Над еден милион патници влегле во Грција преку Евзони од почетокот на летото


Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Зголемениот број возила на граничниот премин Евзони и […]

Суспендиран ЕЕС системот на „Евзони“ за да поминат Србите


Српските патници кои пристигнаа на граничниот премин Евзони рано утрово доживеаја неочекуван пресврт на настаните кога, поради големите толпи и долгите редици предизвикани од новиот EES систем на ЕУ, неговата примена беше привремено суспендирана. Србите кои пристигнаа на Евзони со автобус утрово околу 3 часот, пред зори, останаа во шок. Пред нив имаше уште најмалку […]

Грција поставува модуларни контролни пунктови на Евзони за да се скрати времето на чекање


На ситуацијата на копнените гранични премини со спроведувањето на ЕЕС системот, можноста што европската регулатива ја дава за привремена суспензија на биометриската регистрација, но и на одлуката да се постават модуларни контролни пунктови на Евзони со кои една сообраќајна лента се претвора во две, со цел да се скрати времето на чекање, се осврна заменик-министерот […]

Српските туристи летово може да куртулат од EES при влез во Грција


Српските туристи летово може да поминат полесно на грчките граници, откако од Белград пристигнаа најави дека Грција ќе применува пофлексибилен режим за новиот европски систем за влез и излез, познат како EES. Иако официјална одлука за целосно суспендирање на системот нема, српските претставници очекуваат дека во шпицот на туристичката сезона контролите нема да се спроведуваат […]

Вака ќе изгледа граничниот премин Евзони откако ќе се модернизира


Архитектонска и енергетска надградба на постојните објекти, подобрување на сообраќајната инфраструктура и организирање на сообраќајот, зголемување на капацитетот и квалитетот на пасошката, царинската, фитосанитарната и на ветеринарната контрола, овозможување современи и ефикасни гранични услуги, побрз проток на патници и стоки, намалување на времето на чекање и усогласување со европските стандарди, предвидува проектот „Надградба на копнениот […]

Грчкиот министер за заштита на граѓаните порача дека нема да се дозволи повторно да се затворат граничните премини


Нема шанси повторно да се затвори царинска служба на граничен премин и тоа го нагласувам јасно, истакна министерот за заштита на граѓаните на Грција, надлежен за полицијата Михалис Хрисоходис говорејќи за блокадите на земјоделците. Во интервју за радиото „Скај“, Хрисохоидис посочи дека Владата покажа огромна толеранција за сето она што се случува во економијата на […]

Грчките земјоделци го затворија на четири часа граничниот премин Евзони за сите возила


Од 11 часот по македонско (12 часот по локално време) во прекин е сообраќајот за сите возила на граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција поради блокадата на грчките земјоделци, што, според информациите на дописничката на МИА од Атина, ќе трае до 15 часот по наше, 16 часот по грчко […]

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони


На шест часа, почнувајќи од 17 часот по македонско време (18 часот по локално време) грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премини Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција, јави на дописничката на МИА од Атина. Блокадата се очекува да трае до полноќ по грчко, 23 часот по македонско време […]

Од 17 часот затворен граничниот премин Евзони


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Од 17:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е во прекин за секаков тип на возила, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на […]

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја


Денеска и утре, поради празникот Водици во Грција, според најавите, грчките земјоделци нема да го блокираат граничниот премин Евзони и сообраќајот се очекува да се одвива непречено, како што беше случај за Божиќ и за Нова година, со цел да се олесни патувањето на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина, Од друга страна, на […]

Вечерва нова четиричасовна блокада на Евзони за сите возила, утре и задутре – непречено


Од 18 до 22 часот по македонско, односно од 19 до 23 часот по грчко време, според информациите на дописничката на МИА од Атина, повторно ќе биде затворен граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сите возила, додека пак во следните два дена не се планирани блокади поради утрешниот […]

Повторно затворен граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција


Грчките земјоделци вечерва повторно го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сите видови возила, блокада, што се очекува да трае до 22 часот по македонско, односно 23 часот по грчко време, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот граничен премин и вчера беше затворен во попладневните часови, […]

Попладнево се затвора Евзони за сите возила за влез и излез од Грција


Во периодот од 17 до 21 часот по македонско, односно од 18 до 22 часа по грчко време, по пауза од три дена поради празниците, грчките  земјоделци повторно ќе го блокираат граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сите видови возила, јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците од […]

До петок без блокади на граничниот премин Евзони


Земјоделците во цела Грција од денеска до петок нема да ги блокираат автопатиштата и граничните премин, со што сообраќајот овие три дена ќе се одвива непречено со цел да се олесни патувањето на граѓаните за Нова година, додека пак в недела, на состанок ќе се донесат одлуки за следните чекори, јави дописничката на МИА од […]

Преминот Евзони повторно затворен, Мицотакис повикува на дијалог објави


Грчките земјоделци и за денеска најавуваат две четиричасовни прекини на сообраќајот на граничниот премин Евзони кон Македонија. Ќе има застој во сообраќајот за сите видови возила при влез и излез од Грција, од 11:00до 15:00часот по македонско време (12:00 до 16:00часот по грчко време) и од 17:00 до 21:00 часот (18:00до 22:00часот по локално време). […]

Земјоделците привремено ги отворија сите автопатишта во Грција


Грчките земјоделци, привремено, поради Божиќ ги отворија сите блокади низ целата земја, со што сообраќајот на автопатиштата се одвива непречено, но сепак тракторите остануваат паркирани на крајните коловозни ленти на низа локации во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците, кои на 30 ноември ги започнаа протестите во земјата, решија до петок да ги […]

Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја


Попладнево од 18 часот по грчко време (17 часот по македонско) граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја, ќе бидат затворени на четири односно шест часа, поради блокадите на грчките земјоделци, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА во периодот меѓу 18 и 22 часот по грчко време, како и […]

Попладнево нови блокади на граничните премини Евзони и Ники


Во попладневните часови, грчките земјоделци повторно ќе ги затворат граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја, едниот за сообраќај на сите возила, другиот, само за товарни возила, како што е пракса во изминатите денови, додека попладнево се очекува на состанок, земјоделците од цела Грција да се одредат следните чекори, јави дописничката на МИА од […]

ГП Евзони е повторно затворен за сообраќај


Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека граничниот премин Евзони (ГП Богородица) е затворен за сообраќај од 11 часот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Фреквенцијата на сообраќај на патните правци надвор од градовите е умерена. На македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ потсетува […]

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени


Протест на пристаништето во Солун за претпладнево закажаа земјоделците од северна Грција, каде што ќе пристигнат со трактори, автобуси и земјоделски возила од блокадите поставени во околината на градот, а поради собирот граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја, барем додека трае протестот, се очекува да останат отворени, јави дописничката на МИА од Атина. […]