Попладне пороен дожд и грмежи, значително потопло утре и задутре, в недела пак дожд


На повеќе места од пладне денеска ќе има пороен дожд, грмежи кои локално ќе бидат и во форма на невреме. Во Скопје исто така облачно и со повремен дожд, од пладне со услови за нестабилност, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните два дена времето ќе […]

Утре пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува УХМР


Утре времето на повеќе места ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло. Како што најавуваат од УХМР, во недела ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и ќе има […]

Најмногу дожд наврна во Маврово, 18 литри на квадратен метар, во Пожаране и Охрид по 13


Во текот на ноќта и изутринава беше променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со локален снег. Дуваше слаб до умерен од променлив правец, кој на места беше повремено засилен ветер. Најмногу дожд во за изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврна во Маврово и тоа 18 […]

Обилни дождови во Австралија, повторно наредена евакуација


Обилни дождови денеска ја зафатија источна Австралија, а властите втор пат за еден месец издадоа наредба за евакуација на илјадници жители поради поплави. Истовремено упатено е предупредување до населнието дека лошото време најверојатно ќе продолжи и во текот на утрешниот ден. Околу 28 сантиметри дожд на метар квадратен наврна само во текот на последните 24 […]

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка


Најстудено утрово е во Берово со -3 степени, на Попова Шапка, Претор и Битола се измерени -1, а во Маврови Анови и Охрид нула степени. Максималани три степени се регистрирани во Скопје, кај Зајчев Рид и во Демир Капија, соопшти УХМР. На Попова Шапка има најмногу снег 49 сантиметри, во Крушево 47, а во Маврови […]

Влажниот бран добредојден за земјоделството


Ладниот бран со врнежи од снег и дожд што ја зафати земјава е поволен за земјоделството. Оние овошки кои не ја почнале вегетацијата, добро е се уште да бидат во фаза на мирување зашто време за негативни температури се уште има. Како што велат агрометеоролозите, зимата се уште трае. -Доколку, пред се, почвените услови дозволуваат, […]

УХМР со предупредување: Обилни врнежи од дожд и снег


Од денес вечер, во текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Пообилни врнежи (понекаде до 20 л/24ч) ќе има во западните делови. Врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. До понеделник снежната покривка на планините […]

Викендов со дожд и снег на планините


Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер во јужните делови од југоисточен, […]

Фоторепортажа: Скопјани со „слалом“ од Католичка до Универзална


Малку дожд и скопските улици се претвораат во невозможна мисија за пешаци. Треба да се внимава некој возач да не те испрска, да не згазите во вирче, да не поминете под олук… Тротоарите, наменетеи за безбедно поминување на пешаците, најмалку им го овозможуваат тоа на скопјани.  Во продолжение видете ги фотографиите од една обична прошетка […]

Облачно со дожд и постудено


Времето денеска ќе биде претежно облачно со температура за 6 до 8 степени пониска во споредба со вчерашната и со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови каде се очекува локално да наврнат околу 15 литри на квадратен метар воден талог. […]

Уште утре топло, од недела дожд, пообилни врнежи во вторник


Уште утре ќе се задржи сончевото и топло време. Веќе од недела, синоптичарите најавуваат локален дожд со слаб до умерен, а во западните делови, повремено засилен ветер од југозападен правец. Пообични врнежи се очекуваат во вторник кога поради заладувањето се најавува снег на планините и на некои повисоки места. Ќе дува засилен северен ветер што ќе […]

Следува период на посвежо време, од среда пораст на дневните температури


Следува период на посвежо време со локален слаб дожд, а на планините ќе провејува слаб снег. Утре ќе дува умерен со засилен ветер од северен правец. Утринските температури за време на викендот ќе се движат од -3 до 6 степени, а дневните од 6 до 14 степени. Променливото време ќе се задржи до среда од кога […]

УХМР: Јануари просечно студен со потпросечна количина врнежи


Јануари годинава се карактеризира како просечно студен и подпросечно влажен месец во споредба со многугодишните просечни вредности, согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државава што ги врши Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). -Колебањето на температурата изнесуваше 7,8 степени Целзиусови и се движеше од -2,6° степени во Маврово до 5,2 степени во Гевгелија. Споредено […]

Од вторник нов влажен бран со врежи од дожд и снег


Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег, а во недела и понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето кое ќе трае до вторник за кога се очекува нов влажен бран со дожд и снег. -Утре претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен […]

Облачно со дожд, на планините снег


Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи (локално над 25л/м2) кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од […]

(Видео) Новогодишно чудо во Тексас – заврна дожд од риби


Како што 2021 година се приближува кон крајот, во градот Тексаркана во Тексас имаше неочекуван настан – дожд од риби. Жителите на Тексаркана во средата гледаа како риби паѓаат од небото во нивните дворови и на тротоарите, објави ККСКСВ. – 2021 година ги извлекува сите трикови … вклучувајќи го и дождот од риби во Тексаркана […]

Значително облачно со локални врнежи од дожд


  Времето денеска ќе биде значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а […]

Aпел до граѓаните да ги избегнуваат повисоките места кога се најaвени снежни врнежи


По обилните снежни врнежи во делови на земјава за време на изминатиот викенд, дефектите со електричната енергија, како и поплавите, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов упати апел до граѓаните да ја следат временската прогноза и да избегнуваат да одат на повисоките места доколку се најавени обилни врнежи на снег. – […]

Дождот и снегот ги зголемија водостоите на реките, највисоко нивото во источните и јужните делови


Врнежите од дожд и снег кои паѓаат изминатите десетина дена, а особено во последните 48 часа, ги зголемија водостоите на водотеците и суводолиците во земјава. Најголеми покачувања на водостоите има во источните и јужните делови од државата, а излевања на реките се забележани во сливовите на реките Брегалница, Струмица и Крива Река. Управата за хидрометеоролошки […]

Најголемиот страв на „Мариовска“: Само да не заврне


Еден куп камења вдолж целата улицата, купишта смет, ѓубре и кал, огромни кратери среде асфалтот, тротоари што ги препознавате само по логика, работници што треба да ги санираат дефектите и дополнително го усложнуваат и забавуваат движењето… Ваква е сликата што ја затекнавме вчераутро на улицата „Мариовска“ во скопската населба Кисела Вода, неколку часа по дождот […]