ДПМ ги објави добитниците на наградите на конкурсот за најдобра кратка книжевна форма


Ана Пејчинова, Даниела Андоновска-Трајковска и Владимир Јанковски се добитници на наградите на конкурсот за најдобра кратка книжевна форма (песна или расказ) на јубилејното, триесетто издание на „Празник на липите“ на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). На конкурсот, како што прецизираат од ДПМ, пристигнале вкупно 32 дела (26 песни и шест раскази), а тројцата членови […]

ДПМ распиша конкурс за „Празник на липите“ за поезија и краток расказ


Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) распиша конкурс за необјавени кратки книжевни форми во рамки на традиционалната манифестација „Празник на липите“. Како што информираат од ДПМ, конкурсот е на слободна тема, а заинтересираните автори можат да учествуваат со една песна до 40 стихови или еден краток расказ до 1.000 зборови. Пријавените творби треба да бидат […]

Вечер со писателот Владо Јаневски во ДПМ


Низ разговор за трите негови последни романи, вечер во седиштето на Друштвото на писателите на Македонија, со почеток во 19 часот ќе биде претставен писателот, поет, сликар и стрип-автор Владо Јаневски Станува збор за романите  „Кој го уби Едгар Алан По“ („Или-Или“,, 2024), „Смртта не е крај“ („Арс Ламина“, 2022), „Мртвите знаат најдобро“ („Арс Ламина“, […]

Доделување на наградите „Книжевен жезол“ на Славе Ѓорго Димоски и Радмила Лазиќ


Во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи традиционалната меѓународна книжевна манифестација „Празник на липите“, која оваа година е сосредоточена во два главни настани: доделување на наградата „Книжевен жезол“ на еден домашен и на еден странски поет, и книжевното читање „Празник на липите 2025“. На првиот настан, на поетот Славе Ѓорѓо Димоски од Македонија и на српската поетеса […]

ДПМ: 15 финалисти на годишните награди на Друштвото на писателите за 2024 година


Конкурсот за годишните награди на ДПМ е на чекор од својата завршница. Тројцата кандидати за наградата „Мост“ (најдобра книга напишана на некој од јазиците на националностите во Македонија) беа познати од самиот почеток, минатата недела беа обзнанети финалистите за наградата „Димитар Митрев“ за најдобра збирка критика или есеистика, а сега познати се и финалистите за […]

„Вечер со Руми“ во Друштвото на писателите на Македонија


Друштвото на писателите на Македонија денеска од 19 часот ќе организира „Вечер со Руми“ – поетско читање по повод 817 години од раѓањето на великанот на класичната персиска поезија.  Настанот ќе го водат членовите на ДПМ Ана Пејчинова и Тихомир Јанчовски, поети и препејувачи на поезијата на Руми. Писателската асоцијација соопшти дека го организира настанот […]

Во ДПМ ќе бидат врачени традиционалните годишни награди


Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) вечерва во 19 часот ќе се одржи свеченото врачување на традиционалните годишни награди на Друштвото за 2023 година. Како што најавија од ДПМ, ќе биде врачена наградата „Стале Попов“ за „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, наградата „Ацо Шопов“ за „Коњски житија“ од Зоран Анчевски, „Ванчо […]

Се подготвува изборното Собрание на ДПМ, рокот за кандидатури за нов претседател истекува на 15 мај


Управниот одбор на ДПМ соопшти дека подготовките за Годишното изборно Собрание закажано за 1 јуни, годинава во просториите на ДПМ се во тек, согласно одлуките на Управниот одбор на Друштвото и според однапред зацртана и утврдена динамика. -Како прво, се наметна потребата за ажурирање на постоечкиот Регистар на членови на ДПМ по неколку основи, како […]

Отворен поетски ден за 77 години постоење ДПМ


Отворен поетски ден ќе се одржи денеска во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и ќе се одбележи 77-годишнината од неговото постоење со поетско читање и настап на повеќе македонски поети. Друштвото на писателите на Македонија било формирано на 13 февруари 1947 година, од страна на Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, […]

Членови на ДПМ: Сè повеќе истакнати писатели го креваат својот глас за достоинството на ДПМ


Зад реакцијата и јавниот повик упатени по последните настани во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), застануваат сè повеќе писатели – членови на ДПМ. Реакцијата и јавниот повик ги потпишаа и: Оливера Николова, Цане Андреевски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Митко Маџунков, Зоран Анчевски, Братислав Ташковски, Гоце Ристовски, Владимир Јанковски, Сузана В. Спасовска, Елизабета Јончиќ, Александра Јуруковска, […]

Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на ДПМ


Писателот Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).  Петрески утрово преку писмено соопштение информираше дека поднел оставка од здравствени причини. – Најпрвин им благодарам на сите оние колеги – писатели кои со своите гласови ме избраа за претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Верувам дека во […]

Трибина за литературните манифестации


  Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи трибина за учеството на македонските писатели – членови на ДПМ на литературните манифестации што се одржуваат во нашава Република.  Како што информираат од ДПМ, на трибината ќе бидат искажани мислењата, погледите, ставовите, сугестиите, предлозите, забелешките и барањата на македонските писатели, а ќе бидат поканети […]

ДПМ одбележува 75 години постоење


На платото пред градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија вечерва ќе се одбележи 75-годишнината од основањето на Друштвото на писателите на Македонија. Настанот ќе биде во два дела. Предвидено е излагање за историјатот на ДПМ и актуелните предизвици и работни активности на Друштвото, по што ќе следи поетско читање од страна на повеќе членови на […]

Врачена наградата „Книжевен жезол“ на Гордана Михаилова Бошнакоска и Аднан Озер


Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на денешната традиционална Меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“ им ја врачи наградата „Книжевен жезол“ на поетесата Гордана Михаилова Бошнакоска и поетот Аднан Озер од Турција. На манифестацијата беше промовирана заедничката книга „Бесконечното“ од Гордана Михаилова Бошнакоска и поезија од Аднан Озер. Како што посочија од ДПМ, преку оваа награда „Книжевен […]

ДПМ ја одбележува својата 75-годишнина со третото издание на „Поетски Вавилон“


Друштвото на писателите на Македонија денеска во просториите на писателската асоцијација ќе ја одбележи 75-годишнината со настан од третото издание од литературната манифестација „Поетски Вавилон“. На манифестацијата ќе настапат 30 автори од повеќе генерации, различни поетики и на повеќе јазици на кои создаваат авторите или имаат преведени творби. Преплетот на повеќе јазици ја симболизира Вавилонската […]

Претседателството на ДПМ ја одржа првата конститутивна седница


Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на 1 јуни ја одржата првата конститувна седница. На 28 мај, писателот Христо Петрески беше избран за нов претседател, а Кристина Николовска е претседателка на Собранието. Како што соопштија од Друштвото, во новото раководство се членовите Весна Мојсова Чепишевска, Зоран Анчевски, Лилјана Пандева, Владимир Мартиновски, Марина Мијаковска, […]

ДПМ: „Книжевен жезол“ за Гордана Михаилова-Бошнакоска и Аднан Озер


Македонската поетеса Гордана Михаилова-Бошнакоска и поетот Аднан Озер од Турција се годинашни добитници на признанието „Книжевен жезол“ што го доделува Друштвото на писатели на Македонија за значаен поетски опус. ДПМ соопшти дека плакетите и статуетките „Книжевен жезол 2022’ на лауреатите ќе им бидат врачени на манифестацијата „Празник на липите“, а ќе биде подготвен и избор […]

На 7 мај избори за ново Претседателство на ДПМ


Изборно собрание односно редовни избори за Претседателство на Друштвото на писателите на Македонија, кое вклучува избор на претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, заедно со останатите членови на Претседателството на ДПМ, ќе се одржи на 7 мај 2022 (сабота) од 12 часот.  Гласањето ќе се одвива во просториите на ДПМ, со почитување […]

Шест нови членови во Друштвото на писателите на Македонија


Шест македонски автори  ќе бидат зачленети во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) кое на 13  февруари ќе одбележи 75 години постоење. -Се работи за автори кои добиле некоја од престижните книжевни награди и кои веќе се здобиле со сериозна писателска репутација. Поканата за членство во ДПМ во оваа пригода ја прифатија: Владимир Јанковски, Румена […]

Книжевните награди на ДПМ за Ивица Челиковиќ, Санде Стојчевски, Димитар Пандев и Венко Андоновски


Книжевните награди на Друштвото на писатели на Македонија  за изминатата 2021 година им се доделуваат на авторите: Ивица Челиковиќ, Санде Стојчевски, Димитар Пандев и Венко Андоновски, соопштија од писателската асоцијација. Наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување во 2021 година му се доделува на Ивица Челиковиќ за романот „Ден за одмазда“ во издание на издавачката […]