Полскиот министер за одбрана бара помош за борбата против дроновите од Украина


Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш денеска пристигна во посета на Киев, за да побара помош од Украина во развојот на капацитетите за борба против беспилотните летала. – Ќе потпишеме договор за соработка помеѓу министерствата (за одбрана), но и за стекнување вештини за управување со беспилотни летала, наведе Косињак-Камиш. Дроновите, кои можат да се користат […]

Курти најави производство на дронови и милијарда евра за војската на Косово


  Премиерот на Косово во технички мандат Албин Курти изјави дека во наредните четири години ќе бидат издвоени повеќе од една милијарда евра за косовските безбедносни сили (КБС). Курти, кој вчера беше единогласно избран од членовите на Генералниот совет на Движењето Самоопределување за мандатар за формирање на новата влада, во својот денешен говор зборуваше за […]

Антикорупциските агенции во Украина открија измама при купување дронови


Украинските антикорупциски агенции открија голема шема за примање мито и купување оружје по претерани цени во земјата, соопштија тие. Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО) вчера на социјалните медиуми објавија дека осомничените примиле мито во корупциска шема во која дронови и друга воена опрема биле купени […]

Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери


Украинска воздушна офанзива со беспилотни летала минатиот викенд оштетила приближно 10 отсто од руските стратешки бомбардери, соопшти генерал-мајорот Кристијан Фројдинг од германската армија. Фројдинг, кој ја координира германската воена помош за Киев и е во постојана комуникација со украинското Министерство за одбрана, изјави дека при нападот биле погодени најмалку десетина летала, вклучително и Ту-95 и […]

Британија ќе и испорача 100 илјади дронови на Украина


Велика Британија денеска вети дека ќе и испорача 100.000 дронови на Украина до крајот на тековната фискална година, април 2026 година. Ова претставува десеткратно зголемување во однос на претходните години, откако беше истакнато дека беспилотните летала го промениле начинот на војување. Владата во Лондон ја поддржа независно подготвената Стратешка одбранбена ревизија, која повикува на посилна, […]

Најмалку 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев


Најмалку 11 лица се повредени синоќа во руски напад со дронови врз Киев, при што неколку станбени згради беа запалени, сопштија воените служби и градската власт. Меѓу повредените се малолетници на возраст од 14 и 17 години. Остатоци од соборените дронови кои паѓаа предизвикаа пожари во станбените згради во областите Облонски и Свјатошински, објави началникот […]

Новото британско оружје соборува роеви беспилотни летала за неколку секунди


Британската војска за прв пат успешно собори рој беспилотни летала со помош на оружје што работи на радио бранови, пишува Телеграф. Во досега најголемата вежба на британските војници насочена кон спротивставување на роеви од беспилотни летала, тим успешно ги лоцираше, таргетираше и ги оневозможи роевите од дронови користејќи ново насочено енергетско оружје развиено во Обединетото […]

Најмалку четворица повредени по напад со дронови врз Одеса


Одеса и регионот беа нападнати од над 10 дронови од Црното Море, објави градоначалникот на градот Генадиј Труханов на апликацијата Телеграм. Во градот одекнаа силни експлозии, додаде тој. Според прелиминарните информации, најмалку четири лица се повредени во нападот, изјави претседателот на Регионалната воена управа на Одеса, Олег Кипер. -Непријателот ја нападна Одеса и регионот со […]

Русија нападна украински град со дронови, најголем напад во последните години


 Русија ноќеска го изврши својот „најголем напад во последниве години“ врз Кропивницки, град во областа Кировохрад, објави регионалниот гувернер Андриј Рајкових. Според полициските информации, најмалку 10 лица се повредени, меѓу кои и четири деца. Неколку жртви се хоспитализирани. Еден од повредените, кој е во критична состојба, се здобил со изгореници на 90 отсто од телото. […]

ССНМ и ЗНМ: Бараме одговори од МВР и АЦВ зошто новинари беа повикани на разговор без претходно објавена забрана за користење дронови


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бараат објаснување од Министерството за внатрешни работи и од Агенцијата за цивилно воздухопловство зошто забраната за користење на дронови била објавена откако започнал протестот во Скопје и зошто новинари биле повикани на информативен разговор иако Скопје не е опфатен со […]

