Нема магично решение за преговорите со Македонија, велат во Европскиот парламент
(Од нашиот известувач) […]
(Од нашиот известувач) […]
Европскиот парламент ги усвои денеска барањата за конференцијата на Обединетите нации за климатски промени КОП29 за да се дефинира новата заедничка цел за финансирање акции за борба против климатските промени. За резолуцијата, која ја подготви Комисијата за животна средина, јавно здравје и безбедност на храна, гласаа 429 пратеници, 183 беа против, а 24 беа воздржани. […]
Урсула фон дер Лајен во средата остро го критикуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан, откако тој зборуваше во Европскиот парламент дека се дружи со Владимир Путин, дозволувајќи странско мешање на Русија и Кина и го разочара унгарскиот народ. „Сакам да ги прашам“, рече таа додека гледаше директно во Орбан: „Дали некогаш би ги обвиниле Унгарците […]
Пратениците во новиот 10-ти состав на Европскиот парламент денеска во Стразбур ќе одржат конститутивната седница на која треба да ги изберат претседателот и потпретседателите, а потоа да гласаат за изборот на Урсула фон дер Лајен за претседател на Европската Комисијата за вториот мандат. Конститутивната седница на ЕП трае од 16 до 19 јули. Европратениците треба […]
Со приближно 10 до 12 милиони жители во Европа, од кои околу шест милиони живеат во ЕУ, Ромите се едно од најбројните европски етнички малцинства. Сепак, во новиот состав на Европскиот парламент, избран минатата недела, првпат по 2004 година нема ниту еден европратеник припадник на ромската заедница. Еден од најгласните застапници за правата на […]
Европскиот парламент планира да отвори нова канцеларија во Западен Балкан со цел да се подобри контролата врз процесот на проширување, објави порталот „Еурактив“ (Euractiv). Во документот усвоен на пленарната седница на ЕП во Стразбур оваа недела се наведува дека отворање нова канцеларија на Западен Балкан е со цел да се понуди поголема поддршка на патот […]
Најновите случувања на Блискиот Исток, состојбата во Украина и европската поддршка на земјата, измените во правилата на Заедничката земјоделска политика, обвинувањата за обиди за ширење на руско влијание во институциите на ЕУ, ќе бидат меѓу главните теми на кои ќе се расправа на последното пленарно заседание на Европскиот парламент пред одржувањето на изборите за нови […]
Новите правила за миграцијата и азилот во ЕУ, реформата на европскиот енергетски пазар, зајакнувањето на борбата против сексуалната онлајн злоупотреба на деца, руските претседателски избори и неколку законски регулативи поврзани со заштита на животната средина, се главни теми за кои ќе се изјаснат европратениците на пленарната сесија на Европскиот парламент што ќе се одржи денеска […]
Повеќе од 550 вработени во Европскиот парламент биле психички вознемирувани на работа, покажа новото истражување што го спроведе движењето „МиТуЕП“ (MeTooEP). Тоа е речиси половина од 1.135 луѓе кои учествувале во анонимна анкета спроведена меѓу јуни и август 2023 година. Во истражувањето за искуствата од вознемирување на работното место учествуваа и осум европратеници, од кои […]
Конзервативните политички групации во Европскиот парламент ги обвинија левичарските групи Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), Зелените и Левицата дека имаат двојни стандарди околу принципите на владеењето на правото со тоа што се критички настроени кон Унгарија и Полска, а не реагираат на „контроверзните договори“ на Владата на Шпанија со сепаратистичките партии. – Социјалистите […]
Европскиот парламент го претстави предлогот за реформа на Договорот за Европската унија, кој предвидува усвојување на одлуки со квалификувано мнозинство во Европскиот совет и измени на правилата за состав на Европската комисија. Во пракса тоа би значело укинување на опцијата вето што може да ја користат сите 27 членки на ЕУ. Предлогот беше привремено претставен […]
Состојбите во Појасот Газа, намалување на емисиите на јаглерод диоксид и на користењето на пестицидите, иднината на ЕУ и европските избори следната година, ќе бидат меѓу темите за дебата на овонеделната сесија на Европскиот парламент во Стразбур. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, европратениците денеска ќе расправаат за предлогот за зајакнување […]
Европскиот совет денеска донесе одлука за бројот на пратеници до секоја земја членка на ЕУ кои треба да бидат избрани во Европскиот парламент за парламентарниот состав од 2024 до 2029 година. Согласно оваа одлука, како што соопшти Европскиот совет, во следниот Европарламент ќе има 720 пратеници при што двајца европратеници повеќе од досега ќе имаат […]
Шест шпански министри денеска во Европскиот парламент ќе ги претстават приоритетите на шпанското претседателство со ЕУ во нивните ресори. Пред Комитетот за вработување и социјални прашања на ЕП приоритетите ќе ги презентираат министрите за труд и социјална економија Јоланда Дијаз, за инклузија, социјална заштита и миграција Хозе Луис Ескрива и за социјални права Јоне Белара. […]
Европскиот парламент денеска го повика Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде потерница по белорускиот претседател Александар Лукашенко. „Меѓународниот кривичен суд веќе има налози за апсење на рускиот претседател Путин и руската комесарка за човекови права Марила Лвова-Белова, а сега европратениците го повикуваат МКС да разгледа сличен потег за Лукашенко“, се вели во соопштението на Европскиот […]
Европратениците денеска ги одобрија плановите за зголемување на производството на муниција и ракети во ЕУ и побрзо снабдување на Украина со муниција, објави Европскиот парламент. Актот е усвоен со 505 гласови „за“, 56 „против“ и 21 „воздржан“. Актот и вклучително финансирање од 500 милиони евра ќе овозможи зголемување на производствениот капацитет на ЕУ со цел […]
На изборите за Европскиот парламент следната година, изберете проевропски политичари кои ќе ја водат Хрватска напред, им порача на хрватските гласачи неговата претседателка Роберта Мецола пред нејзината посета на Загреб. Мецола доаѓа во Хрватска во прва службена посета како претседател на Европскиот парламент (ЕП) на 19 и 20 јуни на покана на претседателот на хрватскиот […]
Европарламентарците изгласаа на Република Северна Македонија да ѝ се одобрат 100 милиони евра преку инструментот за Макрофинансиска помош. Денеска членовите на Комитетот за меѓународна трговија го поддржаа предлогот на Европската комисија, со што средствата од овој инструмент наскоро ќе бидат ставени на располагање. Следува потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Република Северна Македонија и Европската […]
Европската комисија треба да развие европска велосипедска стратегија која ќе го удвои бројот на поминати километри со велосипед во Европа до 2030 година, ќе обезбеди поголем број велосипедски патеки и паркинг места и ќе ја зголеми безбедноста на велосипедистите во сообраќајот, се вели во резолуцијата изгласана ова недела од Европскиот парламент. Во резолуцијата усвоена […]
Илон Маск е поканет да дојде во Европскиот парламент за да учествува во јавна дискусија за Твитер, јави ДПА, повикувајќи се на писмо во кое имала увид. Во поканата до Маск се вели дека платформата не треба „ненамерно да стане катализатор за говор на омраза, мешање во изборите и лажни информации“. Писмото е со датум од вчера и […]