Долнени добива нова комунална инфраструктура


Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, заедно со заменик-министерката за транспорт и врски Калтрина Зеколи – Шаќири, денеска оствари работна посета на општина Долнени каде изврши увид во тековните проекти за подобрување на комуналната инфраструктура и заштита на животната средина.   При посетата беше истакнато дека во тек е реконструкција и регулација […]

Гори кај селото Стровија во општина Долнени


Пожарот кај селото Стровија во општина Долнени сеуште е активен, а под контрола е пожарот на планината Готен од беровска страна, соопшти денеска Центарот за управување со кризи.  Според информациите на ЦУК, на територија на државата до 10 часот евидентирани се 10 пожари на отворен простор. Од нив, изгаснати се осум пожари.

Пробниот попис без проблеми: Во Прилеп попишани околу 35 домаќинства


Пробниот попис во Прилеп се одвива непречено и без проблеми. Нема никаков застој со текот на пробниот попис во двете од 13-те општини, Прилеп и Донени, информира Мира Илиевска, инструктор од Државниот завод за статистика надлежна за текот на пописот во овој регион. Досега во двата пописни круга се попишани околку 35 домаќинства, а двајцата […]

Договор од 7,3 милиони евра за концесија за мермер во Долнени и Прилеп


Во Долнени денеска е потпишан договор за концесија за истражување мермер вреден 7,3 милиона евра. Површината е 4,6 километри квадратни на локалитетот Самарница кој е две третини во Долнени, а една третина во Прилеп. Концесионерството го доби македонско-турската компанија „Волостон“ која ќе вложи и уште  22 милиони евра и ќе вработи 500 луѓе. Од 7,3 милиона […]