Европратениците ќе дебатираат по Предлог-извештајот на Вајц за земјава


Европскиот парламент ја повторува својата целосна поддршка на континуираната и доследна посветеност на Северна Македонија за приклучување кон ЕУ и на потребните трансформативни промени што се потребни за исполнување на критериумите за пристапување, ја пофалува посветеноста на земјата на европската интеграција и ги охрабрува континуираните напори за унапредување на реформите усогласени со ЕУ и покрај […]

За Георгиев, извештајот на ЕП за Македонија не е меѓународно правно обврзувачки


Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Република Северна Македонија нема меѓународно правно обврзувачка природа. Ова го изјави бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев пред бугарските новинари во Брисел, каде што учествуваше на вонреден состанок на неговите колеги. – Го почитуваме ЕП и неговите извештаи. Секоја земја-кандидат за членство во ЕУ мора да ги […]

Рокас без коментар за извештајот на Вајц: Европскиот парламент е независна институција


 Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска не сакаше да даде коментар за тоа дали смета дека извештајот на известувачот на Европскиот парламент Томас Вајц за Македонија ќе биде усвоен во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), чие гласање беше презакажано за 24 јуни, нагласувајќи дека ЕП е независна институција, која работи според сопствени правила.   -Европскиот […]

ЕП изненадувачки го отфрли буџетот на Советот на ЕУ за 2025 година, почнуваат нови преговори


Европскиот парламент изненадувачки ја отфрли резолуцијата за внесување измени во позицијата на Советот на ЕУ за буџетот на Унијата за следната година. Гласањето се одржа денеска во рамките на овонеделната пленарна сесија на ЕП во Стразбур. Преговорите ќе продолжат, а еден од известителите на Европскиот парламент по ова прашање, Виктор Негреску од групата на Прогресивниот […]

Потврдени сослушувањата на европските комесари за ноември, новата комисија на ЕУ во почетокот декември


Расправите за европските комесари ќе се одржат од 4 до 12 ноември, одлучија денеска високи членови на Европскиот парламент. Одржувањето на сослушувањата во ноември значи дека најраниот датум за започнување на работата на новата Европска комисија е почетокот на декември, иако датумот за почеток може да биде одложен за јануари доколку Парламентот одбие неколку номинирани […]

Европратениците ќе гласаат за реизбор на Фон дер Лајен за претседателка на ЕК


Европскиот парламент во рамките на своето првото заседание по евроизборите одржани во јуни, денеска во Стразбур ќе гласа за реизбор на Урсула фон дер Лајен на функцијата претседателка на Европската комисија.   На почетокот на денешното заседание Фон дер Лајен ќе има обраќање пред европратениците во кое ќе ги претстави своите визија и планови за […]

Партијата на Орбан со најголеми трошоци за онлајн рекламирање за Евроизборите


 Партиите ги зголемија своите трошоци за онлајн рекламирање во трката за гласови за изборите за членови на Европскиот парламент што се одржуваат неделава, при што лидер во оваа пропаганда е партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, која потроши најмногу средства за изборна кампања на платформите на „Гугл“, на „Фејсбук“, „Инстаграм“, како и нејзината мрежа […]

Француската екстремна десница води во анкетите на три месеци пред изборите за Европскиот парламент


 Француската екстремно десничарска партија Национален собир води во анкетите за претстојните избори за Европскиот парламент, со 12 отсто разлика во однос на владејачката коалиција на „Ренесанса“, покажува анкетата што вчера ја објави интернет телевизијата BFMTV . Екстремната десница, чија листа ја предводи младиот Џордан Бардела, би добила 29,5 отсто од гласовите, а центристичката коалиција „Ренесанса“ […]

Историска одлука на Европскиот парламент против уништувањето на шумите


Европскиот парламент во средата (19-ти април) гласаше за значајна регулатива за да се осигури дека производите што се продаваат во ЕУ не доаѓаат од обесшумена или деградирана земја. Регулативата на ЕУ за производи без уништување на шумите се однесува на говеда, какао, кафе, палмино масло, гума, соја и дрво. Исто така, опфаќа производи како кожа, […]

Средба на Џафери со потпретседателот на Европскиот парламент Касталдо


 Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери се сретна со потпретседателот на Европскиот парламент, Фабио Масимо Касталдо, кој учествуваше на Конференцијата на млади лидери, организирана од Собранието на Република Македонија и ЕП за политичкото учество на младите и младинските политики со пратеници од Западен Балкан. Џафери, како што соопшти неговиот кабинет, изразил благодарност до […]

Орбан: Гласањето на Европскиот парламент нема да ја загрози Унгарија


Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека гласањето на Европскиот парламент за поведување постапка против Унгарија нема да создаде опасност таа држава. – При ваков вид процедури, на крајот нема санкции. Нема опасност за Унгарија, рече Орбан. Според унгарскиот премиер гласањето било со цел за побрзо да ја ослабне позицијата на Унгарија како „симбол на […]

Орбан со остри напади кон Европскиот парламент за извештајот „Саргентини“


 Ден пред клучно гласање на Европскиот Парламент за суспензија на правото на глас на Унгарија во ЕУ, премиерот Виктор Орбан одржа жестока дебата со европратениците. Извештајот „Саргентини“, наречен по известувачот, европратеничката Јудит Саргентини, предвидува активирање на „нуклеарната“ опција – членот 7 на Повелбата на ЕУ, со која се суспендира правото на глас на земја членка […]

Димитров: Европскиот парламент подготвува резолуција за Македонија


Европскиот парламент подготвува нацрт резолуција за Македонија што ќе се разгледува во август, најпрво во комитетот за надворешна политика АФЕТ, а потоа и на пленарна седница, информираше министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој денеска е во работна посета на Европскиот парламент во Стразбур. Посочи дека тајмингот на неговата посета на ЕП е многу важен. […]

Закерберг прифати да сведочи пред Европскиот парламент


Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани соопшти дека извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг ја прифатил поканата и ќе се појави на сослушувањето во Брисел. Тајани додаде дека очекува сослушувањето да се одржи следната седмица кога претседателите на парламентарните групи ќе му поставуваат прашања на Закерберг. Според Тајани, ова е чекор кон обновување на довербата на […]

Европратениците поддржаа санкции против Полска


Европските парламентарци денеска ја одобрија одлуката за воведување казнени мерки, без преседан, против Полска поради нејзините активности со кои се поткопува владеењето на правото. Европската комисија ја обвини владејачката десничарска партија во Полска „Право и правда“ дека не го почитува владеењето на правото со реформите во правосудството и јавните служби што се воведени откако дојде […]