Македонија 2025 објави повик за обука на наставници за ефективна настава по природни науки


  Македонија2025 објавува единствена можност за обука на 20-25 наставници по природни науки во основните училишта во Македонија. Обуката се реализира како дел од соработката на Македонија2025 со компанијата „Џонсон Мети“, во рамки на програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“. Целта на проектот е да ги обучи наставниците по природни науки во руралните/урбаните […]

Битиќи и Бектеши во ЕБОР: Поддршка за енергетски проекти за забрзана енергетска трансформација


Вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Лондон остварија средба со генералната директорка во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за одржлива инфраструктура, Нандита Паршад. На состанокот на кој присуствуваше и генералниот директор на НОМА Гас, Бајрам Реџепи, главен фокус беа активностите и проектите кои со поддршка на ЕБОР се […]

Инфлацијата ќе продолжи да паѓа, да се работи на реформите, порачува потпретседателот на ЕБОР, Питер Санфеј


Финансиската стабилност на македонската економија е силна и длабоко зајакната во изминатите години. Банките се добро капитализирани, профитабилни, нивото на нефункционални кредити е прилично ниско, така што не сме загрижени за стабилноста на финансискиот систем на оваа земја, вели за МИА Питер Санфеј, потпретседател на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Санфеј е сигурен […]

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од 2 отсто


Северна Македонија годинава ќе забележи раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 2 отсто, а во 2024 од 3 проценти, прогнозира Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај за состојбата на економиите во регионот што го покрива. – Растот на БДП веројатно ќе остане скромен во 2023 година од околу 2 отсто, […]

ЕСМ со 100 милиони евра заем од ЕБОР ќе ја забрза „зелената“ транзиција


Поддршка во финансирањето на трошоците за унапредување на производниот процес, инвестиции во нови обновливи извори на енергија и одржување на веќе изградените централи од обновливи извори, е целта на заемот вреден 100 милиони евра што го обезбеди ЕБОР за АД ЕСМ. Договорот за заемот беше потпишан денеска во Министерството за финансии. Заемот е со рок […]

МФ: Обезбедени 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка за справување со енергетската криза


Владата обезбеди 100 милиони евра поволни средства за поддршка на ЕСМ што е дел од активностите што се преземаат за справување со енергетската криза. Законското решение за да може овие средства да станат достапни на АД ЕСМ од Европската банка за обнова и развој беше поддржано вчера од страна на Собранието, соопшти Министерството за финансии. […]

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто, а следната три проценти


Северна Македонија годинава ќе има раст на БДП од два отсто, а во нардната од три проценти, се наведува во најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за регионалните економски перспективи. Целиот регион на Западен Балкан во 2023 ќе забележи раст од 2,2, а догодина од 3,4 отсто. Албанската економија годинава ќе […]

Бесими – Руе: Финансиската поддршка од ЕБОР клучна во повеќе инфраструктурни проекти


Капиталните инвестиции се еден од клучните приоритети во владината програма, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на средбата со директорката на Европската банка за обнова и развој – ЕБОР за Централна и Југоисточна Европа, Шарлот Руе и шефот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава, Анди Аранитаси. На денешната средба, информираат од Министерството за финансии, тема на […]

Нови проценки на ЕБОР: БДП на Македонија годинава ќе порасне за 2,0 отсто


  Бруто домашниот производ (БДП) на Македонија годинава ќе порасне со стапка од 2,0 отсто, а следната година за 3,0 отсто, покажуваат новите прогнози на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Врз основа на новите, ревидирани податоци, дадени се прогнози за регионалната економска перспектива. Споредено со септемвриските вредности, растот на БДП во 2022 година […]

Оптимистичка прогноза на ЕБОР: Албанската економија ќе порасне за 3 отсто, но инфлацијата и иселувањето се закана


Масовната имиграција ја намалува работната сила и долгорочно може да влијае на економскиот раст на земјата.   Загриженоста, како што јави Топ чанел,  ја изнесол гувернерот на Централна банка на Албанија Гент Сејко, при  презентацијата на Извештајот за транзиција за периодот 2022-2023 година, подготвен од Европската банка за обнова и развој(ЕБОР).   – Како земја […]

