„Билд“: Меркел на гости кај Трамп на 27 април


Германската канцеларка Ангела Меркел планира да ги посети САД на 27 април и да оствари средба со претседателот Доналд Трамп, објави германски „Билд“. Весникот нагласува дека неколку извори ја потврдиле посетата на канцеларката во САД во крајот на месецот. Засега нема потврда од нејзниот Кабинет.

Трамп ќе воведува санкции за руски олигарси


САД планираат оваа недела воведување санкции за руски олигарси поради наводното мешање на Москва во американските избори во 2016 година. Тој потег се надоврзува на одлуката на Вашингтон од 15 март кога беа санкционирани 19 поединци. Според американски медиуми кои се повикуваат на извори, таа одлука може да биде соопштена веќе денеска. – Тоа би […]

Вашингтон пост: Трамп е под истрага, но засега без обвинение


Американскиот претседател Доналд Трамп е под итрага на тимот на специјалниот обвинител Роберт Малер, но против него засега не се планира никаква обвинение, објави Вашингтон пост повикувајќи се на неименувани извори. Малер е задолжен да открие дали имало соработка меѓу изборниот штаб на Трамп и Русија за време на претседателската кампања во 2016 година. Трамп […]

Трамп: САД наскоро ќе се повлечат од Сирија


По претстојното целосно уништување на џихадистите од групата Исламска држава (ИД), САД за многу скоро време ќе се повлечат од Сирија, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп. – Ќе се повлечеме од Сирија за многу скоро време, навистина за многу скоро, порача Трамп на митинг во американската сојузна држава Охајо. Тој нагласи дека меѓународната коалиција […]

„Блумберг“: САД ќе протерат руски дипломати поради случајот „Скрипал“


Американскиот претседател Доналд Трамп има намера да протера повеќемина руски дипломати поради скандалот со труењето на поранешнит руски таен агент Сергеј Скрипал во Велика Британија, тврди „Блумберг“. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, изданието повикувајќи се неколку извори од американската администрација, наведува дека Трамп е подготвен да протера десетина руски дипломати од САД. […]

Кајко Фејсбук ги реши изборите во САД и Брегзит? Стив Бенон „мозокот“ во „Кембриџ аналитика“


На 9 ноември 2016 година, кога Михал Косински се разбудил во хотелот „Зинерхаус“ во Цирих, веќе веста била на сите телевизиски канали. Доналд Трамп е избран за претседател на САД. Но, додека останатите славеле или тагувале, а некои, пак, со неверување зјапале во екраните, Косински знаел дека политичкиот земјотрес во Вашингтон на некој начин има […]

Трамп: Подготвен сум да сведочам во истргата за руското мешање


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска одново ја потврди својата подготвеност да сведочи пред специјалниот обвинител Роберт Малер, во врска со истрагата за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година. – Да, би сакал да сведочам, изјави Трамп одговарајќи на новинарско прашање околку неговата подготвеност да се појави како сведок пред Малер. Ваквата […]

Поранешна манекенка на „Плејбој“ тврди дека имала интимна врска со Доналд Трамп


Поранешната манекенка на „Плејбој“ Карен Мекдугал изјави дека имала 10-месечна интимна врска со Доналд Трамп во 2006 и 2007 година. Мекдугал поднела барање во суд во Калифорнија да биде ослободена од договор за неоткривање на таа информација. Според барањето на Мекдугал, компанијата „Американ медиа инк“, издавач на таблоидот „Нешнл Инквајерер“, во 2016 година и платила […]

Трамп ќе бара смртна казна за дилерите на дрога


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе објави план за борба против кризата од зависност од опијати/опиоиди, што вклучува и барање за смртна казна за дилери на дрога. Тој го повика Конгресот на САД да ги заостри законските мерки со кои се одредува казна за шверцерите со дрога, информираат од Белата куќа. Со тој план Белата […]

Трамп шутна уште еден близок соработник


Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека Мајк Помпео, сегашниот директор на ЦИА, ќе биде новиот државен секретар, заменувајќи го Рекс Тилерсон кој го завршува својот краток, но бурен мандат како главен дипломат на нацијата. Тилерсон постојано се наоѓаше во судир со претседателот за најразлични прашања од надворешната политика. Висок функционер од администрацијата изјави дека […]

