Врнежливо, со температура до 22 степена


Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд проследени со ретки грмежи, пообилни во јужните делови, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен, северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од осум до 17, а  дневната од 12 до 22 степена. УВ-индексот ќе изнесува четири. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен […]

Облачно и посвежо со врнежи од дожд


Времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта во јужните и југоисточните делови ќе бидат пообилни и интензивни и за кратко време ќе наврне поголема количина на воден талог (околу 50 литри на метар квадратен за шест часа). Ќе дува умерен северен ветер. Утринската […]

Облачно со локален дожд


Променливо облачно време со повремен локален дожд ќе преовладува и денеска во Македонија. Во јужните делови од државата се очекуваат пообилни врнежи. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер, особено на запад и североисток. Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а  дневната од 15 до 22 степени. УВ-индексот ќе изнесува 5. Во Скопје, слично […]

Сончево со мала облачност, попладне пороен дожд


Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне претежно во југозападните делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а  дневната од 23 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје времето ќе биде сончево со […]

Променливо облачно, попладне со дожд и грмежи


Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува. Попладне локално ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи, особено во југозападните делови. Утринската температура ќе се движи од 12 до 18 степени, а дневната од 20 […]

Облачно, попладне дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно, а на повеќе места ќе дува засилен северен ветер. Попладне ќе има нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната од 25 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува седум. Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со […]

(Видео) Силни грмежи и дожд во Скопје


Попладнево го зафатија Скопје силен дожд и грмотевици. Улиците веќе се под вода, но засега нема пријави за штети. Невремето е комбинирано со ветер, град и дожд. Погледнете го видеото:

Невреме во Прилеп, пет куќи поплавени


Околу 13 часот го зафати Прилеп силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи. Невремето траеше нешто повеќе од 40-тина минути и според надлежните наврнале околу 40 до 50 литри дожд. Според градоначалникот Илија Јованоски, кој информираше за преземените мерки, на 15-тина места во градот и околината имало затнати канализации, пријавено е поплавување на пет […]

Сончево и топло, попладне дожд и грмежи


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, дневната од 17 до 29 степени, а вредноста на УВ индкесот ќе изнесува осум. Во […]

УХМР: Најмногу дожд во Скопје


Најмногу дожд во изминатите девет часа наврнал во Скопје, каде што до 16 часот се измерени 11 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.  Десет литри на метар квадратен се измерени во Ѓуриште. УХМР информира дека до крајот на денов на повеќе места во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално […]

Сончево со мала облачност, попладне на запад пороен дожд


Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 34 степени.УВ индексот ќе изнесува осум. […]

Не издржа барокот, од дождот прокисна и зградата на Владата


Од вчерашното невреме и силен дожд прокисна и барокната зграда на Владата, објави СакамДаКажам.мк. За нив, информацијата ја потврдил генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. „Владата прокисна на директно отворените места. И не е првпат, кисне на секој дожд. Таков е квалитетот на изработката. Водата лази по плафоните, под светилките и лустерите, а потоа и […]

УХМР: Најмногу дожд во Куманово, најмалку Тетово и Маврово


До 13 часот во невремето што зафати делови од Македонија најногу дожд наврна во Куманово – 20 литри на метар квадратен, во Скопје Петровец 16, Скопје З. Рид 11, Лазарополе 4  и помалку од 1 во Маврово и Тетово, соопшти УХМР. Оттаму информираат дека врнежите на Метеоролошката станица Зајчев Рид траеле само 25 минути и тоа […]

Денеска пороен дожд и грмежи, со услови за појава на град


Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20 степени, максималната од […]

Променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во текот на денот на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Доцна попладне врПроменливо облачно, наместа нестабилно со пороен дождемето ќе се стабилизира. УВ индексот ќе изнесува 7. Утринската температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а дневната температура од 20 до 32 степени. […]

Претпладне сончево, попладне дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат кон крајот на денот, особено во источните делови. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе биде осум. Во Скопје слично […]

Сончево и топло, а попладне локален дожд и грмежи


Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а од пладне ќе се зголемува облачноста и ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи особено на северот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8. Минималната температура ќе се движи од 10 до 16, а  максималната 26 до 33 степени. […]

Претпладне сончево, попладне грмежи


 Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните и јужните делови ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од девет до 16, дневната од 27 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје сончево и топло, попладне со умерена […]

Прогноза: Претпладне сончево, попладне дожд


Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне локално нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југозападните планински делови. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 16,  дневната од 26 до 32 степена. УВ-индексот […]

(ВИДЕО) Драмски театар повторно прокисна: Во салата врне исто како надвор


Драмскиот театар повторно има проблеми кога времето е врнежливо, па така и вечерва кровот прокисна и дождот врнеше исто како и надвор. Од видеото кое се споделува на социјалната мрежа Фејсбук може да се види, но и да се слушне дождот кој врне внатре во театар. Луѓето кои се затекнати внатре се обидуваат брзо да […]