Што гледаат жителите на Аеродром – што пробува Митески?


„Колку време треба да помине за конечно некој да излезе на терен и да го расчисти хаосот по невремето?“, прашува една жителка на Општина Аеродром, на Фејсбук групата „Општина Аеродром – пријави проблем“, а во прилог додала десетина фотографии од попадната дрвја, исечени на трупци, околу градинката „Срничка“, како и паднати канделабри.        […]

Силен ветер урна дрво на Кеј Македонија во Охрид – интервенираа екипите на „Комуналец“


Силен налет на ветер рано утрово урна едно од дрвјата на главното градско шеталиште Кеј Македонија, во близина на езерото. Дрвото паднало директно на шеталиштето, целосно блокирајќи го пристапот, но за среќа, нема повредени лица во инцидентот, јавува Охрид 1. Дрвото паднало во раните утрински часови, кога движењето на граѓаните е минимално, што најверојатно спречило […]

Паднаа дрва врз оградата на ОУ „Киро Глигоров“ – за среќа, нема повредени


  Утрово, во близина на ОУ „Киро Глигоров“ во скопски Центар, падна едно многу високо дрво и уште едно помало, но за среќа нема повредени. Паѓањето на дрвата веројатно е резултат на обилните врнежи на дожд во последните 24 часа. Сообраќајот во тој дел од градот, по улицата „Васил Ѓоргов“ е во колапс. Екипи на […]

Суво дрво падна врз постојка во Аеродром, добро е што нема повредени


Во вчерашното невреме во Скопје, суво дрво падна врз автобуска постојка во Аеродром, а добрата вест е што нема повредени. Дрвото и постојката се во близина на просториите на Општина Аеродром, па тоа дополнително предизвикува гнев кај граѓаните, кои на социјалните мрежи коментираат дека надлежните не гледаат ни пред нос, а не пак подалеку. Граѓаните […]

Отстранети попречни дрва од Пена – нема опасност од излевање


Како резултат на обилните врнежи од дожд коишто го зафатија подрачјето на територија на Р.С.Македонија (уште на 28.03.2024 година) е добиена пријава за попречени, нанесени, дрва во речното корито на река Пена во атар на с.Сараќино, Општина Тетово. Поради надојдената вода на река Пена, нанесените дрвата претставуваa природна препрека за нормално течење на водата во […]

Се испитуваат причините по повредата на дете предизвикана од пад на гранка од дрво во Карпош


 Екипи на Министерството за внатрешни работи во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршиле увид во Општина Карпош, каде при пад на гранка од дрво вчера 10-годишно дете се здоби со тешки телесни повреди, соопшти утрово Јавното обвинителство. – Детето е хоспитализирано и сѐ уште е под опсервација. Јавниот обвинител издаде наредби […]

ЈП „Паркови и зеленило“: Дрвото не беше обележано за сечење


Откако градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски повика ЈП „Паркови и зеленило“ да си ја врши работата, затоа што врз дете паднало дрво што се скршило и тоа во близина на просториите на ова претпријатие, од таму велат дека дрвото не било обележано за сечење. „Во врска со денешниот немил настан во општина Карпош кога […]

Дрво паднало врз малолетник во близина на „Паркови и зеленило“ – Карпош повикува да не се игра со безбедноста на децата


За жал, неодговорноста зема данок. И тоа данок кој директно го загрозува човечкото здравје. Во конкретниот случај е повреден еден малолетник кој случајно поминувал во паркот измеѓу улицата Никола Русински и Карпошево Востание и врз него паднало дрво. За жал малолетникот има повреди на телото. Пренесен е во Ургентен центар. Иронијата да биде поголема, инцидентот […]

Опасност од искривено дрво во паркот „Жена борец“, ЦУК ги извести „Паркови и зеленило“ и Град Скопје


Денеска, по добиена пријава од граѓани, Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги известил ЈП „Паркови и зеленило“ и Град Скопје и побарал итно отстранување на дрвото што е исушено, пукнато кај коренот и опасно навалено пред паѓање кај Градскиот трговски центар во паркот „Жена – борец“ во центарот на Скопје. -ЦУК ја следи ситуацијата […]

