Изложба „Поместени граници“


Традиционалната изложба „Поместени граници“ чиј организатор е Друштвото на ликовни уметници на Македонија, која годинава се реализира како резиденцијален престој во текот на мај и јуни во Уметничката резиденција „Македонида“ свечено ќе биде отворена вечерва. Кураторка на оваа изложба чиј концепт со наслов „Разбудени сеќавања“ е насочен кон индивидуалните мемории е историчарката на уметност Гордана […]

Изложба „Зимски салон 2026“


„Зимски салон 2026“, изложба во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), вечер ќе биде отворена во Националната галерија, објект „Мала станица“. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам како Национален проект за 2026 година. Концептот на изложбата и изборот на делата се курирани од словенечката ликовна критичарка со меѓународна значајна […]

Годишна изложба на ДЛУМ во Мала станица


Во Националната галерија – објект Мала станица, денеска ќе биде отворена Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Овој традиционален настан претставува неселективна презентација на творештвото на сите членови на ДЛУМ во текот на изминатата година, создавајќи автентичен портрет на актуелната визуелна уметничка сцена. Посетителите ќе имаат можност да видат дела во […]

Тонкин и Кешќец наградени за Мал формат и МиниАРТура, „Вангел Коџоман“ за Смилков и „Константин Мазнев-Коце“ за Чепишева


На вчерашното отворање на иложбите Мал формат и МиниАРТура во Културно информативниот центар во Скопје, Друштвото на ликовни уметници на Македонија ги додели наградите на уметниците кои се изразуваат преку овие ликовни формати.   УметничкиотсСовет на ДЛУМ оваа година ги награди авторите Ненад Тонкин за Мал формат, и Давор Кешќец за МиниАРТура.   Воедно Културно […]

Отворање на „Годишната изложба“ на ДЛУМ вечерва во Мала станица


Во Националната галерија, објект Мала станица, вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи отварањето на „Годишната изложба“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Како што соопштуваат од ДЛУМ, изложбата претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број членови на ДЛУМ. – Изложбата е хетерогена и обединувачка, прикажувајќи различни ликовни дела. […]

Изложба „Скопски урбани приказни 2024“ во ДЛУМ


Изложбата „Скопски урбани приказни 2024“ ќе биде отворена вечерва од 20:30 часот, во куќата на Друштвото на ликовни уметници. На изложбата, која е дел од „Скопско лето“, уметниците Ана Ивановска, Доротеј Нешковски, Шќипе Мехмети, Сашо Блажес, Марина Лешкова, Давор Кешкец и Сокол Марковски, преку различни медиуми и инакви перцепции ќе ги претставуваат своите толкувања за […]

„Нови енергии“ – изложба на ново примени членови во ДЛУМ


„Нови енергии“ е изложба на ново примени членови на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) која ќе биде отворена вечер во галеријата во Домот на Армијата во Скопје. На изложбата ќе бидат претставени новите членови на Друштвото примени од 2023 и од првиот конкурс од 2024 година. Изложбата ќе биде отворена од претседателкатa на ДЛУМ, Јана […]

Конечно, ДЛУМ добива свој галериски простор


Министерството за култура денеска соопшти дека е обезбеден простор за трајно сместување на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), со што се решава деценискиот проблем на Друштвото. На денешната седница, Владата донела Одлука за давање на трајно користење на простор на Здружението за афирмација на ликовното творештво, организација на ликовниот живот и збогатување на […]

ДЛУМ избра членови на Управниот и Надзорниот одбор, како и на Уметничкиот совет


Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) на денешното Годишно собрание што се одржа во Домот на Армијата во Скопје избра Управен одбор, Уметнички совет како и членови на Надзорниот одбор. Во Управниот одбор на ДЛУМ се избрани Христијан Санев, Никола Смилков, Петра Јовановска, Слободан Милошевски, Денис Танев и Катерина Таневска. За членови на Уметничкиот […]

ДЛУМ на годишно Собрание ќе избира членови на Управен и Надзорен одбор и на Уметничкиот совет


Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) денеска во Домот на Армијата ќе одржи годишно Собрание. Според Дневниот ред, ќе се бираат нови членови на Управен и Надзорен одбор, како и на Уметничкиот совет. На Собранието, исто така, од страна на ДЛУМ ќе бидат презентирани досегашните активности и идните планови на здружението. Како што е […]

Манева-Чупоска: Приоритет е ДЛУМ финансиски да закрепне, да се покаже слух кон ликовните уметници


  Приоритет во моментов е финансиски да закрепнеме и искрено се надевам на сериозно освестување од надлежните дека проблемите на ова Друштво мора да се решат. Државата треба да покаже слух кон ликовните уметници, вели новата претседателката на Друштвото на ликовни уметници проф. д-р Јана Манева-Чупоска во интервју за МИА. Манева-Чупоска, која ќе раководи со […]

Јана Манева-Чупоска нов претседател на ДЛУМ


Ликовната уметница Јана Манева-Чупоска е нов претседател на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), избрана на вонредното годишно собрание што се одржа во саботата. Со ДЛУМ ќе раководи во наредните четири години.   Манева-Чупоска во 1996 година дипломирала сликарство во класата на проф. Симон Шемов. Специјалистички студии по сликарство и рачна обработка на стакло […]

„Современа скулптура“ – изложба на ДЛУМ


Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер од 20 часот во Уметничкиот центар АРТ ХАБ  ќе ја отвори изложбата „Современа скулптура“, која ќе може да се посети  до 10 јуни од 11 до 18 часот. Ќе учествуваат 12 уметници: Анѓел Димовски-Чауш, Димитар Филиповски, Душан Ѓеорѓиевски, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Маја Танева, Марјан Стојаноски, Нела […]

Дела на осуммина уметници на ДЛУМ претставени на изложбата „Поместени граници“


Со шестото издание на годишната изложба „Поместени граници“ на Друштвото на ликовните уметници на  Македонија (ДЛУМ), која денеска беше отворена во паркот на Министерството за култура, се одбележува  Светскиот ден на уметноста – 15 Април. До 20 часот вечерва таму може да се посети изложбата на која  се претставени делата на осуммина уметници: Марија Светиева, […]

Годишна изложба на ДЛУМ во Мала станица


Во Мала станица е отворена годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Изложени се дела на 73 автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија, а на отварањето беа избрани и добитниците на наградите за сликарство, вајарство и графика. Годинава за сликарство е награден уметникот Игор Таневски, наградата за вајарство ја доби Филип Фидановски, додека […]

Пет уметници наградени за „Мал формат 2017“ на ДЛУМ


Во Културно-информативниот центар до 20 јануари ќе биде поставена годишната изложба „Мал формат 2017“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија-ДЛУМ. На изложбата учествуваат 54 автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија со повеќе од сто дела изработени во различни ликовни техники. ДЛУМ и КИЦ и годинава ги доделија наградите на оваа републичка ликовна манифестација. Наградата […]