Трамп: Звучи како Русите да се виновни за труењето на агентот


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека „звучи“ како Русија да е одговорна за труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Британија додавајќи дека за тоа ќе разговара со британската премиерка Тереза Меј. – Звучи како да веруваат оти Русија е одговорна и секако тие наводи ќе ги сфатам како факт. САД […]

Трамп го смени Тилерсон, Помпео назначен за нов американски државен секретар


Американскиот претседател Доналд Трамп го смени американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. На неговото место е поставен Мајк Помпео, објави Трамп на Твитер. „Мајк Помпео, досегашниот директорот на ЦИА, ќе биде новиот државен секретар и тој ќе направи фантастична работа“, рече Доналд Трамп на Твитер. Американскиот претседател му се заблагодари на Тилерсон за неговиот претходен ангажман. […]

Трамп не ја подигна старосната граница за купување оружје


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги следи судските случаи и пресуди пред да донесе одлука за старосната граница за купување одредени видови оружје. „Вооружени чувари се ОК мерка“, напиша Трамп на Твитер по соопштението од Белата куќа во кое се изложува планот со мерки за борба против оружени напади во училиштата. Во пораката за […]

Доналд Трамп прифатил средба со лидерот на Северна Кореја


Американскиот претседател Доналд Трамп ја прифатил поканата за средба со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг–ун, а местото и датумот ќе бидат дополнително договорени. – Претседателот Трамп високо ги оцени убавите зборови на јужнокорејската делегација и претседателот (на Јужна Кореја) Мун. Тој ќе ја прифати поканата за средба со Ким Џонг-ун на место и време […]

Трамп: Русија и други земји се мешале во изборите во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имало мешање на Русија и веројатно и други земји во американските избори во 2016 година, како и дека Вашингтон ќе го спречи секој обид за мешање во овогодишните избори за Конгресот на САД. – Па, Русите немаа никакво влијание на нашите гласови, но сигурно имало мешање и веројатно и […]

Средбата Трамп – Нетанјаху фокусирана на Амбасадата во Ерусалим


На денешната средба во Белата куќа помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најавено е дислоцирањето на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим. – Нашиот народ тоа ќе го памти со векови, истакна Нетанјаху. Трамп посочи дека ја разгледува можноста да го посети Израел кога ќе биде отворена Амбасадата на […]

Трамп нема да изземе ниту една земја од строгите цени за увоз на челик


Претседателот на САД, Доналд Трамп не планира да изземе која било земја од строгите цени кои ги воведува за увоз на челик и алуминиум, изјави денеска советникот за трговија на Белата куќа, Питер Наваро. Трамп минатиот четврток донесе одлука за воведување такси од 25, односно 10 отсто, за увоз на челик и алуминиум, што предизвика […]

Трамп посакува доживотна претседателска функција и во САД


Претседателот САД, Доналд Трамп, смета дека е одлично што кинескиот претседател ќе остане на претседателската позиција доживотно и верува дека еден ден и Соединетите Американски Држави ќе го направат истото. Забелешките на Трамп беа дочекани со смеа и аплауз на формалниот ручек за републиканските донатори во саботата на неговиот имот во јужна Флорида. Си-ен-ен вели […]

Трамп воведува драконски цени на челикот и на алуминиумот


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе воведат високи тарифи за увоз на челик и алуминиум. Трамп истакна дека тарифата за увоз на челик ќе изнесува 25 отсто, додека за алуминиумот ќе биде 10 отсто. Мерките ќе бидат во сила подолг временски период и ќе започнат кон почетокот на следната недела. Тој на Tвитер […]

Нобелов институт: Кандидатурата на Трамп е најверојатно лажна


Норвешкиот институт Нобел побара денеска од полицијата да истражи веројатно лажна кандидатура за американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир. Трамп е номиниран заради неговата „идеологија за мир со примена на сила“ од анонимен Американец, јави Би-Би-Си. Директорот на Институтот изјави дека постојат сомнежи дека номинацијата на Трамп најверојатно е лажна. – Можам […]