„Сватовите“ се скараа пред венчавката


Додека се чека спикерот Талат Џафери да означи старт на претседателската трка, станува сè по извесно дека меѓу двете владејачки партии нема консензус за настап со консензуален кандидат на претстојните избори. „На туѓа свадба непоканет не одам“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за вториот канал на МТВ коментирајќи зошто неговата партија ја […]

На функционерите на ДУИ никој не сака да им суди


Судењето за изборните нерегуларности во Чаир – „Титаник 3“, во кое им се суди на функционери од владејачката ДУИ, по многу одложувања, обвинувања на релација СЈО – суд и закани од адвокатите кон обвинителите, се враќа на почеток. Судечкиот судија Оља Ристова побара, а судот го прифати нејзиното барање за изземање од предметот. Ристова ја […]

Ахмети чека изборен „пораз“ за Џафери да биде претседател


„Кога презедов одговорност да бидам претседател на парламентот, презедов одговорност за извршување на сите обврски и овластувања што се предвидени за таа функција“, одговори вчера дипломатски претседателот на парламентот Талат Џафери на прашање дали е подготвен да биде в.д. претседател на државата во случај да не успеат претседателските избори. На брифинг со новинари, Џафери објасни […]

ДНК игрите на ДУИ: „Мелез“ или „чистокрвен“ за шеф на државата?!


Во екот на лицитирање со евентуалните можни кандидати на владејачката гарнитура за иден шеф на државата, јавниот простор дополнително се контаминираше со сознанието дека ДУИ инсистирала заедничкиот кандидат со СДСМ да има некаков албански корен во своето семејно стебло. Во провокативната тема деновиве беше вовлечен и угледниот професор Денко Малески, кој доби јавна поддршка од […]

Бектеши: ДУИ ќе повика на јавна расправа за Законот за трговија на зелените пазари


Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва најави дека во наредните денови координаторот на пратеничката група на ДУИ Алими ќе повика јавна расправа што ќе се одржи во Собранието на Република Македонија за Законот за трговија на зелените пазари. – Имајќи предвид дека ние докрај не сме запознаени за мотивите зошто по една година од усвојувањето на […]

Економските директори ги докусурија клиниките


Четири лица, од кои еден е во бегство, се осомничени за нападот на економскиот директор на Државната клиника за гинекологија, Ваљон Беља. Тројцата приведени веќе беа однесени на распит во Кривичниот суд, по што беа ослободени под услов да не му се приближуваат на кадарот на ДУИ, кој доби два куршума во нозете. Причините за […]

Срушен „космосот“ на ДУИ и СДСМ во Дебар


Понеделничкиот ден во Советот на Општина Дебар беше како надреална претстава. Алијансата за Албанците, чиј лидер Зијадин Села за малку смртно ќе страдаше во Собранието од „долгата рака на ВМРО“, склучи советнички пакт токму со ВМРО-ДПМНЕ и Беса и избра в.д. градоначалник од своите редови по смртта на Ружди Љата од ДУИ. Во изборот на […]

ДУИ мува не ја лази


Новите кривични пријави за високи функционери на ДУИ, тешко дека ќе го занишаат бродот на партијата на Али Ахмети. Закотвени во стилот на владеење што го практикуваат десетина година откако се на власт и во моќта што ја црпат со контролата на албанското гласачко тело, во лице им се смеат на немоќните институции да стават […]

Правда за Али


Горан Адамовски Идната недела ќе поминат точно девет месеци откако Специјалното јавно обвинителство прв и последен пат (досега) во своите случаи го спомна и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Како партнер на Никола Груевски, заедно сработеле да не се одржи пописот во 2011 година. Истрагата против него никако да се сработи. Можеби затоа што „специјалните“ […]

Дебар: ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата и Беса го срушија ДУИ


ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата на Албанците и БЕСА избраа в.д. градоначалник на Дебар, по што ДУИ остана со празни раце. По смртта на Ружди Љата, советниците го избраа Еуген Цами од Алијансата за негов наследник. Тој доби поддршка од тројцата советници од матичната партија, двајца од ВМРО-ДПМНЕ, двајца од БЕСА и еден советник од ПЕ. Цами на ова […]

Го турка ли ДУИ Малески за консензуален кандидат?


