МНР: Осумчленото семејство заглавено во Судан ќе биде евакуирано


По добиената информација за осумчлено семејство, државјани на Република Северна Македонија, кое се наоѓа во загрозените подрачја на Судан, Министерството за надворешни работи, преку својата амбасада во Каиро веднаш стапи во контакт и доби потврда дека сите нејзини членови се во добра здравствена состојба.    Министерството преку дипломатската мрежа во регионот е во постојана комуникација […]

Француски државјанин бил застрелан при евакуацијата од Судан


Француски државјанин е застрелан додека се обидувал да се евакуира од Судан додека борбите продолжуваат во главниот град Картум и покрај ветениот прекин на огнот. Суданската војска соопшти дека ривалските сили за брза поддршка (РСФ) отвориле оган врз француски конвој за време на неговата евакуација, при што бил ранет француски државјанин. Како одговор, РСФ тврдеше […]

Дојава за поставени бомби во повеќе училишта во Сараево


  Во Кантонот Сараево, во Босна и херцеговина, денеска примени се дојави за поставени бомби во повеќе училишта, јавија сараевските медиуми. Учениците се евакиурани и оратени дома, а речиси на сите им е препорачано вклучување на онлајн настава, без разлика дали во нивното училиште има дојава или не. Ваквите дојави се зачесетени преиодов и најчесто […]

„Ќе бидете кренати во воздух“ – евакуирано градското собрание во Подгорица


„Ќе бидете кренати во воздух“, поради ваква порака е евакуирана зградата на градското собрание на Подгорица. Работник околу 19 часот ја пронашол пораката со закана, пишува Вјести. Полицијата е на лице место и врши антитерористички проверки, а пристигнуваат и екипи на Итната помош. Во тек е евакуација на објектот. Во една од просториите на зградата […]

И ова утро дојави за бомби во училиштата во Скопје


Евакуација на учениците и на персоналот се врши во скопското средно училиште „Владо Тасевски“, откако утрово повторно, по кој знае кој пат, добиле дојава за поставена експлозивна направа во објектот.  Вчера, пак, во ова училиште не стигна ваква дојава, иако имаше во други училишта, но и во институции, меѓу кои и председателската палата, музeи, хотели, […]

Повторно евакуација во 18 основни и средни училишта во Скопје


Децета од ООУ „Лазо Ангеловски“, како и целиот персонал во училиштето, денеска повторно се евакуирани по дојава за поставена бомба во објектот на училиштето. Евакуирано е ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар Аеродром. Родителите се револитрани. Коментираат дека најдобро е да дадат отказ од работа, за да можат да си ги земаат децата секојпат кога […]

Погледнете како изгледаше симулациската вежба за евакуација во „Лазо Ангеловски“


Во средата, во  ООУ „Лазо Ангеловски“–Аеродром, беше реализирана симулациска вежба „Евакуација на ученици, персонал и повредени во случај на земјотрес и пожар“. На вежбата учествуваа волонтери од Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст на Град Скопје , ПСОН Аеродром, Противпожарна бригада Скопје, ДПД „Бајрам Мифтари“. Волонтерите заедно со доброволните пожарникари вршеа пребарување, евакуација […]

Евакуација на туристите заглавени на Мачу Пикчу поради протестите што го зафатија Перу


Околу 200 од туристите кои беа блокирани во познатиот археолошки комплекс во Перу, Мачу Пикчу, се евакуирани од таму поради протестите што го потресуваат Перу околу 10 дена. Евакуацијата е извршена со воз. Туристите биле пренесени во градот Пискакучо. Таму, пак, огромен камен ги блокираше шините и туристите, од кои повеќето Европејци и Северноамериканци, мораа […]

Утрово, нови дојави за бомби во 15 училиштата во Скопје


Утрово, повторно пристигнале закани за поставени бомби во училиштата во Скопје.  Според ученици од гимназијата „Орце Николов“, по примената дојава за поставена бомба во просториите на учулиштето, учениците и вработените се евакуираат. Дојава има и во „Владо Тасевски“. На местото се припадници на антитерористичката единица кои со детектори и со кучиња ја пребаруваат зградата. – […]

Почна евакуацијата од Херсон


  Украинските власти почнаа да ги евакуираат граѓаните од градот Херсон, неодамна ослободен од трупите на Украина по неколкумесечна руска окупација, јави ДПА. Сто лица патувале со воз до градот Хмелницки во западна Украина, соопшти  украинското Министерство за инфраструктура. Меѓу нив има 26 деца и шест болни лица. По пристигнувањето во Хмелницки, сите евакуирани ќе […]