Маск се залага борбените авиони да се заменат со дронови


 Милијардерот Илон Маск, кој е назначен од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја води комисијата за намалување на трошоците на федералната влада, изјави синоќа дека борбените авиони треба да се заменат со беспилотни летала бидејќи тие се иднината на судирите во воздух. „Во ерата на беспилотните летала, борбените авиони се застарени и нивниот единствен […]

Хрватска набавува борбени „бајрактар“ дронови за 95 милиони евра


Владата на Хрватска на денешната седница му даде одобрение на Министерството за одбрана да преземе обврски на товар на државниот буџет за одржување на авионот Рафале, а беа донесени и одлуки за набавка на системот за беспилотни авиони Bayraktar TB2 и подготвителни дејствија. за набавка на тенкови Леопард. „Министерството за одбрана изготви предлог за договор […]

Русија ја нападна Украина со крстосувачки ракети и дронови


Русија во текот на ноќта и утринава ја нападна Украина со крстосувачки ракети од стратешки бомбардери, а нешто подоцна следеше и напад со дронови-камикази, соопштија украинските власти. Според податоците на украинските воздухопловни сили, шест авиони Ту-95МС полетале кон Украина, пренесува Укринформ. Во Киев утринава се слушнаа експлозии откако украинските воздухопловни сили ја ставија целата земја […]

Украина ги соборила сите дронови што Русија ги користела за да го нападне Киев ноќеска


 Украинските сили за противвоздушна одбрана ги пресретнале сите беспилотни летала со кои Русија го нападна Киев ноќеска, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на украински официјални лица. Градската воена управа на Киев соопшти дека остатоци од пресретнати дронови паднале во две области на главниот град на Украина. Повеќето руски беспилотни летала пристигнале од североисток, приближувајќи се […]

Русија изминатата ноќ нападнала со 73 дронови и три ракети


Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле 67 од 73 беспилотни летала и една од трите ракети со кои Русија синоќа нападна украинска територија. -Рускиот напад врз Киев синоќа траеше над пет часа, соопштија властите во главниот град на Украина. Информациите се од објава на апликацијата „Телеграм“ на началникот на Киевската регионална воена управа, Сергиј […]

Путин: Минатата година беа испорачани 140.000 дронови – годинава 10 пати повеќе


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе го зголеми производството на беспилотни летала за речиси десет пати до 1,4 милиони оваа година. „Вкупно околу 140.000 беспилотни летала од различни видови беа испорачани на вооружените сили во 2023 година. Оваа година се планира производството на беспилотни летала значително да се зголеми. Поточно, речиси десет […]

Украинската противвоздушна одбрана одби напад врз Киев, руски гувернери известуваат за напади на украински дронови


 Украинската противвоздушна одбрана дејствуваше во предградијата на Киев за да одбие напад од руски дронови, се наведува во соопштението на украинската воена администрација на Телеграм. Запорожје исто така беше под масивен напад, според Иван Федоров, шеф на регионалната воена администрација. Две лица загинаа во нападот на областа Запорожје. Украинските сили известија за воздушни тревоги во […]

Украинската ПВО соборила 14 руски дронови, а руската армија соборила 29 украински беспилотни летала


Украинската противвоздушна одбрана синоќа собори 10 руски дронови и една ракета, од вкупно 14 беспилотни летала кои биле насочени кон Украина. Руската армија истрела две балистички ракети „Искендер М“ и една наведувачка ракета „Кх-59“ во јужната Одеска област. Во соопштението на украинската армија се наведува дека ракетата била уништена, но не е објавено дали биле […]

Украина ноќеска лансирала дронови кон Москва и други руски погранични региони


Беспилотно летало кое летало кон Москва е уништено во регионот околу руската престолнина, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, во објава на Телеграм. Најмалку 12 беспилотни летала лансирани од Украина се уништени и над пограничниот регион Брјанск, во југозападна Русија, изјави регионалниот гувернер Александар Богомаз на Телеграм. Два беспилотни напаѓачки авиони, исто така, беа соборени […]

Руско МО: Во текот на ноќта уништени 18 украински дронови над Русија


 Руската армија денеска соопшти дека во текот на ноќта нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 18 украински беспилотни летала над регионите Крим, Брјанск, Калушка и Белгород. Министерството прецизирано дека 11 беспилотни летала се соборени над територијата на регионот Брјанск, четири над регионот Калушка, два дрона се уништени над Крим и еден над регионот […]