Пазарните инспектори на терен, ќе контролираат дали поевтинил училишниот прибор


 Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) соопшти дека од денеска негови тимови на терен ги контролираат правните субјекти дали се придржуваат до одлуката на Владата со која ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10 проценти во трговија на големо и 15 проценти во трговија на мало, која ќе важи од денеска […]

По трагедијата во Кочани, ДПИ затоврил 60 објекти


Се подготвува нов закон за угостителска дејност во кој се предвидени задолжителни одредби за контрола и кривична одговорност доколку некој несовесно врши угостителска дејност, соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски.  На прес-конференција во Владата, Стојкоски посочи дека казните ќе бидат поригорозни и ќе биде предвидена кривична одговорност за сопствениците на угостителски објекти […]

СДСМ праша зошто не се исплаќаат патни трошоци за просветните инспектори, Јаневска најави нов закон


Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките на собраниската седница за пратенички прашања побара објаснување од министерката за образование Весна Јаневска, за неисплаќањето на патните трошоци на инспекторите од ДПИ од јануари 2025 година до денес, нагласувајќи дека со тоа се оневозможува тековната работа на просветните инспектори. Таа пак, најави нов закон за Просветниот инспекторат […]

Пазарните инспектори вчера констатираа дека 13 угостителски објекти не исполнуваат минимум технички услови


Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот пазарен инспекторат од извршени 82 контроли констатирано било дека 13 угостителски објекти не исполнуваат минимум технички услови. Како што информира портпаролот на Влада Марија Митева на денешната прес-конференција на овие правни лица ќе им биде одземена лиценцата и ќе имаат забрана за вршење на дејноста.  – […]

Од 12 објекти со важечка лиценца до сега три не исполнувале минимум технички услови


Од 12 објекти со активна важечка лиценца, три не ги исполнувале минимум технички услови и на нив ќе им биде оземена дозволата за работа, информираше денеска влчадината портпаролка Марија Митева на задничка прес конференција со директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски и директорот на ГОБ „8 септември“ д-р Синиша Стојановски. Таа рече дека контролите […]

За два дена направени педесетина контроли, само 22 објекти имале важечки лиценци


Во изминатите два дена државните пазарни инспектори спровеле педесетина контроли во објекти на целата територија на државата при што повеќе од половината објекти или имале лиценци со измината важност, или немале никаква лиценца, а за некои нема никакви податоци. Ова попладнево на прес конференција го соопшти владината портпаролка Марија Митева, која рече дека акцијата продолжила […]

Трендафилов ќе проверува дали доцнат платите во ДПИ


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во текот на денов ќе провери што се случува во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и доколку навистина се утврди дека вработените таму не земале плата еден или два месеца, ќе поднесе соодветни пријави. Како што истакна претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, ако треба, ќе се поднесуваат пријави до инспекторатите […]

Инспектори ги проверуваат цените пред почетокот на мерката „новогодишна кошничка“


Екипи на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) се на терен и вршат мониторинг на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошница“. Мониторингот на цените се врши во согласност со Законот за заштита на потрошувачите и Законот за трговија, односно се гледаат сегашните цени на производите кои ги содржи листата од „Новогодишната кошница“ заедно со најниските цени […]

Влатко Стојкоски е нов директор на ДПИ, разрешен е Горан Трајковски


Влатко Стојкоски е нов директор на Државен пазарен инспекторат (ДПИ), потврдија од Владата за МИА. Досегашниот директор на ДПИ, Горан Трајковски е разрешен поради промените на кадрите на новата власт. Претходно, заменик-министерот за економија Марјан Ристески осврнувајќи се на ефектите од есенската потрошувачка кошничка,  соопшти дека вчера е назначен нов директор на ДПИ. –  Мерката […]

Инспекторите на терен, ќе ги казнуваат трговците кои не ги намалиле маржите


Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави директорот на ДПИ, Горан Трајковски. Како што посочи, во теренските проверки […]