Сега можеме да печатиме дрво со 3Д принтери без да се исече ниедно дрво


Престанете со сечењето дрвја! Дали овој слоган ќе го кажуваме засекогаш? Со оглед на тоа дека ги масакрираме дрвјата како да растат брзо за еден ден или како да ги има во неограничен број, можеби и овој слоган ќе остане вечен. Едно глобално истражување на шумите откри дека од почетокот на човечката цивилизација имаме уништено […]

Дефинирани највисоките цени на огревното дрво, престанува да важи одлуката за замрзнатата маржа


Владата, на предлог на Министерството за економија, денеска донесе Одлука за определување највисоки цени на огревно дрво од даб и од бука, како и на пелети за огрев. Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500 денари за метар просторен, односно до 6 429 денари за метар кубен. […]

Старец починал откако паднал од дрво


  Во петокот, околу 12.50 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во с.Старо Конско, општина Богданци, Р.П.(72) од Кавадарци паднал од дрво во дворното место од викенд куќа и од здобиените повреди починал на местото. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на […]

Отстранети сувите дрвја на паркингот кај Нова Македонија


ЈП „Градски паркинг“ – Скопје во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ излегоа на терен за да спроведат уште една акција за чистење на паркинзите низ градот Скопје. Нивната денешна локација беше затворениот паркинг Нова Македонија. Тие преку објава на нивната официјална фејсбук страница информираа за акцијата, а истовремено ги известија граѓаните дека за време […]

Коренот од дрвото посадено од Мајка Тереза е конзервиран


Дрвото од вид сребрена смрча посадено од Мајка Тереза во 1980 година кое на 2 јули беше погодено од тешкото невреме е конзервирано и заштитено. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ во координација со службите од Град Скопје извршија процес на заштита на коренот од дрвото кој беше зачуван, третирајќи го со фунгицид – препарат […]

На местото на паднатото дрво на плоштад „Македонија“ ќе се засади исто такво дрво


Од невремето кое зафати делови од Скопје, деновиве, на повеќе места имаше паднати дрјва, а падна и едно од дрвјата засадени во близина на спомен-плочата за Мајка Тереза. Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ангеле Сотировски на денешната прес-конференција истакна дека на местото на паднатото дрво на плоштад „Македонија“ ќе се засади исто дрво од […]

„Џонсон Мети“ се вклучи во одбележувањето на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора


Британската амбасадорка во Северна Македонија Рејчел Галовеј и директорот на „Џонсон Мети“ во земјава Боријан Борозанов присуствуваа на засадување дрво пред зградата на компанијата во Скопје. „Џонсон Мети“ со оваа акција учествува во иницијативата за засадување 70 дрвја на национално ниво по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора. Според Борозанов, ова ја нагласува посветеноста […]

Во невремето во Германија и во Полска загинаа петмина


  Најмалку пет лица загинаа во невремето што вчера и денеска беснее во повече европски земји на северот, а повредени се уште неколкумина. Две лица загинаа во бирата која зафати делови од Германија, каде паѓаа дрвја, имаше прекин на струјата и беше нарушен воздушниот и железничкиот сообраќај. Во централната германска сојузна покраина Саксонија-Анхалт загинаа две […]

Битолчани бараат субвенционирана струја за да се откажат од дрвата


Битола со години наназад е на врвот од  листата  на  загадени градови во Македонија  според  мерењата  на  Министерството за животна средина,  а според некои европски мерења  и меѓу најзагадените градови во Европа. Аерозагадувањето, посебно во зимските месеци е топ тема меѓу граѓаните, невладиниот сектор, политичарите, експертите. .. По многу дебати, трибини, истражувања и анализи,  па […]

Анѓушев: За едно исечено дрво, 10 нови на Водно


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, по барањето од граѓански организации да се промени трасата за изградба на гасоводот која минува кај Водно за да не се оштетува шумата, вели дека ќе биде минимизирано какво било оштетување, кое ќе биде компензирано. Потребно е, порача денеска Анѓушев, да се изнајдат сите средства максимално да се заштити  […]

Засадено дрво на местото на Ќосето


На местото каде беше поставен споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето е засадено дрво гинко како симбол на човековите права. До него ќе биде поставена плоча на која е испишан член 10 од Декларацијата за човекови права на Обединетите нации. Дрвото гинко е симбол на човековите права и е едно од најиздржливите. Во Хирошима […]