Европол идентификуваше 731 организирана криминална мрежа во Европа


Истрага на Европол откри дека во Европа дејствуваат 731 организирана криминална мрежа со повеќе од 400.000 членови од 118 различни националности, соопшти денеска европската полициска агенција. Според студијата на Европол, криминалните групи најчесто дејствуваат прекугранично и на високо професионално ниво, при што 85 проценти од нив користат легални деловни структури за извршување на криминалните активности. […]

Европол формира нова единица за засилување на борбата против шверцерите со луѓе


Европската Унија ги засилува напорите за борба против шверцувањето мигранти со нова единица во рамките на Европол, чија цел се меѓународните мрежи за шверц. Директорката на Европол, Кетрин Де Бол на прес-конференција во Хаг, денеска изјави дека мрежите за шверцување мигранти „оперираат со зголемена сложеност, како на интернет, така и надвор од него“. – Ако […]

Европол: Зголемена закана од тероризам во Европската Унија поради конфликтот во Иран


Заканата од терористички напади на територијата на Европската Унија (ЕУ) е зголемена поради конфликтот во Иран, објави денеска Европол, предупредувајќи дека иранските посреднички актери би можеле да започнат дестабилизирачки активности во земјите-членки. Портпаролот на Европол, Јан Оп Ген Орт, изјави дека нивото на терористичка и екстремистичка закана на територијата на ЕУ е оценето како „зголемено“, […]

Европол конфискува фалсификувани банкноти во висина од 1,2 милијарди евра


 Во операција на Европол откриени и конфискувани се фалсификувани пари во висина од 1,2 милијарди евра, соопшти денеска Агенцијата со седиште во Хаг. Повеќемесечната операција била спроведена во Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Турција, Велика Британија и САД. Полицијата и царината задржала голем број пратки […]

Акција на Европол против „Балканскиот картел“ во Германија


Тројца луѓе се уапсени, а различен имот во вкупна вредност од повеќе од пет милиони евра денеска е запленет во рамки на акција на полициските сили на повеќе европски земји, со поддршка на Европол, против припадници на т.н. Балкански картел во Германија. Во координираната истрага на органите за спроведување на законот од Австрија, БиХ, Хрватска, […]

Европол разби меѓународна албанска мрежа на организиран криминал, уапсени 10 лица


Десет членови на меѓународно активна албанска криминална мрежа вклучена во трговија со кокаин во големи размери и перење пари се уапсени во серија координирани рации во Албанија, објави Европол. Операцијата, спроведена на 7 и 8 август, беше координирана од страна на албанските сили за спроведување на законот и партнери од Белгија, Франција, Германија, Италија и […]

Европол: Во Шпанија уапсена група која пренела повеќе тони кокаин од Јужна Америка


Шпанската цивилна гарда уапсила 20 лица осомничени дека увезле неколку тони кокаин и листови од растението кока од Јужна Америка во Шпанија, соопшти денеска Европол. Полицијата изврши рација на 27 различни имоти во Мадрид, Понтеведра и Коруња. Во предградието на Мадрид е откриена и лабораторија за производство на кокаин со капацитет за производство на 100 […]

Европол: Шверцот на кокаин во Европа ќе продолжи да се зголемува во следните две години


 Шверцот на кокаин во Европа ќе продолжи да се зголемува во следните две години поради растечкото производство во Јужна Америка, изјави извршната директорка на Европската полициска служба (Европол), Кетрин де Бол, за ДПА. -Не можеме целосно да го спречиме бидејќи побарувачката е превисока, додаде таа. Истовремено, Европол забележува зголемен успех на истрагите во борбата против […]

Европол: Заканата од тероризам во Европа е зголемена по нападот на Хамас


 Ризикот од терористички напади во Европа е зголемен откако Хамас го започна нападот врз Израел на 7 октомври, соопшти полицискиот орган Европол за ДПА. -Неодамнешните напади во Брисел и Париз беа мотивирани од тоа, изјави денеска во Хаг Катрин Де Боле, директорка на Европол. Таа додаде дека терористичката закана се зголеми откако Хамас го нападна […]

Во полициска акција координирана од Европол идентификувани 39 педофили од Западен Балкан


 Голема заедничка операција против сексуалната злоупотреба на деца во Западен Балкан доведе до идентификување на 39 осомничени педофоили во осум земји, објави денеска Европол, истакнувајќи дека две жртви се ставени под системот за заштита. Во соопштението се прецизира дека акцијата „Мозаик 2023“ ја водела словенечката полиција, а била координирана од Европол во рамките на европската […]

