Епидемијата на ебола во Конго се влошува


И покрај повеќенеделните напори, епидемијата на ебола во Централна Африка не само што не е под контрола, туку и се влошува во Демократска Република Конго, при што се зголемува ризикот од нејзино ширење во соседните земји, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Оваа епидемија е најголемата со која земјата се соочила досега, наведува здравствената агенција […]

Во ДР Конго регистрирани над 2.000 луѓе заразени со ебола


Во Демократска Република Конго потврдени се 2.011 случаи на ебола, соопшти Министерството за здравство. Досега од ебола починале 754 луѓе, додека 753 лица се во изолација или на болничко лекување додека 366 луѓе оздравеле. Властите ги следат случаите во пет провинции, а главното жариште и понатаму е североисточната провинција Итури, која граничи со Уганда и […]

СЗО соопшти дека два третмани за ебола влегуваат во фаза на клинички испитувања во Конго


 Во Демократска Република Конго почнува клиничко тестирање на два пристапи за антивирусна терапија против вирусот на ебола, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Исто така, се истражува дали комбинирањето на двата антивирусни лекови нуди дополнителни придобивки за пациентите со ебола предизвикана од сојот Бундибуџо за кој во моментов не постои вакцина или терапија. Во мај, […]

Прв случај на ебола надвор од Африка потврден во Франција


 На лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго, која моментално е погодена од голема епидемија на ебола, му е дијагностицирана болеста во Франција. Франција е првата земја надвор од Африка што потврди случај на инфекција на нејзина територија во епидемијата. Претходните сомнителни случаи во Бразил и Италија не се потврдени. Епидемијата, која во помал […]

Во Конго регистриран еден од најголемите дневни скокови на бројот на заразени со ебола


Властите на Конго пријавија едно од најголемите дневни зголемувања на бројот на заразени со ебола, еден месец откако оваа смртоносна болест почна да се шири во централноафриканската земја. Вирусот се шири многу брзо во оддалечен регион каде што населението често се движи, што го отежнува откривањето на заразените. Министерството за здравство вчера соопшти дека во […]

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања,  поради епидемијата на ебола во делови од Централна Африка, а со цел да се спречи ширењето на вирусот за време на Светското првенство во фудбал. Според неименувани официјални претставници, на 1 јуни САД испратиле дипломатски документ во кој изразиле загриженост […]

Повеќе од 100 лица починаа од ебола во Конго


Повеќе од 100 лица починаа од ебола во источниот дел на Демократска Република Конго (ДРК) од прогласувањето на епидемијата на 15 мај, објавија денеска тамошните власти, пренесуваат американските медиуми. Според најновиот извештај, потврдени се 550 случаи на болеста, од кои 101 лице починало, а 19 се излекувале. Епидемијата најмногу ја погодила покраината Итури, каде што […]

Досега потврдени речиси 500 случаи на ебола во Централна Африка


Речиси 500 случаи на инфекција со вирусот ебола досега се потврдени во Централна Африка, додека расте загриженоста за потенцијалните размери на епидемијата на хеморагична треска, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во дневниот извештај, СЗО евидентираше 452 потврдени случаи, вклучувајќи 82 смртни случаи во Демократска Република Конго, каде што епидемијата беше прогласена пред три недели. […]

Конфликтот во источно ДР Конго е најголема пречка за запирање на еболата, вели шефот на СЗО


Нестабилната безбедносна ситуација во источно Демократска Република Конго (ДРК) е најголемата пречка за сопирање на епидемијата на ебола во оваа земја, изјави доцна синоќа генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, јави ДПА. Само во текот на изминатиот месец околу 100.000 лица се дополнително раселени поради борбите во земјата, што го отежнува […]

Канада воведува привремена забрана за влез за жители на три африкански држави како мерка за заштита од ебола


Канада синоќа соопшти дека ќе воведе привремена забрана за влез на нејзина територија за државјани и жители на Демократската Република Конго, Уганда и на Јужен Судан, како мерка поврзана со епидемијата на ебола во Африка. Забраната ќе важи 90 дена, почнувајќи од денес, со цел да се намали ризикот од внесување и ширење на вирусот […]

