Египет, Грција и Кипар ќе одржат самит во Каиро за зајакнување на партнерството во услови на регионални предизвици


Каиро ќе биде домаќин на клучен трилатерален самит на почетокот на јануари кој ќе одбележи десет години соработка меѓу Египет, Грција и Кипар, oбјави „Ал Ахрам“. На средбата ќе се истакне трајната посветеност на медитеранските земји за регионална стабилност и партнерство. На форумот треба да учествуваат египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, грчкиот премиер Киријакос […]

Брод полн со туристи потона во Египет


Во раните утрински часови потона туристичкиот брод „Си стори“ со 45 патници во близина на брегот на египетското одморалиште на Црвеното Море. „Сан“ пишува дека на бродот имало 31 турист од различни националности и 14 членови на екипажот. Инцидентот се случил околу 5 часот и 30 минути кога туристите тргнале на нуркање и бродот испратил […]

Египет домаќин на преговорите за прекин на огнот во Газа меѓу Фатах и ​​Хамас


 Каиро е домаќин на средби меѓу политичкото движење Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас и палестинската група Хамас за да се разговара за создавање комитет за управување со Газа по војната, објави египетската државна телевизија Ал Кахера њуз, која цитираше висок египетски безбедносен извор. Одлуката за организирање на консултациите за кои станува збор е дел […]

Египет повторно си ја бара назад бистата на кралицата Нефертити, Берлин не ја дава


Египет бара враќање на светски познатата биста на кралицата Нефертити, која се наоѓа во „Нојес“ музејот во Берлин повеќе од сто години. Германските власти го одбиваат ова и велат дека скулптурата ќе остане таму каде што е. Вредноста на скулптурата се проценува на 400 милиони евра и е еден од најпознатите артефакти на древниот Египет. […]

Египет, Ирак и Јордан издадоа соопштение: Израел не води во општа војна


Министрите за надворешни работи на Египет, Ирак и Јордан ги осудија израелските напади врз Либан, предупредувајќи дека може да има сеопфатна војна. Во заедничката изјава објавена по средбата на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, министрите навеле дека разговарале за „сериозната ескалација што се случува во регионот“. Тие посочија дека ескалацијата на конфликтот […]

Железничка несреќа во Египет, загинаа три лица од кои две се деца, има и 49 повредени


Три лица загинаа во вчерашната железничка несреќа во северниот дел на Египет, а 49 се повредени, соопшти Министерството за здравство. Помеѓу загинатите две се деца. Несреќата се случила кога два воза се судриле во провинцијата Шаркија, на околу 80 километри северно од Каиро. Железничка мрежа на Египет, една од најголемите земји во Африка, е застарена […]

Египет упати апел до авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро


Египет им наложи на сите свои авиокомпании да го избегнуваат иранскиот воздушен простор три часа рано наутро во четврток поради тензиите меѓу Израел и Иран. Во безбедносното известување испратено до пилотите се вели дека советувањето ќе биде во сила од еден до четири часот по Гринич (три до шест часот по средноевропско време). Не беа […]

Ракометарите на Египет имаат за што да жалат, испуштија победа против Шпанија за полуфинале на олимпискиот турнир


Репрезентацијата на Шпанија е првиот учесник во полуфиналето на машкиот ракометен турнир на Олимписките игри во Париз. Шпанците до победата со 29:28 над Египет стигнаа по дополнителни 10 минути игра, откако основните 60 завршија нерешено 25:25. Ракометарите на Египет имаат за што да жалат, бидејќи речиси цел натпревар беа во водство, највисокото изнесуваше четири голови […]

Четиринаесет загинати при уривање на трикатна зграда во Египет


Четиринаесет лица загинаа при уривање на трикатна зграда во јужниот египетски град Асиут, изјави денеска гувернерот на градот Есам Саад. Телата се извлечени од под урнатините за време на операциите за пребарување и спасување по уривањето на зградата. „Шест лица се спасени и префрлени во болница“, рече Саад. Лошото одржување на старите згради и прекршувањето […]

Европските компании потпишаа договори во вредност од над 42 милијарди долари во Египет


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека компании од Европската унија (ЕУ) потпишале договори за инвестирање со Египет во вредност од над 40 милијарди евра. Објавувањето на повеќе од 20 нови договори или меморандуми за разбирање со Египет уследи по пакетот финансирање на ЕУ од 7,4 милијарди евра, во услови на […]

