Додик на прашањето како ја минува границата: Влегувам во автомобилот и возам, никој никогаш не ме запира


Претседателот на ентитетот на Република Српска, Милорад Додик, вчера по посетата на Москва се врати во Босна и Херцеговина, а синоќа во програмата на РТРС зборуваше за тоа како ја минува државната граница. На прашањето како ја минува државната граница и покрај активната потерница, тој одговори дека патува со автомобил и дека никој не го […]

Авион на Владата на РС слета утрово во Белград, во него најверојатно e Додик


Авион на Владата на Република Српска слета утрово на аеродромот во Белград и во него според српски босански медиуми, се наоѓа претседателот на РС, Милорад Додик, јави МИА од Белград.  Авионот полетал од Израел синоќа околу 22.30 часот, наведуваат медиумите цитирајќи податоци од веб-страницата ADSBexchange, каде се следи глобалниот воздушен сообраќај во реално време. Милорад […]

Судот на БиХ распиша меѓународна потерница по Додик и Стевандиќ


Судот на Босна и Херцеговина распиша меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и за претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, јавија утрово сараевските медиуми. Налогот за апсење е внесен во системот на Интерпол, а моментално се чека потврда од Генералниот секретаријат на Европол во Лион. Канцеларијата на Интерпол во […]

Додик во Израел: Јас и Нетанјаху сме жртви на политички прогон


Претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој престојува во Израел и покрај потерницата што е распишана по него во БиХ, изјави дека, иако се соочува со кривично гонење, нема да се откаже од својата политика. Во интервју за новинската агенција Jewish News Syndicate (JNS), објавено денеска, Додик ја спореди својата ситуација со онаа на израелскиот […]

Додик: Ќе формираме свој суд и обвинителство, а Шмит „ќе го гониме како ѕвер“


Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, изјави дека овој ентитет на БиХ денеска ќе формира сопствен суд и обвинителство, нагласувајќи дека прв  кој ќе биде ообвинет ќе биде високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит. – Ќе го гонеме како ѕвер, изјави Додик во обраќањето пред пратениците на Собранието на РС, кое […]

Обвинителството на БиХ издаде налог за апсење на Додик


Обвинителството на Босна и Херцеговина, чии активности и делување се забранети во Република Српска, издаде наредба до правосудната полиција да ги приведе претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Националното собрание на Република Српска, потврдиле за РТРС од кабинетот на Владата на Република Српска. Наредбата ја издал обвинителот Ќазим Хасанспахиќ, […]

Рубио: Дејствата на Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност


Американскиот државен секретар Марко Рубио утринава изјави дека „дејствата на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик ги поткопуваат институциите на Босна и Херцеговина (БиХ) и ја загрозуваат нејзината безбедност и стабилност“. Тој ги повика партнерите во регионот да му се придружат на Вашингтон во спротивставувањето на „тоа опасно и дестабилизирачко однесување“. „Нашата влада ги […]

Додик: Подготвени сме на разговор со сите, но не и да нѐ игнорираат


 Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е подготвен да разговара со сите претставници на бошњачкиот и хрватскиот народ и да ги отвори сите теми за тоа како Босна и Херцеговина да стане уставна и одржлива за сите, но дека српскиот народ нема да се придржува до правилата според кои ги губи сите права […]

Русија за пресудата за Додик: Загрозена стабилноста на Балканот


Судот на Босна и Херцеговина донесе пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, и вршителот на должноста директор на „Службен весник на РС“, Милош Лукиќ, кои беа обвинети за непочитување на одлуките на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит. Додик е прогласен за виновен, додека Лукиќ е ослободен. Според пресудата, Додик е осуден на една […]

Адвокатот на Додик нема да присуствува на пресудата во Судот на БиХ


 Горан Бубиќ, адвокат на претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, рече дека нема да присуствува на изрекувањето на пресудата во Судот на Босна и Херцеговина (БиХ) против Додик и вршителот на должноста директор на Службен весник на РС, Милош Лукиќ. „Не можам да учествувам во понижувањето на правата, барем кога не морам“, изјавужи Бубиќ […]

Руди Џулијани на митингот за поддршка на Додик: „Направи ја Српска повторно голема“