Верешчук: Жителите на Херсон да се евакуираат во текот на зимата на побезбедни места


 Украинската влада ги повика граѓаните на Херсон да се евакуираат во побезбедни региони на земјата во текот на зимата. Министерката за реинтеграција на привремено окупираните територии во Владата на Украина, Ирина Верешчук, апелираше до жителите на Херсон, особено до ранливите категории – жени со деца, стари лица, болни и лица со тешкотии во движењето, да […]

Украина го евакуира населението од ослободените подрачја поради проблеми со електричната енергија


Украинските власти денеска соопштија дека почнале со евакуација на населението од неодамна ослободената област Херсон и од соседната провинција Николаев, бидејќи стравуваат дека штетите на инфраструктурата се преголеми за нормално снабдување со електрична енергија во текот на зимата. -Властите ги советуваат жителите на тие две области на југот на Украина, кои беа под артилериски оган […]

Русите нудат 100.000 рубли за секој што од Херсон ќе се пресели во Русија


  Прорускиот челник на украинскиот окупиран регион Херсон, кој го постави Москва, понуди еднократна исплата од 100.000 рубли (нешто повеќе од 1.600 евра)  на „секој евакуиран жител“ на Херсон кој ќе го напушти градот и ќе се пресели во Русија. Кирил Стремусов, еден од челните луѓе на проруската администрација на окупираниот Херсон, денеска на својот […]

Бангладеш планира масовна евакуација пред удар на циклон


Тропска бура во Бенгалскиот залив што се движи кон Бангладеш ги принуди локалните власти да планираат евакуација на стотици илјади жители на крајбрежјето, соопштија денеска властите. – Подготвивме засолништа за циклонот за да сместиме околу 2,5 милиони луѓе во 15 крајбрежни области, рече во Дака Енамур Рахман, државен министер за помош и управување со катастрофи. Повеќе од […]

Проруска администрација: Евакуирани 15.000 луѓе од Херсон


 Проруската администрација во областа Херсон на југот на Украина денеска соопшти дека поради напредувањето на украинските војници од таа територија, која беше анектирана од Москва, се евакуирани 15.000 луѓе.   „Продолжува мирната евакуација на жителите од областа Херсон“, изјави преку Телеграм прорускиот функционер Кирил Стремусов.   Проруските власти во Херсон вчера најавија почеток на евакуации […]

Големи шумски пожари во Франција, во тек евакуација (видео)


Пожарникарите се борат против големи шумски пожари на францускиот југозападен брег на Атлантикот, затоа што сушата и топлотниот бран створија идеални услови за ширење пожари. Шумксите пожари во областите Ландирас и Тесте-ду-Буч проголтаа околу 450 хектари земја. Од Бордо можење да се види голем столб црн чад, пренесе Франс инфо. #incendie #gironde #landiras pic.twitter.com/Q5HPZEujha — […]

Активни два големи шумски пожари во Грција, евакуирани села и хотел


Над 200 пожарникари во текот на ноќта се бореа со огнените јазици на две различни локации, во централна Грција и на Пелопонез, по пожарите што избувнаа вчера и се сè уште активни, а превентивно беа евакуирани села, како и еден хотел, јави дописничката на МИА од Атина. Битката со огнената стихија продолжува и утрово, пожарите […]

Пожар на Пелопонез, превентивно евакуирани четири села


Подобрена е ситуацијата со пожарот што вчера избувна во западниот дел на Пелопонез, а синоќа, превентивно беа евакуирани жителите на четири села, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката противпожарна служба, во пожарот интервенираат 195 пожарникари со седум пешадиски тимови и 48 возила, два авиона и два хеликоптера, а помагаат волонтери пожарникари и цистерни […]

Евакуирани 3.000 лица поради голем пожар во Шпанија


Над 3.000 луѓе се евакуирани во Шпанија во текот на ноќта, поради шумски пожар во туристичкиот регион Коста дел Сол, јави ДПА. Причината за пожарот, што изби вчера попладне, сè уште не е утврдена. Најзагрозени беа 8.000 жители на Бенахавис и 300 на Пујера, западно од Малага. Повредени се тројца пожарникари. Температурите над 30 Целзиусови […]

Во Сараево евакуирани основни училишта по дојава за поставена бомба


Стотици ученици од четири основни училишта во главниот град на БиХ, Сараево денеска се евакуирани по дојави за поставени бомби. Училиштата преку електронска пошта биле известени дека во објектите е поставена бомба, а учениците и наставниците, од превентивни причини, веднаш се евакуирани. На терен е полицијата која проверува дали заканата е реална. Во изминатиот период во Сараево зачестија дојавите […]