Египет ги повика Хамас и Израел да покажат флексибилност и што поскоро да постигнат примирје во Газа


Египет апелираше до Хамас и Израел да покажат флексибилност со цел што поскоро да се постигне прекин на огнот во борбите во Газа, соопшти утрово египетското Министерство за надворешни работи. Египет смета дека преговорите во Каиро, кои не доведоа до договор за прекин на огнот оваа недела, во моментов се во „деликатна фаза“, додека делегациите […]

Египет испраќа делегација во Израел за да се обиде да постигне договор за примирје


 Египет испраќа делегација на високо ниво во Израел со надеж дека ќе постигне договор за прекин на огнот со Хамас во Газа, истовремено предупредувајќи дека евентуалната нова израелска офанзива врз јужниот град Рафа на границата со Египет може да има катастрофални последици за регионалната стабилност, изјавија денеска двајца официјални претставници. Претходно денеска, либанската милитантна група […]

Директори им се деца, а седиштето во древeн Египет: Бизарниот свет на лажни компании го плаши Брисел


Мудис прочешла милиони компании и поединци во потрага по сомнителни податоци и дошол до бизарни податоци. На пример, илјадници компании кои дури котираат на берзите ги водат директори помлади од пет години, а на една од белгиските компании на чело е лице постаро од 900 години. Иако, таквите грешки може да се појават во брзината […]

Египет прими десетици странски државјани и Палестинци на кои им е потребна медицинска помош


 Египет денеска прими четириесетина Палестинци на кои им е потребна медицинска помош и 31 државјанин со странски пасош од Појасот Газа, соопштија египетските гранични власти. Палестинските пациенти преку граничниот премин Рафа се транспортираат со возила на брза помош. Меѓу нив има и двајца ранети за време на војната меѓу Израел и Хамас, како и оние […]

Египет развива амбициозен план за крај на војната во Газа


  Египет изнесе амбициозен, првичен предлог за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас со прекин на огнот, постепено ослободување на заложниците и создавање на палестинска влада од експерти кои ќе управуваат со Појасот Газа и окупираниот Западен Брег, изјавија висок египетски функционер и европски дипломат во понеделникот. Веста за предлогот дојде кога израелските […]

Проектил погоди болница во египетско туристичко одморалиште, 220 километри од Појасот Газа


Најмалку шест лица се повредени во египетскиот туристички град Таба, кој се наоѓа во близина на границата со Израел, откако проектил утрово погодил здравствена установа, јави египетската телевизија Ал Кахера. Според Ал Кахера, проектилот што ја погодил Таба е поврзан со борбите во Појасот Газа, кој се наоѓа на околу 220 километри, каде израелските сили […]

Масовна преселба во Египет: 40 илјади службеници се преселија во новата административна престолнина


Четириесет илјади вработени од сто државни институции веќе се во своите канцеларии во новата административна престолнина на Египет, објави претседателскиот портпарол Ахмед Фахми. Веста доаѓа откако премиерот Мостафа Мадбули на почетокот на јуни објави дека сите министерства ќе се преселат до крајот на месецот. Изградбата на новиот град, 60 километри источно од центарот на Каиро, […]

Тројца туристи исчезнаа во запален брод кај египетскиот брег на Црвено Море, 12 се спасени


Тројца британски туристи се исчезнати, а 12 се спасени откако денеска се запали моторен брод во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, соопштија египетски претставници и безбедносни извори, пренесоа британските медиуми. Спасените туристи биле сместени во одморалиштето Марса Шагра, заедно со 12 членови на египетскиот екипаж и водичот, за британските медиуми изјавија од канцеларијата […]

Грција и Египет потпишаа договор за соработка во воздухопловната и поморската потрага и спасување


 Меморандум за разбирање меѓу грчката и египетската Влада за соработка во областа на воздухопловната и поморската потрага и спасување, како и билатерален договор за 5.000 сезонски работници потпишаа во Каиро надлежните министри од Грција и Египет, јави дописничката на МИА од Атина. Министрите за одбрана на двете земји, Никос Панајотопулос и Мохамед Заки го потпишаа […]

Во автобуска несреќа загинаа најмалку 19 лица


Најмалку 19 лица загинаа, а шест се повредени денеска кога автобус излета од патот во канал во северен Египет, соопшти тамошното министерство за здравство. Во автобусот имало 35 лица, објави „Ројтерс“. Причината за несреќата засега не е позната.