за Си-ен-ен. Засега не се знае тежината на нивните повреди. Полицајците околу 8.30 часот по локално време повикани се во станицата на метрото на 36 улица на линиите Де, Ен и Ар, кои поминуваат низ населбата Сансет Парк, […]

Еден загинат, неколку повредени во експлозија на двокатница во јужен Либан


 Едно лице загина, а уште неколку се повредени рано утринава во експлозија во зграда во јужен Либан, изјави претставник на либанската безбедност. Во експлозијата што се случила во градот Банафулу во близина на пристанишниот град Сидон е уништена двокатна зграда што служела како градска куќа и седиште на шиитското движење Амал. Официјален претставник на либанските […]

Експлозија во рудник во Србија, затрупани се рудари, има мртви


  Во рудникот „Соко“ крај Сокобања во Србија се урна дел од јама и рударите останаа заробени. Медиумите наведуваат дека има загинати и повредени. Засега не е официјално соопштено колку рудари се повредени и загинати. „Новости“ објавија дека настрадале осум рудари, а дека 58 се спасени. До експлозијата дошло во раните утрински часови. Во Итната […]

Загрепчани ги вознемири силна експлозија, најверојатно се урна дрон


Силен тресок синоќа нешто по 23 часот се слушна во Загреб, а хрватските медиуми јавуваат дека на земјата е видлив голем кратер и дека очигледно нешто удрило во земјата и експлодирало. Според Индекс.хр, повикувајќи се на добро упатени извори, според досега собраните информации од надлежните служби, на загрепски Јарун паднал дрон. Пронајдени се два падобрана […]

Одекна експлозија во Донбас, на територијата контролирана од Киев


  Експлозија одекна во Донбас, на територијата контролирана од Киев, објави на каналот Телеграм, главниот уредник на медиумската група „Русија север“ и телевизијата РТ, Маргарита Симонјан, повикувајќи се на лидерот на самопрогласената ДНР. Денис Пушилин. Многу корисници на Телеграм напишале дека во Доњецк одекнала експлозија, но тие извештаи ги демантираше претставникот на Народната полиција ДНР, […]

Експлозија во Абу Даби: Одекнуваат сирени (ВИДЕО)


Тимови на цивилната одбрана го изгаснале пожарот кој бил предизвикан од експлозија на плинска боца во една зграда во Абу Даби, објави државната агенција. Во пожарот, како што јавува Ројтерс, нема повредени. Се наведува дека експлозијата се случила на улицата Хамдам каде се одржува Светското клупско првенство во фудбал. На снимки објавени на социјалните мрежи […]

(Видео) Голема експлозија во Атина оштети згради, повредено е едно лице


Едно лице е повредено, а неколку згради се сериозно оштетени од експлозија во центарот на Атина, што доведе до пожар рано изутрината, изјавија официјални лица и очевидци. Едно лице кое се здобило со изгореници било пренесено во болница, изјави за ТВ Скај Јоргос Матиопулос, шеф на Националниот центар за итна помош. Puppet NEWS:Ισχυρή έκρηξη σε […]

Четворица мртви и петмина исчезнати по експлозијата во зграда во Сицилија


Четири лица загинаа, а пет се водат за исчезнати по експлозијата што предизвика уривање на четирикатница на Сицилија, соопштија властите во неделата. Две жени се пронајдени живи под урнатините во Равануса на југот на земјата, откако зградата се урна синоќа, а спасувачите со кучиња трагачи се уште трагаат по преживеани на местото на несреќата. Локалната […]

Сицилија: Еден загинат и осуммина исчезнати во неколку урнати згради, предизвикани од експлозија на гас


Италија–  Најмалку едно лице загина откако поради истекување на гас дојде до експлозија што предизвика уривање на неколку згради на Сицилија, соопштија утринава италијанските служби за итни случаи, јавува ДПА. Едно тело беше извлечено од урнатините, додека две жени се спасени, а уште осум лица се водат како исчезнати, соопшти единицата за цивилна заштита на Сицилија […]

Уште една жртва од експлозијата во Романовце подлегна на повредите


Почина уште едно лице од повредените во експлозијата на плинската боца што се случи пред две недели во кумановското село Романовце, со што бројот на загинати се искачи на седум. Од Клиниката за пластична хирургија  потврдија дека лицето починало во шест часот изутрината на Клиниката за неврохирургија. Станува збор за 55-годишен маж. – Лицето почина […]

Експлозија на бомба во Лион, осум повредени


Во центарот на Лион, на улицата Виктор Иго, експлодира бомба меѓу плоштадот Белкур и железничката станица Лион-Пераш, околу 17:40 часот. Според француското министерството за внатрешни работи има осум повредени лица. Експлозивната направа била ставена во патничка торба. Овој трговски дел на градот е целосно опколен од страна на силите на редот. Префектурата на Лион ја потврди експлозијата […]

Експлозија на пазар во Загреб, нема повредени


Хрватска- Експлозија одекна на пазар во Загреб рано утрово во која нема повредени. Полицијата соопшти дека околу три часот утрово одекнала експлозија во населбата Гајнице, од засега  неутврдена причина, јавија хрватски медиуми. Од експлозијата, оштетена е една продавница во пазарот и камион паркиран во близина на продавницата.

При експлозијата во фабрика во источна Кина загинаа 47 лица


При вчерашната експлозија во хемиска фабрика во источниот дел на Кина  загинаа 47 лица, а 640 лица се хоспитализирани, од кои 90 лица се во тешка здраствена состојба. Локалните власти во Јангченг, во провинцијата Џангсу, соопштија дека се уште не е позната причината за експлозијата во фабриката „Тјанџаји хемикал продакшен“. – Експлозијата доведе до евакуација […]

Силна експлозија го потресе Елбасан


Во албанскиот град Елбасан утрово се случи силна експлозија, а како што пренесуваат локалните медиуми, најверојатно ја предизвикале жителите на населбата 5 мај. Полицијата се сомнева дека тие фрлиле и запалиле плински боци. Експлозијата се случила во близина на недовршен стан кој го користеле група луѓе како магацин за дрога. Истрагата се уште нема потврдено […]