Променливо облачно со засилен ветер, попладне дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер  со брзина од над 60 километри на час од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Управата за […]

Умерено облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд


 Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне […]

Од утревечер дожд и опаѓање на температурите


Утре ќе се задржи сончево и релативно топло време. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h), информираат од УХМР. Поради продор на […]

Од петок намалување на условите за дожд и повеќе сончеви периоди


Во следните денови наутро ќе биде свежо и ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд. Како што најавуваат од УХМР, во петок и за време на викендот условите за врнежи ќе се намалат и ќе има повеќе сончеви периоди.  Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа и особено во јужните […]

Метео предупредување: Пообилни врнежи со локално невреме


Под влијание на циклонска активност утре попладне, во текот на ноќта и во вторник времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен и пороен дожд ( над 20 l/m2), проследени со силен ветер ( над 70 km/h) и појава на […]

Од идната недела нестабилно со локални поројни врнежи


УХМР информира дека во почетокот на следната недела на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни проследени со грмежи. И во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет.  Според прогнозата, утре ќе биде променливо облачно […]

Облачно со слаб локален дожд


Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со слаб локален дожд, а од пладневните часови на повисоките планини во западните делови со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени Целзиусови. Во […]

До крајот на неделава променливо време со повремен дожд


Во следните денови времето ќе биде променливо облачно, до крајот на работната седмица со повремени врнежи од дожд. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утре локални врнежи ќе има попладне и ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на планините врнежите […]

Облачно со дожд, температурата до 14 степени


Времето денеска ќе биде претежно облачно, со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови (над 25 л/м2). Ќе дува слаб до умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, особено во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во […]

Регионот покриен со снег до 1 метар, линијата меѓу зима и пролет поминува низ Балканот


Дел од Европа и нашата област е под влијание на силна циклонска активност. Саботата донесе и формирање на секундарен циклон во Џеновскиот Залив, кој ги зафаќа подрачјето на Алпите, Италија, Јадранот и неговата заднина. Првиот ден од викендот обилни врнежи го зафатија подрачјето на Алпите, со обилни дождови, додека над 1.500 метри надморска височина паѓаше […]

Најмногу дожд во Струмица 34 литри на кавдрат


Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Струмица 34 литри на метар кавдратен, во Крива Паланка 29, Берово, Охрид и Виница по 20, Тетово 18, а осум литри во Скопје, соопшти УХМР. На Попова Шапка има снежна покривка од 13 сантиметри. Утрово е променливо облачно, во делови од Скопската Котлина магливо. Дува слаб до умерен […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје […]

Најстудено во Берово, најмногу дожд на Попова Шапка


Утрово најниска темепратура од -5 степени е измерена во Берово, потоа -3 во Струмица, -2 во Скопје-Петровец, Демир Капија, Велес и Куманово и -1 во Битола, Кавадарци, Лазарополе и Гевгелија. Во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Штип и Тетово измерени се 0 степени, 1 во Попова Шапка, Маврови Анови, 2 Охрид, 3 Крушево, Виница, Претор, Прилеп, […]

Од сабота дожд и снег на планините, а од понеделник значително заладување


Под влијание на циклонска активност, од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон недела, над 20 л/м2 . Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а од понеделник од северен правец, што ќе предизвика значително […]

Облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат, а во вечерните часови и во текот на ноќта по котлините ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје претпладне ќе […]

Облачно и студено со дожд, на планините снег


 Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег на планините, а од дожд на пониските места. Попладне ќе дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе […]

До вторник стабилно, а потоа дожд и снег


 До вторник до крајот на денот ќе се задржи стабилно, а нов влажен бран ќе започне од ноќта кон среда од северозапад. Врнежите ќе бидат од дожд, во среда на високите планини од снег, а во четврток снег ќе има и понекаде на северозападот и на повисоките места, соопшти УХМР. Врнежите ќе престануваат во четврток […]

Наутро студено, преку ден сончево и потопло, дожд од вторник


Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Во вторник и во среда се очекува дожд првично во западниот дел од државата, а потоа и во останатите делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до […]

Најмногу дожд во Попова Шапка, услови за снег на планините на северозапад


 Во изминатите 24 часа најмногу дожд – 14 литри на метар квадратен наврна на Попова Шапка,  10 литри  во Тетово и Маврови Анови, осум во Крушево, пет во Берово и Лазарополе,  четири во Охрид, три во Претор и Виница, два во Крива Паланка, Прилеп, Гевгелија и Дебар, еден во Скопје Зајчев Рид, Битола, Куманово, Струмица, […]