Драмски театар со претставата „Кармен“ вечер ќе го отвори театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“ во Неготино


Со изведба на претставата „Кармен“ на НУ Драмски театар Скопје вечер во Неготино ќе биде отворен Театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“. Ова е трет фестивал што се одржува во чест на истакнатиот македонски актер Бранко Ѓорчев. Фестивалот се одржува во салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“. Претставите почнуваат во 20 часот, а влезот за публиката […]

Комедијата „Чудесна теарпија“ на Драмски театар Скопје се игра утре во центарот на Скопје


Драмски театар Скопје првиот дел од сезоната во која ја прославува 80-годишнината од постоењето, ја заокружува со изведба на претставата „Чудесна терапија“ утре (вторник) во 21 часот на отворено во центарот на градот. Граѓаните и посетителите на главниот град претставата ќе може да ја гледаат бесплатно на локацијата на малиот амфитеатар во комплексот на спомен-куќата […]

Промоција на збирката „Да живее Долна Дупка“ од Коле Ангеловски во Драмски театар


Во рамките на одбележувањето на јубилејот 80 години Драмски театар – Скопје, денес во 19 часот во театарот ќе биде промовирана книгата „Да живее Долна Дупка“ од доајенот на македонската театарска и филмска уметност Коле Ангеловски. На промоцијата ќе се обратат директорот на Драмски театар Роберт Вељановски, театарскиот критичар Тодор Кузманов, писателот и драматург проф. […]

Драмски театар со „Кармен“ на фестивал во Романија


Претставата „Кармен“ вечер е во официјалната програма на 14. Меѓународен фестивал за изведувачки уметности БАБЕЛ, што се одржува во градот Т’рговиште, Романија. Фестивалот е основан во 2007 година од Театарот „Тони Буландра“ со идеја да создаде простор за средба на различни култури, театарска естетика и современа сценска практика. Монодрамата „Кармен“ е работена по мотив од […]

Холивудскиот актер Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ по три години повторно во Драмскиот театар Скопје


По бројните изведби во САД, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и во дијаспората, пред македонската публика в петок, на 12 јуни, во 20 часот ќе настапи холивудскиот актер со балканско потекло, Жељко Џек Димиќ, со својата монодрама „Ој, животе“, претстава која во изминатите години предизвика исклучителен интерес и силни емоции кај публиката низ регионот. Монодрамата […]

Драмски театар со претставата „Мачкина глава“ го отвора 60. МТФ „Војдан Чернодрински“


Утре на 5 јуни во Прилеп со претставата „Мачкина глава“ на Драмски театар Скопје свечено се отвора 60. МТФ „Војдан Чернодрински“. Претставата ќе биде изведена во Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп во 20 часот. Јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ годинава под мотото „Храбриот нов театар“, ќе отвори дијалог за кризата на човекот во […]

Драмски театар годинава со шест премиери, обезбеден буџет од 6.720.000 денари


Со Годишната програма за работа НУ Драмски театар  во продукцијата планира шест претстави за кои е обезбеден буџет од 6.720.000 денари. Средствата ќе бидат распределени крајно избалансирано и одговорно, во согласност со неопходните естетски критериуми што мора да соодветствуваат на нивото и реномето на Драмски театар, наведува оваа национална установа во соопштение, кое МИА го […]

„Болва в уво“ вечер премиерно во Драмски театар


Драмски театар Скопје вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Болва в уво“ од францускиот комедиограф Жорж Фејдо во режија на Синиша Евтимов кој е автор и на адаптацијата на текстот.  Со оваа, петта премиера, ДТС ја завршува продукцијата во 2025 година. „Болва в уво“ на сцената на Драмски се поставува повторно по пауза од над […]

Драмски театар Скопје со претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ на „Охридско лето“


Драмскиот театар од Скопје по премиерната изведба на претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во Будва, својата македонска премиера ќе ја има вечерва во рамки на драмската програма на 65-то издание на „Охридско лето“. По четирите изведби во Црна Гора, македонската публика ќе […]

Драмски театар потпиша меморандум за соработка со Народниот театар Ниш


Во рамките на регионалната соработка на институциите од културата, директорот на Драмски театар Скопје, Роберт Вељановски оствари работна посета на Народниот театар Ниш. Со взаемна согласност на двете театарски институции за развивање на партнерски односи во делот на гостувања на театрите, реализирање на копродукциски театарски проекти, како и други видови соработка кои би биле од […]

