Пратеник од СИРИЗА се обрати на македонски во грчкиот Парламент


На македонски јазик, односно на костурски дијалект се обрати денеска во грчкиот Парламент пратеникот од СИРИЗА, Јоргос Урзидис, кој му даде поддршка на договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот со името. Урзидис, кој има потекло од северна Грција од говорницата откако пораката ја кажа на македонски јазик, односно на костурски дијалект, потоа ја […]

Стандард енд пурс: Договорот нема да предизцика негативни ефекти врз македонската економија


Меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Стандард енд пурс“ соопшти дека договорот меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името нема да предизвика негативни ефекти врз македонската екомонија. Агенцијата оценува дека напредокот на земјава ќе биде постепен, а придобивките долгорочни. – Оценката е отсликување на балансот помеѓу ризикот што го носи брзото […]

Мариа Колиа Царуха: Нема да го поддржиме договорот, за нас Македонија е Грција


За нас, Македонија е Грција и Грција е Македонија, рече министерката за Македонија и Тракија, Мариа Колиа Царуха од редовите на Независни Грци, говорејќи на расправата во парламентот и го повтори ставот на нејзината партија дека нема да гласаат за договорот, но остануваат во владата, ја поддржуваат и ќе гласа против предлогот на Нова демократија […]

Британски експерт: Договорот меѓу Скопје и Атина е фер и избалансиран


Договорот меѓу Скопје и Атина за новото име на Македонија е фер и избалансиран, и претставува многу важен чекор, изјави експертот за Југоисточна Европа од Лондонската школа за економија и политички науки, Џејмс Кер-Линдзи. – Како некој што се занимава со Западен Балкан и кој премногу посакува да го види Западен Балкан во ЕУ, знам […]

Договорот ќе се потпише в недела во Преспа на грчка територија, а потоа ќе следи ручек во Отешево


Договорот меѓу Македонија и Грција за името ќе се потпише в недела во Преспа на грчка територија, а потоа ќе следи ручек на македонска страна, во Отешево дознава „Независен Весник“. Дел од грчките медиуми утрово објавија дека договорот ќе биде потпишан во Преспа во Македонија, друг дел пак тврдеа дека потписите ќе паднат на грчка […]

Партијата на Каменос нема да го поддржи Договорот, ниту иницијативата за недоверба на Владата на Ципрас


Помалиот коалициски партнер во грчката Влада, десничарската партија Независни Грци на Панос Каменос, најави дека нема да го поддржи ниту Договорот со Македонија, ниту предлогот на опозициската Нова Демократија за недоверба на владиниот Кабинет, иако иницијативата беше токму поради постигнатиот Договор. Партијата Независни Грци на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, останува на досегашниот став […]

Франција го поздрави договорот за името


Франција го поздравува постигнатиот договор за прашањето за името, објавен од страна на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, се наведува во соопштението на француското Министерство за надворешни работи. Според Министерството за надворешни работи на Франција, ова е голем развој, од чиј исход корист ќе имаат и двете земји, овозможувајќи развој на нивните односи во […]

Мицотакис: Грција прв пат признава македонска националност и јазик


Грција, по прв пат признава македонска националност и јазик за нашите северни соседи. Елементи што претставуваат корен на иредентизмот, рече лидерот на опозициската Нова демократија Киријакос Мицотакис на денешната расправа во грчкиот парламент, кусо пред да достави барање за гласање недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас. Мицотакис упати остри обвинувања до Ципрас за содржината […]

Светската јавност го фали лидерството на Заев и Ципрас


Крај на 27-годишниот спор – тоа е суштината на огромниот број текстови во светските медиуми по објавувањето на договорот меѓу Македонија и Грција. Текстовите се прецизни, без во нив да се нагласува дали договорот е причина за триумф на Атина или пораз на Скопје, или обратно. Во најголемиот дел од текстовите се пренесуваа причините за […]

Владата ќе го разгледа и ќе го декласифицира договорот со Грција


Договорот за решевање на долгогодишниот спор за името што го постигнаат премиерите Зопран Заев и Алексис Ципрас денеска треба да се најде на седница на македонската Влада и да биде декласифициран. Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска синоќа во ТВ интервју изјави дека планот е Владата денеска да го дискутира и одобри договорот и веднаш […]

