Годинава не се планира нова еврообврзница, вели Димитриеска Кочоска


До крајот на оваа година не се планира издавање нова Еврообврзница. Се она што беше планирано со Буџетот за 2026 година при неговото носење за обезбедување средства најпрвин за отплата на старите долгови е веќе реалзирано и останува до крајот на годината обезбедување средства за финансирање на буџетскиот дефицит. Ова го истакна министерката за финансии […]

Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра


Министерството за финансии денеска изврши исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главница и 11,6 милиони евра за камата) со што во целост е заокружено сервисирањето на обврската по Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Средствата за сервисирање на оваа обврска државата, односно Министерството за финансии, ги […]

Владата ќе се задолжи со уште 300 милиони евра на меѓународниот пазар. Дали Буџетот е ликвиден?


  Владата се подготвува за ново задолжување од 300 милиони евра на меѓународниот пазар. Ова доаѓа откако пред само еден месец државата се задолжи за една милијарда евра преку издавање две еврообврзници за враќање на доспеаните долгови, но и за покривање на планираните буџетски потреби. Засега нема подетални објаснувања за што ќе бидат наменети средствата. […]

Хрватска издаде 10-годишна еврообврзница со принос од 3,298 проценти


Министерството за финансии на Хрватска успешно издаде 10-годишна еврообврзница во вредност од две милијарди евра на меѓународниот пазар, со купонска каматна стапка од 3,25 проценти и принос од 3,298 проценти, објави министерството во среда. „На 17 февруари 2026 година, Министерството за финансии на Република Хрватска успешно спроведе понуда на еврообврзници на меѓународниот пазар на капитал […]

Димитриеска Кочоска не сака да им отежне на идните министри за финансии, затоа еврообврзницата ќе биде во два дела


Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска потврди дека во првиот квартал годинава ќе биде издадена нова еврообврзница која ќе биде во два дела, но со различна рочност. – Ќе биде во првиот квартал, работиме на тоа, ќе бидете информирани кога ќе ја започнеме целата постапка. Ќе остане во два дела, две еврообврзници по 500 […]

Еврообврзницата ќе се издаде во првиот квартал од 2026 година во два дела со различна рочност


Еврообврзницата која што е предвидено да се издаде на меѓународниот пазар следната година ќе биде поделена во два дела од по 500 милиони евра со различен рок на доспевање. Ова го соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на вчерашната средба со новинари на која посочи дека целта на издавање на еврообврзницата во два дела со […]

Еврообврзницата става „рампа“ на предвремени избори: Мицкоски објаснува зошто ќе има редовни


Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во моментов не гледа никаков индикатор за предвремени избори, иако анкетите кои што ги прават во партијата покажуваат убедливо водство пред другите партии во државата. Тој денес на брифинг со новинарите рече дека следните парламентарни избори ќе бидат редовни, во пролетта 2028 година, „ако нема некои позначајни промени“. […]

Се подготвува еврообврзница за следната година, ќе биде над 700 милиони евра


Во однос на фискалната стабилност, Министерството  за финансии веќе работи на подготовка за издавање на нова еврообврзница следната година, со цел да се обезбедат средства за сервисирање на Еврообврзницата што доспева во 2026 година и е во износ од 700 милиони евра, кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Телевизија Сител.   „Тоа […]

Димитриеска-Кочоска најави еврообврзница од најмалку 700 милиони евра на почетокот на 2026


Состојбите во економијата, политиките што ги презема Владата и посветеноста во остварување на тие политики со цел остварување на планираниот економски раст и стабилизирање на инфлацијата се дел од пораките што министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе ги пренесе на средбите во Вашингтон, кадешто учествува на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, […]

Потпишан Договорот за заем од Унгарија од 500 милиони евра, парите се за отплата на еврообврзницата во јануари


Петстотини милиони евра се обезбедија од унгарската Експорт-импорт банка за редовно и целосно сервисирање на обврските коишто доспеваат во јануари 2025 година по основ на издадена Еврообврзница во 2018 година. Договорот за заем со унгарската Експорт-импорт банка денеска во Будимпешта го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. „Денеска во Будимпешта потпишавме нов Договор за заем […]

