СДСМ и Левица не ја „купуваат“ приказната на власта за дијаспората
Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) повторно порача дека не се против правото на дијаспората да гласа, туку се против неконтролирани модели на гласање кои можат да отворат простор за изборни злоупотреби. На прес-конференција, портпаролката Богданка Кузеска рече дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја излажат јавноста преку прашањето за измените на Изборниот законик. […]