Универзитетскиот професор и прв шеф на македонската дипломатија Денко Малески, кој во последно време се спомнува повторно како можен адут на СДСМ за престојаните претседателски избори, изјави деновиве дека не знае дали владејачките партии би можеле да изградат консензус околу него. Доколку може, изјави Малески, тоа би било предмет на сериозно размислување од моја страна. […]

Османи: ДУИ во моментов размислува само за планот А


–За ДУИ е најважно да заврши процедурата во Собрание за уставните измени. Тоа го викаме план А, а планот Б е доколку се исцрпат можности од планот А. Тогаш ќе имаме предвремени избори, истакна денеска заменик-претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Ние сметаме, посочи, дека 99 отсто од времето, енергијата и нашиот фокус […]

Дураку фрла пепел на ЕУ-кампањата на ДУИ


Засилена кампања деновиве водат албанските политички партии обединети околу една цел – да се мотивираат албанските гласачи во што поголем број да излезат и да гласаат за поддршка на договорот со Грција и членството на земјата во евроатлантските структури. Фокусот на пораките за престројување од регресивниот во прогресивниот свет го измести министерот за екологија од […]

Ахмети: На 30 септември се гласа за стратешки цели


Трибина со граѓаните на Кичево попладнево одржа лидерот на ДУИ Али Ахнети кој беше придружуван од преседателот на Собранието Талат Џафери, вицепремиерот Хазби Лика, градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари и шефот на Штабот на ДУИ за референдумот за Кичево, министерот за економија Крешник Бектеши. Преседателот на Собранието Џафери порача дека ЕУ и НАТО се […]

ДУИ почнува референдумска и партиска кампања


Демократската унија за интеграција ги ангажира сите свои потенцијали за мобилизацијата на албанското гласачко тело за претстојниот референдум. По промоцијата на централниот штаб на партијата, на чело со Атила Реџепи, утврдено е основањето на штабовите за референдумот во сите ограноци на ДУИ. Доделени се задачи на 35. шефови на општинските штабови. Усвоена е стратегијата на […]

Ахмети ќе чека да се спроведе договорот, па ќе решава дали да се повлече


  Централниот одбор на Демократската унија за интеграција на вчерашната седница, што се одржала во Скопје, едногласно донел одлука за пролонгирање на петиот конгрес, соопштија од партијата. Членовите на ЦО на ДУИ  оцениле дека сите свои капацитети оваа година партијата ги посветила на јазичната рамноправност, итните реформи, договорот за добрососедство со Бугарија, преспанскиот договор, добивањето […]

ДУИ од 10 септември ќе ја почне кампањата за референдумот


Демократската Унија за интеграција одлучи кампањата за референдумот да ја започне од 10 септември. Од партијата информираат дека во наредниот период на граѓаните ќе им ги објаснуваат предизвиците пред кои се наоѓа земјата и придобивките од членството на Македонија во НАТО и ЕУ. „На 10 септември ќе почнеме активна комуникација со граѓаните за да им […]

ДУИ ја повика дијаспората да го поддржи референдумот


Демократската унија за интеграција  вчера и официјално се приклучи на кампањата ЗА референдумот.  Централниот одбор на партијата синоќа усвои Политичка платформа за референдумот, со цел интеграција на Македонија во НАТО и Европската Унија. Од партијата велат дека се свесни за важноста на овој заеднички предизвик заради што членовите на Централниот Одбор  на ДУИ  ги потврдуваат […]

ДУИ стагнира на референдумската сцена


Високите партиски функционери на ДУИ и членови на Владата од оваа партија практично исчезнаа од просторот за јавна пропаганда за референдумот, наспроти сѐ посилно манифестираната поддршка што доаѓа од нивниот коалициски партнер СДСМ. Десетина дена трае „мртвиот период“ на интегративците, поточно од одбележувањето на 17-годишнината од Охридскиот рамковен договор, кога лидерот Али Ахмети и вицепремиерот […]

Лика бил поразен во битката за функции


Кога пред една година неговиот соборец од 2001 година даде амин Хазби Лика да седне во вицепремиерската фотелја на „Илинденска“, веројатно лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сметал дека на тој начин ќе го спречи ширењето на внатрепартиските пламени и дека ќе го смири незадоволството кај т.н. воено крило на „интегративците“. Но работите, очигледно, не одат […]