Ако се најде заем по подобри услови нема да се повлече втората транша од кредитот од Унгарија, вели Мицкоски


Втората транша од заемот од Унгарија во износ од 500 милиони евра ќе се повлече доколку не се најдат пари по поволни услови од тие што ги нуди унгарската Експорт импорт банка, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски. Тој, одговарајќи на прашања на новиарите, при неговата посета на Брвеница, рече дека тие пари се потребни за […]

Годинава повеќе нема да се издава еврообврзница


Оваа година повеќе нема да се издава Еврообрвзница, соопшти денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. – Наместо да имаме вторпат издадавење еврообврзница, оваа година повеќе нема да имаме издавање еврообврзница, оттаму што веќе две години се преговара за поволни услови за финансирање на буџетот. Тоа е преку макрофинансиска помош од Европската комисија, потоа преку Светска […]

Годинава ќе нема нова еврообврзница, Ковачевски оди во Вашингтон по кредит од Светска банка


До крајот на оваа година нема да има нова еврообврзница, изјави денес премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашања на новинарите по отпочнување на градежните работи на делницата Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д. Наместо еврообврзница, државата се насочува кон проектно задолжување, за што веќе следната недела ќе се договара нов заем од Светска банка, посочи Ковачевски, […]

Албанија со нова еврообврзница од 600 милиони евра


 Албанската Влада ќе издаде нова еврообврзница, со која ќе се задолжи со 600 милиони евра. Министерката за финансии и економија Делина Ибрахимај,  денеска,  во изјава за медиумите,  по владината седница, изјави дека постапката се уште не е затворена. -Се очекува таа да се затвори во текот на оваа недела, а потоа ќе ги детализираме и […]

Бесими: Трошокот за враќање на стариот долг остана ист


Пазарот нуди различни инструменти, а трошокот или каматата е таа што дефинира кој ќе го избереме. Тоа беше одлучувачко и за нас при повторената аукција за 9-тата еврообврзница, да направиме трошокот да не биде повисок од претходната аукција, која поради технички аспекти се откажа. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во […]

Бесими уверува дека еврообврзницата нема да не чини поскапо од онаа што не беше издадена


  Министерот за финансии Фатмир Бесими уверува дека новата еврообврзница нема да не чини поскапо од онаа што не беше издадена поради административните процедури односно поради тоа што се чекаше потпис од новиот министер за правда. Со цел да не се повтори истата ситуација, Бесими најавува законски измени. – Во услови на инфлација што од […]

Мицкоски: Штетата од пропадната и новата еврообврзница е 18 милиони евра


Штетата од пропаднатата и новата еврообврзница е околу 18 милиони ерва, а со тие пари можеа да се изградат најмалку 10 најсовремени училишта, градинки или спортски сали или  пак да им се дадат на производителите на леб за да не се зголемува цената за граѓаните, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.   По промената […]

Битиќи: Треба да има одговорност ако се утврди човечка грешка за еврообврзницата


  Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека треба да има одговорност доколку се утврди човечка грешка во процесот на издавањето на еврообврзницата која што беше повлечена.   Одговарајќи на новинарско прашање колкава е штетата за еврообврзницата која што беше повлечена, Битиќи на маргините на конференцијата за дигитализација на царинското работење, рече дека прашањето е […]

Новата аукција ја зголеми цената: Еврообврзницата 500 милиони евра со камата од 6,96 отсто


Македонија се задолжи на меѓународниот финансиски пазар со издавање на еврообврзница, деветта по ред до сега, во износ од 500 милиони евра со купонска каматна стапка од 6,96 отсто. Со другите трошоци, фактички каматата е 7,25 отсто. Рокот на отплата е четири години. Како што посочуваат од Министерствот за финансии, заинтересираноста на инвеститорите за деветата […]

Денеска нова аукција за деветата еврообврзница, износот зависи од каматата


Денеска се одржува аукцијата за деветата еврообврзница. Агентите и потенцијалните инвеститори се известени, а според изразениот интерес кај инвеститорите се очекува успешна аукција, соопштија од Министерствот за финансии.  Сумата на која ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот, а во насока на нашите заложби за задржување на најоптимално должничко портфолио според […]