Европол: Разбиена мрежа на шверцери на дрога претежно составена од Албанци


Во заедничка акција на Европравда, Европол и органите на прогонот во Германија, Италија и Холандија, разбиена е мрежа на шверцери на дрога главно составена од албански државјани, а во таа прилика беа уапсени 35 осомничени и претресени 51 место. Во акцијата учествувале повеќе од 600 полицајци, а криминалната мрежа наводно е одговорна за големиот шверц […]

Грција побара помош од Европол во истрагата за катастрофата со бродот со мигранти


 Грчките органи за спроведување на законот побараа од европската полиција Европол поддршка во нивната истрага за катастрофата со бродот со мигранти во Средоземното Море, во која се верува дека загинаа неколку стотици луѓе, додека потрагата по преживеани завршува, јави ДПА. Истрагата се фокусира на деветмината преживеани кои беа уапсени како осомничени шверцери. Еден од нив […]

Голема акција на Европол: Уапсени 288 лица, запленети дрога и оружје


Во операција со кодно име SpecTor, координирана од Европол, беа уапсени 288 лица осомничени за купување или продавање дрога на dark web. Во рамки на акцијата запленети се повеќе од 50,8 милиони евра во готовина и виртуелни валути, 850 килограми дрога и 117 парчиња огнено оружје.   Запленетата дрога вклучува повеќе од 258 килограми амфетамин, […]

Преку „подземна“ банка наркобанда испрала 180 милиони евра


Европол соопшти дека во заедничка акција со белгиската и шпанската полиција откриен е сложен и професионален систем за перење пари преку поморските и воздушните пристаништа во ЕУ. Преку „подземната“ банка  криминалците успеале да исперат  180 милиони евра добиени  од  илегална трговија со кокаин. Криминалната група ја сочинувале марокански, шпански и белгиски државјани, а биле активни […]

Разбиен „суперкартелот“ одговорен за третина од кокаинот во Европа


  Во координирани акции спроведени помеѓу 8 и 19 ноември низ Европа и Обединетите Арапски Емирати е разбиен таканаречениот „суперкартел“ за трговија со дрога, соопшти денеска Европол. Во акцијата се уапсени 49 осомничени членови на картелот што контролираше речиси третина од трговијата со кокаин во Европа. Обемот увезен кокаин во Европа под контрола на осомничените бил […]

Спасовски во дводневна посета на Кралството Холандија


  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска и утре заедно со висока делегација од Министерството за внатрешни работи ќе ги посети Хаг и седиштето на ЕВРОПОЛ во Кралството на Холандија. -При посетата на ЕВРОПОЛ, Спасовски ќе оствари средба со извршната директорка, Катрин Де Бол, а потоа ќе присуствува на презентации од страна на експерти […]

Европол разби балкански картел кој шверцувал кокаин од Јужна Америка


  Полицијата од Хрватска, Италија, Црна Гора, Холандија, Португалија, Србија и Шпанија, во координирана акција со Европол, разбија криминална организација која тргувала со кокаин од Јужна Америка во Европската Унија. Истрагата за оваа криминална мрежа траела неколку години, а вклучувала бројни држави членки на ЕУ и земји од регионот на Западен Балкан. Криминалната банда главно […]

Следете ги парите на криминалните организации, е пораката од извршната директорка на Европол до македонската полиција


Македонската полиција е веќе на високо ниво во соработката со Европол. Сега треба да се утврдат следните чекори и да се следат парите на криминалните организации, е пораката што ја упати во интервјуто за МИА извршната директорка на Европската агенција за спроведување на законот – Европол, Катрин де Бол. Таа потенцира дека соработката е многу […]

Европол добива поголеми овластувања


 Пратениците од Европскиот парламент дадоа зелено светло за поголеми овластувања на Европол во борбата против новите закани, кои ќе бидат придружени со подобра заштита на податоците и построг надзор. Со 480 гласа „за“, 143 „против“ и 20 „воздржани“ Европарламентот формално го одобри договорот усвоен во февруари меѓу Парламентот и преговарачите на ЕУ за зајакнување на […]

Голема операција на Европол против рускиот незаконски имот


Холандија – Европол заедно со земјите-членки на ЕУ, со Европравда и со Фронтекс вчера почнаа операција наречена „Оскар“, насочена кон руски поединци и компании, кон кои се воведени санкции поради  војната во Украина. – Операцијата има за цел да ги поддржи финансиските истраги во земјите-членки на ЕУ против незаконски имот во сопственост на физички и правни […]