Првиот од двата митинзи за поддршка на претседателот на Република Српска Милорад Додик (СНСД) се одржа денеска во Бања Лука, пред Народното собрание на РС (РСНА), а на него присуствуваа и политичкото раководство на РС и некои официјални претставници од Србија. Премиерот на РС Радован Вишковиќ беше првиот што се обрати на собирот свикан пред […]

Неверојатен притисок врз судијката во случајот против Додик – и Вучиќ ја прозва


Ако е и од Милорад Додик, премногу е. Тоа би било кратко резиме на неверојатниот притисок врз судството, а конкретно врз судијата Сена Узуновиќ, кој го води случајот против претседателот на ентитетот Република Српска, пишуваат босанските медиуми. Сметаат дека во сите претходни месеци јавноста била сведок на континуирани притисоци, уцени и закани за разни кризи […]

Додик пред Судот на БиХ: Обвинителството на БиХ ја нападна институцијата претседател и институциите на РС


Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска пред Судот на Босна и Херцеговина во Сараево изјави дека Обвинителството на БиХ, со покренување постапка против него, ја нападнало институцијата претседател и институциите на РС. Давајќи го својот завршен збор во судскиот процес во кој му се суди за неисполнување на одлуките на високиот претставник во […]

Судот во БиХ утре ја објавува пресудата за Додик, тој најавува „радикални мерки“ ако биде осуден


Суд во Босна и Херцеговина утре ќе ја заврши едногодишната судска постапка против лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, кој е обвинет за непочитување на одлуките на високиот претставник. Доколку биде прогласен за виновен, Додик и неговите најблиски соработници најавуваат „радикални мерки“. На последното рочиште, предвидено за изнесување на завршните зборови на обвинителството и одбраната, […]

Додик е успешно опериран – пред операцијата го посетил Вучиќ


Претседателот на Република Српска Милорад Додик е опериран. По неколкучасовна комплицирана операција, која започна во 8 часот, Додик е сместен на одделението за интензивна нега, јавува АТВ од Бања Лука. На Додика му беше извршена операција на хранопроводот откако вчера беше хоспитализиран поради акутни болки.   „Според првата дијагноза, по потребните подготовки, ќе следи операција […]

Додик хоспитализиран поради акутни болки


Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска е хоспитализиран во Белград поради акутни болки, соопшти вечерва неговиот кабинет. Според првата дијагноза, се додава, по потребните подготовки, следи оперативен зафат на хранопроводникот и желудникот. „За здравствената состојба на претседателот на Република Српска јавноста ќе биде навремено информирана“, се наведува во соопштението. 

Додик: Република Српска ќе бара финансирање преку БРИКС


Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, го оцени учеството на Самитот на БРИКС во Казањ како успешно и најави дека РС ќе се обиде да обезбеди финансиска поддршка за проекти преку алтернативни финансиски инструменти од оваа асоцијација, наместо од европските институции. Додик рече дека соработката со Новата развојна банка БРИКС, која покажала интерес за инвестирање […]

Додик: БиХ нема да го признае влезот на Албанците од Косово со лични карти


Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека Босна и Херцеговина нема да го признае влезот на Албанците со лични карти бидејќи не го признала ниту самопрогласеното Косово.  Додик истакна дека повикувајќи се на тоа што Србија дозволила патување со лични карти преку Србија е во прилог на тоа што Косово и Метохија е […]

Додик тврди дека ОБА планирала атентат врз него и врз Вучиќ


 Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека е „општо познато“ дека Разузнавачко-безбедносната агенција (ОБА) на Босна и Херцеговина  планирала негова ликвидација како и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој рече дека тоа е една од причините поради која поранешниот директор на ОБА Осман Мехмедагиќ Осмица е во затвор. „Тоа беше целосно разработена […]

Додик постојано повикуваше на распаѓање на БиХ, а по посетата на шефот на ЦИА на Сараево ја смени приказната


Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, тврди дека властите на Република Српска никогаш не го доведувале во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ, а тоа го направи само еден ден откако директорот на американската ЦИА Вилијам Барнс ненајавено ја посети земјата. Барнс вчера се сретна со сите тројца членови на Претседателството на БиХ во […]