Гир: Загрижува слабата имплементација на препораките на ДКСК


Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска порача дека загрижува слабата имплементација на препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Тој потенцираше дека сите препораки на ДКСК како и на Државниот ревизор не се тајни, туку се јавно достапни и граѓаните очекуваат истите да бидат доследно имплементирани. -Работата на ДКСК е од огромна важност затоа што […]

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК


 Пријави за градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и за повеќе општини беа во фокусот на денешното продолжение на 99. седница на Државната комисија за спречување на корупција на која беа разгледани повеќе предмети кои беа во најголем дел отфрлени или беше одлучено постапката да се запре. За пријавата за градоначалничката на Град Скопје, Данела […]

ДКСК: Се набавувале софтверски лиценци за коишто не е утврдена потреба


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 99-та седница ја разгледа анализата за спроведена јавната набавка на софтверски лиценци за потребите на повеќе институции (22 институции) од Генералниот секретаријат на Влада, без да направи соодветна анализа на пазарот и донесе одлука целосното истражување и докази да се достави до Јавното обвинителство на надлежно […]

Ревизија, ДКСК и Омбудсманот со најдобри резултати за интегритет, најслаби Обвинителството, судовите


Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Народниот правобранител имаат најдобри резултати за интегритет, отчетност, одговорност и подготвеност за борба со корупцијата и се првите три столба со најмногу поени во националниот Систем за интегритет кој опфаќа 15 столба, во новиот извештај на Транспаренси интернешенл (ТИ) Македонија. Јавното обвинителство е најслабо […]

Ивановска: „Црешата на шлагот“ за работата на ДКСК ќе бидат големите предмети „Бехтел и Енка“ и Лотарија


Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска пред истекот на мандатот на составот на ДКСК што таа го предводеше, е задоволна од сработеното. И покрај условите во кои работеле, ресурсите со кои располагале и, како што рече, „сите суптилни препреки со коишто се соочувале“, завршиле околу пет и пол илјади предмети.  Одговарајќи на новинарско прашање за […]

ДКСК: За ТЕЦ Неготино набавени 18.000 тони гориво помалку од платеното – сомнеж за системска копрупција


Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по сопствена иницијатива во врска со набавката на мазут за потребите на АД ТЕЦ Неготино, извршена од страна на АД ЕСМ Скопје, при што набавката тешка 212 милиони евра требало да ја изврши фирмата РКМ ДООЕЛ од Скопје утврди состојби од кои произлегуваат сомнежи за несовесно работење, искористување […]

Собранието ја изгласа одлуката за избор на новиот состав на ДКСК


Со 97 гласа „за“ пратениците на денешната собраниска седница ја изгласаа одлуката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Во новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се Цвета Ристовска, Татјана Димитровска, Софија Спасова Медарска, Сервет Демири, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев и Зоран Богоевски. Новата […]

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК


Во Собранието за денеска е закажана 135 седница, на чиј дневен ред една од точките е Предлог-одлуката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. За претседател на ДКСК е предложена Татјана Димитровска, дипломиран економист од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР), која од членовите на Комисијата […]

Ивановска очекува Комисијата за селекција да не дозволи притисоци при изборот на новиот состав на ДКСК


Многу политички експонирани личности се пријавија на конкурсот за избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупција, смета актуелната претседателка на ДКСК Билјана Ивановска.   – Не ми се допаѓа тоа што многу политички експонирани личности се пријавија на интервјуата за избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). […]

Во Собранието заврши интервјуирањето на кандидатите за членови на ДКСК


Во Собранието на Република Северна Македонија вечерва заврши интервјуирањето на кандидатите за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. За новиот состав на Антикорупциската комисија беа пријавени вкупно 57 кандидати, од кои во административната селекција се утврдило дека 15 кандидати не ги исполнуваат условите или имаат доставено некомплетна документација.  Претседателката на Комисијата за селекција […]

Ивановска: Неказнивоста и невладеење на правото во системот е причина за критичкиот извештај на ЕК