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против инспектори од ДПИ


Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против шест службени лица – инспектори, вработени во Државен пазарен инспекторат, и тоа: С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), сите од Скопје, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл 353 од КЗ на РСМ, соопшти денеска МВР. Во […]

Трајковски: ДПИ издаде две решенија за затворање на маркети


Од страна на Пазарниот инспекторат издадени се две решенија за затворање на маркети, информира директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски на својот Фејсбук профил и најавува дека ќе следат засилени контроли кај трговците на мало и трговците на големо. -Изразувам благодарност до големиот број на општествено одговорни компании кои прифатија да ги задржат […]

Уапсен вработен во Државен пазарен испекторат заради примање поткуп


 Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш-Отсек за економски криминал, чера во 12:00 часот го лишиле од слобода К.Ѓ. (33) од село Подареш, радовишко, вработен во Државен пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш, заради сомнение за сторено продолжено кривично дело „примање поткуп“ по член 357, а во […]

ДПИ: Трговците ја почитуваат гарантираната цена – производите се со ознака


Директорот на ДПИ, Горан Трајковски направи контрола да види дали се почитуваат гарантираните цени. Трајковски вели дека големите ланци на трговци ги намалиле цените. И во наредните денови и додека трае одлуката, ДПИ ќе прави контроли. „Мерката се почитува, а на производите стои „гарантирана цена“, изјави директорот на ДПИ, Горан Трајковски. „Апелирам до сите граѓани […]

Пазарните инспектори за една недела извршиле над 600 надзори и издале 110 прекршочни налози


Државниот пазарен инспекторат во периодот од 15 до 21 мај извршил над 600 надзори низ целата држава, при што се констатирани неправилности, за што се издадени над 110 прекршочни платни налози во вредност од над 2.660.000 денари. Покрај овие надзори, Државниот пазарен инспекторат соопшти дека постапува и по одлуките донесени од Владата кои се однесуваат […]

ДПИ ќе му ги зема производите на нерегистрираниот трговец што ќе го затекне


Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави активности за сузбивање на нелојалната конкуренција од нерегистрираните трговци. Со контролите ќе бидат опфатени сите трговци и доколку немаат  регистрирана дејност освен пропишаните казни ќе им бидат одземени производите.  Од ДПИ соопштија дека од извршените инспекциски надзори врз основа на одлуките на Владата кои се однесуваат на овошјето и зеленчукот, […]

Над 30 инспектори на Кванташки пазар, се контролираат увозници на овошје и зеленчук


На Кванташки пазар Скопје во тек се инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место. На терен се над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во координација со тимови Управата за финасиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот. -Кај увозниците на овошје […]

Инспекторите денеска направиле 250 контроли, откриле две прекршувања за замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот


Инспекторите од Државен пазарен инспекторат денеска извршиле над 250 контроли и надзори на цела територија на државата и регистрирале две прекршувања на Одлуката со која на 11 земјоделски производи им беа лимитирани цените. Како што соопштија од ДПИ, на прекршителите дополнително ќе им бидат издадени соодветни прекршочни платни налози. „Од контролите е заклучено дека производите […]

ДПИ извршил над 500 инспекциски надзори од 20 до 26 март, издал 180 прекршочни платни налози


Државниот пазарен инспекторат во периодот од 20 до 26 март извршил над 500 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија. – Издадени се над 180 прекршочни платни налози со вредност над шест и пол милиони денари, од кои 125 прекршочни платни налози по Закон за трговија, 42 прекршочни платни налози по Закон за […]

Литар млеко 68 денари, шпагетите 43 денари… Како се почитува одлуката за замрзнување на цените


  Цените на тестенините, млекото и млечните производи во маркетите утрово осамнаа со нови, пониски цени. Така, литар трајно млеко на најголемиот производител во земјава, со 2,8 проценти масленост од денеска се продава по цена од 68 денари, што е за цели десет денари помалку од досега, јогуртот е намален од 80 на 72 денари […]