„Кристал 1923“ инвестира во современа, поеколошка опрема со поддршка на ЕБОР И ЕУ


  Со растечките цени на енергијата и останатите предизвици, светските пазари и ланците на снабдување, насекаде ги поттикнуваат деловните ентитети да размислуваат како да ја зголемат продуктивноста и да ги намалат трошоците за електрична енергија. Во Северна Македонија, една од многуте компании кои решија да инвестираат во енергетска ефикасност е „Кристал 1923“, компанија со долгогодишна […]

Над 200 компании во Северна Македонија ја подобрија конкурентноста со помош на ЕБОР и ЕУ


Над 200 мали и средни претпијатија (МСП) во Северна Македонија успешно ги имплементираа инвестициските проекти и ја подобрија конкурентноста благодарение на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ), преку Програмата за конкурентност на МСП. Овие резултати беа презентирани на денешниот настанот кој се одржа во Скопје, а на кој беа присатни Фатмир Битиќи, Заменик Подпретседател […]

Бесими очекува поддршка од ЕБОР за реализација на капиталните инвестции


  Капиталните инвестиции се еден од најзначајните приоритети на Владата и тие во буџетот за 2023 година се планирани на ниво од 790 милиони евра. Во реализацијата на овој приоритет Владата добива значајна поддршка од меѓународните финансиски институции. Меѓу најголемите поддржувачи на значајни крупни проекти за инфраструктурно поврзување, заштита на животната средина, енергетска независност и […]

ЕБОР ја почна програмата за Млади во бизнис во Западен Балкан


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја почна програма Млади во бизнис на Западен Балкан со доделување заеми на Банка Интеса Белград и на микро-финансиската институција Ми-Боспо на свечен настан во Белград. Банката обезбедува заем од 15 милиони евра на Банка Интеса Белград и заем од 500.000 евра на Ми-Боспо наменети за млади претприемачи. […]

Силна поддршка од ЕБОР, ќе се заокружи и финансирањето на интерконекторот со Грција


Република Северна Македонија  има значајна поддршка во реализација на нејзините приоритети од меѓународните финансиски институции. Меѓу најголемите поддржувачи во спровеведување на приоритетните проекти за инфраструктурно поврзување, заштита на животната средина и енергетска независност што ги спrоведува земјава има од Европската банка за обнова и развој. Поддршката од оваа меѓународните финансиска институција на земјава достигна 2,5 […]

Владата даде зелено светло за заем од ЕБОР до 100 милиони евра за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ


На денешната седница, Владата го разгледа и го пушти во понатамошна процедура до Собранието и Предлогот на Закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем во износ до 100 милиони евра за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје во услови на енергетска криза, кој […]

Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола


Министерот за финансии Фатмир Бесими, директорката за инфраструктура за Европскиот регион во ЕБОР, Сузан Горансон, шефот на Канцеларијата на ЕБОР во РС Македонија, Анди Аранитаси, како и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски денеска ги потпишаа договорите за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце […]

ЕБОР одобри 25 милиони евра кредит за изградба на големи фотоволтаични централи во Осломеј и во Битола


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри 25 милиони евра на ЕСМ за изградба на 30 MW фотоволтаици (ФВ), проект кој се состои од 10 MW фотоволтаици поставени на веќе експлоатираниот рудник за јаглен на Термо-електричната централа Осломеј и 20 MW до Термо-електричната централа Битола. Европската унија (ЕУ) исто така го поддржува овој развоен […]

ЕБОР и ЕУ ќе го финансираат патот од Скопје до Косовската граница


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) финансираат нов дел од автопатот во Северна Македонија, од главниот град Скопје до надвозникот кај Блаце, во близина на границата со Косово. Новиот пат ќе обезбеди побрза и полесна конекција за трговијата и граѓаните, соопштија од ЕБОР. Кредитот во износ од 167,6 милиони евра […]