Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици


Годинашното полагање на државната матура, државната стручна матура и државната уметничка матура започна без проблеми и се одвива во најдобар ред, оцени министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната посета на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се реализира полагањето на матурските испити. Јаневска информираше дека годинава […]

Над 14.500 матуранти денеска ќе го полагаат првиот екстерен испит – странски јазик, математика или историја


Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите.  Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите ќе го полагаат на 11 односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат […]

Матурантите со средна оценка 3,69 на државната матура во јунскиот испитен рок


Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3,69. Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок во кој пријсвени за полагање биле  15.004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, стручно, […]

Државниот испитен центар ќе објави имиња на тестатори кај што имало масовно препишување


 Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Билјана Михајловска вечерва изјави дека доколку кај одреден тестатор се утврди дека препишувале повеќе ученици, неговото име ќе биде посочено во извештајот што ДИЦ ќе го достави до Министерството за образование и наука.  – Сите оценувачи, сите координатори на одреден предмет, ќе мора да ми дадат список. Ако во […]

Шаќири: Државна матура на 27 мај ќе има, да се причека општиот колективен договор


 Министерот за образование и наука Јетон Шаќири е дециден дека полагање државна матура на 27 мај мора да има. За да се реализира процесот, ако е потребно, ќе се вклучат, како што најави, и вработените од МОН. Шаќири уште еднаш повика да се причека општиот колективен договор. Донесување системско решение, според него, е многу важно. […]

Тестовите сè уште не се испечатени: Ќе се полага ли државна матура?


Над 15.000 матуранти се во неизвесност и под притисок за тоа дали ќе се полага државната матура, откако 29 вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) пред една недела почнаа штрајк. Тие велат дека се стопирани сите процеси што се во надлежност на Центарот, меѓу кои е организацијата на државната матура. Лука Павичевиќ од Сојузот на […]

Aвгустовски испитен рок од државната матура


Матурантите во учебната 2021/2022 година кои во јунската испитна сесија не ја положија државната матура или не во целост, двата екстерни испита во августовскиот испитен рок ќе ги полагаат денеска и во петок (12 август). Првиот екстерен (задолжителен) испит е за мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и литература, а вториот екстерен испит е […]

Просекот на државната матура годинава изнесува 3,78, повисок е од лани


Државниот испитен центар информира дека денес 1 јули 2022 година во 12 часот ќе се објават прелиминарните резултатите од државната матура, 12 дена порано од законскиот рок. Истите се испратени до училиштата, а може и електронски секој кандидат со најава на http://rezultati.dic.edu.mk да ги види своите. Државната матура оваа година се реализираше во согласност со […]

Втор дел државна матура, полагање на изборниот екстерен испит


Матурантите денеска ќе полагаат втор дел од државната матура со тестот од екстерниот испит што го избираат. Од вкупно 15 899 кандидати, 14 320 се пријавиле за англиски јазик. Математика ќе полагаат 1231, германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати […]

В четврток и петок средба Димитров- Коѕијас- Нимиц во Њујорк


Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на 24 и 25 мај (четврток и петок) во Њујорк, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц, соопштуваат од македонското МНР. Средбата, во исто време со нашето, ја соопштија и од […]