Али Ахмети: Договорот за името Скопје и Атина ќе се потпише во сабота


Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, во вечерашното интервју за приштинската телевизија Т7, најави дека договорот меѓу Атина и Скопје ќе биде потпишан во сабота, јавува дописникот на МИА од Приштина. Договорот ќе го потпишат премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во присуство на највисоки претставници на Европската унија, […]

Нон-пејпер: Суштинската основа на Договорот за решавање на спорот со Грција


Достоинството, националниот, културниот и севкупниот идентитет на македонскиот народ се заштитени со Договорот постигнат меѓу Македонија и Грција. Согласно со тоа, ние имаме право да се определуваме како Македонци без какви било ограничувања, јави МИА повикувајќи се на нон-пејпер во кој имаше увид. Основата на Договорот е тоа што во него на пријателски начин и […]

Малески: Договорот ги надминува моите очекувања


Ова што го добивме ги надминува дури и моите очекувања. Очекував дека Грците по прашања поврзани за идентитетот, за името на јазикот и на нацијата дека ќе бидат многу потврди. Ова вечерва го изјави првиот министер за надворешни работи на Република Македонија Денко Малески во интервју за ТВ Телма. – Во меѓународните односи е многу важно разумот […]

Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција


Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан го повикува претседателот Ѓорге Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција. – Не е соодветно за претседател на држава, да одбие да разговара со премиер, со министер за надворешни, за да добие информации од прва рака. Мислам дека премиерот и министерот за надворешни целосно […]

Столтенберг : Покана за членство по финализирање на договорот


НАТО веќе има донесено одлука дека Македонија ќе добие покана за членство, откако ќе го реши спорот за името со Грција и таа одлука е донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година, а сега откако договорот е постигнат поканата ќе пристигне кога ќе биде финализиран во двете земји. Ова го порача генералниот секретар на […]

Заев: Имаме обврска да овозможиме граѓаните да го дадат своето мислење за договорот за името


Како одговорни политичари, во дадениот момент имаме обврска да им овозможиме на граѓаните на Република Македонија да го остварат демократското право и да добијат шанса да го дадат своето мислење во однос на договорот за решението на спорот за името, истакнал премиерот Зоран Заев на денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На средбата […]

Самарас: Договорот е непотребен и понижувачки компромис


Договорот не е само лош, туку е непотребен и понижувачки компромис, вели поранешниот грчки премиер, Андонис Самарас коментирајќи го договорот меѓу Македонија и Грција. – Не му го дадоа само името на Скопје, ги дадоа и националноста и идентитетот и јазикот на Македонија. Меѓународно го слабее грчкиот карактер на Македонија. Создавајќи повеќе жаришта за конфликти […]

Курц: Македонија сега има шанси да се приклучи кон ЕУ


Македонија има шанси да се приклучи кон ЕУ, откако вчера Скопје и Атина постигнаа договор за решавање на спорот за името, изјави денеска во Берлин австрискиот канцелар Себастијан Курц. Курц нагласи дека гледа јасна перспектива за целиот регион на Западен Балкан и за Македонија како членка на ЕУ. На заедничка прес-конференција со германскиот министер за внатрешни […]

(Видео) Заев му го предаде договорот на Мицкоски, средбата траеше 5 минути


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево во Владата имаше куса средба со премиерот Зоран Заев кој му го предал договорот за решение за спорот за името. По средбата Мицкоски изјави дека тој и Заев имале куса средба затоа што, како што кажа, целокупната тема била исцрпена во текот на вчерашниот ден и тој немал што […]

Иванов во 17 часот ќе се обрати пред јавноста


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во 17 часот ќе се обрати пред македонските граѓани во врска со договорот за името меѓу Македонија и Грција. Тој денеска имаше двеминутна средба со премиерот Зоран Заев и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров кои го информираа за постигнатиот договор за името. Од Кабинетот на претседателот соопштија дека средбата траела […]