Тревога за ебола во Италија: Два сомнителни случаи по враќањето од Уганда


Здравствена тревога е издадена во северниот италијански регион Ломбардија откако во покраината Комо беа откриени два сомнителни случаи на ебола. Случаите се однесуваат на жена од Лурате Качивио и маж од Булгарограсо кои се вратиле од Уганда во последните 24 часа со други членови на нивните семејства откако поминале околу три месеци таму како хуманитарни […]

Брзото ширење на еболата во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор, вели првиот човек на СЗО


– Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор и оти претпоставените смртни случаи достигнале 220 лица. – Итно ги забрзуваме операциите, но во моментов епидемијата нè престигнува – рече Гебрејесус и додаде дека […]

Над 200 сомнителни смртни случаи од ебола во Конго


Повеќе од 200 лица починаа во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, од вкупно 867 пријавени случаи на сомнителна зараза, соопшти синоќа Министерството за здравство на земјата. Според официјалните податоци, 204 смртни случаи во три провинции на оваа голема централноафриканска држава најверојатно се предизвикани од вирусот. Во претходниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), […]

Вашингтон воведе рестрикции за влез во САД од три земји поради епидемијата на ебола


Соединетите Американски Држави ја проширија привремената забрана за влез на американска територија за патници од Демократска Република Конго, така што рестрикциите отсега ќе важат и за сопствениците на американски соодветни дозволи за постојан престој (Зелена карта), како последица на епидемијата на ебола што беснее во оваа африканска држава. Покрај ДР Конго, нови случаи на опасниот […]

Еболата во ДР Конго брзо се шири


Генералниот секретар на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус денеска изјави дека епидемијата на ебола во Демократската Република Конго рапидно се шири и претставува висок ризик на национално ниво. Тој додаде дека СЗО ја ревидираше својата процена на ризик во ДР Конго, оценувајќи ја како многу висок ризик. – Ризикот е на високо ниво за […]

Демонстранти во Конго запалија центар за ебола по спор со властите за тело на починат


Демонстранти во источниот дел на Демократска Република Конго запалија два болнички шатори за лекување ебола по спор со властите околу предавањето на телото на млад човек кој починал од оваа болест, соопштија локалните власти. Локалниот политичар Лук Мамбеле, потпретседател на конгоанската партија А2РЦ, изјави дека роднините на починатиот се обиделе со сила да го земат […]

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа


Американски државјанин, кој бил изложен на вирусот ебола додека работел со медицинска мисионерска група во Демократска Република Конго (ДРК), е позитивен на тестот за опасната болест. По појавата на првите симптоми во текот на изминатиот викенд, тој е итно евакуиран во Германија за специјализирано лекување, потврдија од американските Центри за контрола и превенција на болести […]

Повеќе од 100 мртви во епидемијата на ебола во Конго. СЗО прогласи меѓународна криза


Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго уби најмалку 100 луѓе и зарази повеќе од 390, изјави за Би-Би-Си раководителот на Африканските центри за контрола и превенција на болести. Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи епидемијата за меѓународна вонредна состојба за јавното здравје, а американските медиуми известуваат дека најмалку шест американски државјани биле изложени на […]

И Уганда прогласи жариште на ебола


И соседната држава на ДР Конго, Уганда, денеска потврди дека на територијата на земјата има жариште на смртоносниот ебола вирус, соопшти Министерството за здравство на африканската земја. Надлежното министерство прецизираше дека станува збор за сојот Бундибугјо. Еден пациент починал од ебола на одделение за интензивна нега вчера, откако „развил хеморагични симптоми. Министерството за здравство на […]

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго


Африканскиот центар за контрола и превенција од болести (ЦДЦ) денеска соопшти дека во провинцијата Итури во Демократска Република Конго потврдена е епидемија на ебола. Поради избивање на епидемијата ЦДЦ свика итен состанок. ЦДЦ наведе дека е загрижен поради ризикот од понатамошно ширење поради урбаната средина на Бунија и Рвампара, големото движење на населението и мобилноста […]