 Неказнивоста и невладеење на правото во системот е причина за критичкиот извештај на Европската комисија, а најмногу промени за да се смени ситуацијата според неа се потребни во правосудството, истакна претседателка на Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) Билјана Ивановска, по одржување на предавање за борбата против корупцијата во ООУ „Гоце Делчев“ – Тетово […]

ДКСК: Градоначалниците на Радовиш 12 пати без оглас ангажирале директор на јавно претпријатие


 Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница донесе одлука да поднесе иницијатива за одговорност до Владата и за кривично гонење за несовесно работење и трошење на буџетски средства на директорот на Агенцијата за филм. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска детално го образложи случајот со Агенцијата за филм, ревизорските извештаи за финансиското работење […]

Објавен оглас за избор на нови членови на ДКСК, старите без право на реизбор


Објавен е јавен оглас за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата-ДКСК, и според одлуката донесена од Собранието на Република Северна Македонија, акутелните членови на ДКСК се без право на реизбор. Според конкурсните услови, лица кои во кој било мандат ја вршеле функцијата претседател на Државната комисија за спречување на […]

Ивановска: Мандатот истекува на 7 февруари, навреме да се изберат членови на ДКСК


Мандатот на актуелните членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) со работа изтекува на  7 февруари 2024 година и согласно законот немаат право на повторен избор, ниту на продолжување на мандатот до изборот на нова Комисија, истакна денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска која одговараше на новинарски прашања на денешната „Текстилијада“ во Штип. […]

ДКСК за донациите на ДУИ: Прекршен е законот за финансирање


Шемши Салаи, член на ДКСК, на денешната 92-ра седница на Комисијата рече дека се работи за донација за Демократска унија за интеграција (ДУИ) која била поголема од тоа што го дозволува законот, а предметот, рече, го отвориле по сопствена иницијатива врз основа на новинарско прашање. Врз основа на извештаите што ги добиле од ДЗР, констатирано […]

Прскањето против комарци пред ДКСК – не е утврдено дека со тоа средство не може да се прска од воздух


Антикорупциската комисија не го потврдила сомнежот од анонимен подносител на пријава кој тврди дека во Скопје се правела несоодветна дезинсекција односно против комарци е прскано од воздух со средство што е наменето само за аплицирање на земјена површина. ДКСК утврдила дека нема изрична забрана за користење на средството од воздух. Софија Пејовска-Дојчиновска, член на ДКСК, […]

ДКСК за измените во КЗ: Не се придонесува за борбата против корупцијата и организираниот криминал


Со донесувањето на измените Кривичниот законик како еден од столбовите на правниот систем, треба да го штити функционирањето на правната држава. Со донесувањето на измените и дополнувањата на овој закон во Собранието на Република Македонија, и тоа со молскавична брзина, по скратена постапка и употреба на европското знаменце, односно на начин со кој не се […]

Седница на Државната комисија за спречување корупција


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска преку зум платформата ќе ја одржи 90-та седница.  На дневен ред се избор на заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата и изменување и дополнување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.  Членовите на Антикорупциската комисија ќе постапуваат по конкретни предмети […]

ДКСК со кривична за Арсовска – незаконски назначила директори на МКЦ и на ЗОО Скопје


  Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) оценува дека назначувањата на в.д. директорите на Младинскиот културен центар (МКЦ) и Зоолошка градина биле незаконски и донесе и одлука за поведување кривична постапка против градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Според Антикорупциската комисија, Арсовска го прекршила законот со именувањето на Никола Алексов и Драган Илиевски за в.д […]

ДКСК: Арсовска незаконски го именувала Драган Илиевски за в.д директор на Зоолошката градина


Градоначалничката на Град Скопје постапила спротивно на законот, при именување на Драган Илиевски за нов в.д директорот во скопската Зоолошка градина, утврди ДКСК. Државната комисија за спречување на корупција на денешната 89 седница утврди дека Илиевски бил именуван за директор, иако тој не го исполнувал условот претходно да биде вработен во самиот објект. Како што […]