Драмски театар гостува со претставата „Драми на принцезите“ на фестивалот РУТА во Љубљана


Драмски театар Скопје со претставата „Драми на принцезите“ ќе гостува на регионалниот театарски фестивал РУТА што од 29 јануари до 3 февруари се одржува  во Словенија, во организација на Местно гледалишче од Љубљана. „Драми на принцезите“ е претстава работена по циклусот постдрамски текстови „Драми на принцезите“ со поднаслов „Смртта и девојката“ на нобеловката Елфриде Јелинек. Преводот […]

Драмски театар со попуст од 50 отсто за блок билети за седум претстави


Драмски театар Скопје годината ја заврши со премиерата на претставата „Фамилијата Адамс“ и со желби за среќна и успешна Нова 2025 година за својата публика подготви празнични блок билети за репертоарот во месец јануари. По дочекот на Новата 2025 година и по обележувањето на Божиќ во своите домови, Драмски ги отвора вратите за публиката со […]

Премиера на претставата „Фамилијата Адамс“ во Драмски театар Скопје


 „Фамилијата Адамс“ е новата премиера што ќе биде изведена вечер во 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје. Режисерката Теа Беговска воедно е и автор на текстот и адаптацијата за претставата. Во програмската белешк а за претставата таа истакнува дека Фамилијата Адамс е “нормалното” во ненормалното. -Како Светот да се претворил во […]

Драмски театар гостува во Београдско драмско позориште со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“


По октомвриското издание на фестивалот во Скопје, РУТА од 2-ри до 7-ми декември се одржува во Белград во организација на Београдско драмско позориште. Драмски театар на фестивалот ќе настапи вечер со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“. Претставата е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е […]

Београдско драмско со „Швејк“ вечерва на РУТА во Драмски театар


Петтата фестивалска вечер на сцената Ристо Стефановски во Драмски гостува Београдско драмско позориште. Београдско драмско позориште годинава на РУТА доаѓа со претставата „Швејк“ работена по сатиричниот роман на чешкиот писател Јарослав Хашек. Режисер е Вељко Миќуновиќ, а улогите ги толкуваат актерите Озрен Грабариќ, Милутин Милошевиќ, Милутин Дапчевиќ, Милош Лазаров, Наташа Марковиќ, Бојана Стојковиќ, Ива Илинчиќ, […]

Фестивалот РУТА во Драмски театар со најактуелните претстави од регионот


Драмски театар Скопје од 15 до 20 октомври ќе биде домаќин на третото издание на меѓународниот театарскиот фестивал Рута. На сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје во тек на фестивалската недела, македонската публика ќе има можност да проследи шест репрезентативни претстави на театрите од регионот. Во фестивалската програма ќе играат претстави и копродукции од […]

Драмски театар Скопје со „Хеда Габлер” ќе го отвори фестивалот „Војдан Чернодрински“


Со претставата „Хеда Габлер” на Драмси театар Скопје утревечер ќе биде отворен 58-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински” во Прилеп. Претставата ќе биде изведена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ како прва од единаесетте претстави во продукција на националните театри селектирани во натпреватувачката фестивалска програма. Добитници на наградата за животно дело се актерите Мими Таневска-Србиновска […]

Драмски театар ќе доделува награда „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор


НУ Драмски театар, Скопје (ДТС), денес на 27 април, денот на роденденот на драмскиот автор Горан Стефановски,  ја востанови наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30-годишна возраст кој ќе се избира по пат на јавен конкурс. Како што се вели во соопштението до медиумите, преку овој чин се оддава почит […]

Дали идеите го заслужуваат нашиот живот: Премиера на „Падот на Масада“ од Венко Андоновски во Драмски театар


  Вреди ли да се положи животот за некоја идеја или не. Ова вечно прашање е во сржта на претставата „Падот на Масада“ од нашиот реномиран писател Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски, која што утре, на 28 декември во 20 часот премиерно ќе биде изведена во скопскиот Драмски театар.  Андоновски вели дека […]

Претставата „Соѕвездија“ во Драмски театар во Скопје


Во Драмски театар во Скопје вечер ќе биде изведена претставата „Соѕвездија“ на режисерката Нела Витошевиќ по текст на Ник Пејн. Претставата е гостување на Театар Куманово и се реализира во рамките на соработката на театрите со цел публиката да се запознае со продукциите на повеќе национални театри. Улогите ги толкуваат актерите Александра Пешевска, Мирослав Петковиќ, […]