Царинска управа: Во автобус на „Дурмо турс“ откриени 580 парчиња куршуми, двајца осомничени лишени од слобода


Мобилен царински тим при Одделението за оперативни работи откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо Турс“ од Гостивар, која беше спроведена на влез во државата на граничен премин Табановце. Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата. Досега против двајца осомничени кои беа лишени од слобода, Одделението […]

Сопственикот на „Дурмо Турс“ повторно бара одложување на издржување на казната поради здравствени причини


Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, повторно поднел барање за одложување на извршувањето на затворската казна, повикувајќи се на здравствени причини по неодамнешна хируршка интервенција. Според медицинската документација доставена до надлежните институции, по извршената операција му било препорачано мирување во период од 20 до 30 дена. Белули требаше да се јави во казнено-поправната установа „Идризово“ […]

Во Кривичен продолжи судењето за случајот „Ласкарци“


Со испитување на вештакот Зекирија Зекири во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. На претходното рочиште беше испитано вештото лице Јованка Савова, дел од тимот што го изготви супервештачењето за предметот. Возачот на автобусот на „Дурмо турс“ што […]

Се испитуваат вешти лица за несреќата кај Ласкарци


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се испитува вештото лице Јованка Савова во врска со несреќата што пред четири години се случи кај местото Ласкарци, a во која загинаа 16 лица и повеќе од 30 беа повредени. Савова е дел од тимот што го изготви супервештачењето кое судот го нарача во декември 2021 година. На […]

Tри години од трагедијата кај Ласкарци


На годишнината од трагедијата во која животите ги загубија 16 лица од селото Ласкарци, општинска делегација ќе го посети местото на каде што се случи сообраќајната несреќа и ќе се организира комеморативен собир. Од локалната самоуправа информираа дека градоначалникот во Арбен Таравари во 13:30 часот ќе положи цвеќе на местото на трагедијата на локалниот пат […]

Младата Ерза не успеа да се избори за живот


По петнеделна битка за живот, дваесетгодишната Ерза Османи од Гостивар им подлегна на повредите од стравотната автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово. Нејзиното срце престана да чука вчера околу 13 часот на скопските клиники. „И покрај сите напори на лекарите да и го спасат животот и да и ги санираат повредите, девојката, сепак, почина“, […]

Две недели по автобуската несреќа: Патниците сведочат, виновник нема


Две недели по трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, надлежните сè уште немаат одговор на клучното прашање: што беше причината што автобусот на „Дурмо турс“ излета од патот и однесе во смрт петнаесет патници. Од Основното јавно обвинителство велат дека истрагата е во тек, трае сослушувањето на патниците, но нивните искази не може да се […]

Сопственикот на „Дурмо Турс“ за ТВ 24: Возачот ја изгубил контролата


Сопственикот на компанијата Дурмо Турс, Дурмиш Белули, чиј автобус во средата излета од патот Скопје- Тетово кај Ласкарци,  во изјава за ТВ 24 Вести кажа дека во автобусот, во критичниот момент имало 50 патници. Според него можна причина за несреќата е здравствен проблем на возачот кој критичниот ден го управувал автобусот. Белули вели дека веднаш по […]