Разрешен в.д. директорот на Конзерваторски центар Скопје


Министерката за култура го разрешила в.д. директорот на Конзерваторскиот центар Скопје Костантин Димитровски кој заедно со неколкумина други лица беше приведен под сомнение за уривање на хотелот „Ан хотел шар“ во Старата скопска чаршија кој е прогласен за културно наследство.  Од Министерството за култура потврдија дека директорот е разрешен и дека на негово место е […]

Петревски: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ две години ги блокираат одлуките за набавка на нови автобуси и плати во ЈСП


Откако и на последната седница на Советот на Град Скопје беше одбиено барањето за субвенции на ЈСП „СКопје“ во висина од 2 милиони евра, директорот на претпријатието ги прозва советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. – Веќе втора година по ред советниците на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат одлуките за набавка на нови […]

ЈСП не доби субвенции од Град Скопје од 2 милиони евра – се очекува застој


  Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ бараше субвенции од Град Скопје за до крајот на годината во висина од 110 милиони денари, без кои претпријатието ќе биде доведено во состојба да не може да ги пружа услугите и да исплати плати. Советниците не им ги одобрија. Ваквата состојба е поради долгот од Владата, односно, доцнењето на […]

Новиот директор на Биро за метрологија: Мислев дека тоа е наука за времето


Авдуљ-Селам Селами, кадар на ДУИ и поранешен заменик-директор на УЈП, денеска како нов директор на Биторот за метрологија, институција под надлежност на Министерството за економија за работа со мерни инструменти за контрола на квалитет, се обрати по повод Светскиот ден на метрологијата. Тој рече дека порано пред да стапи на функција си мислел дека оваа […]

Уште еден директор на Арсовска поднесе оставка


Директорот на „Паркови и зеленило” во Скопје, Зухејр Реџепи, кадар на ДУИ, поднесе оставка. Како што напиша тој на официјалниот фејсбук профил на претпријатието, оставката ја дава поради здравствени причини. „Ѝ благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција“, напиша Реџепи. Тој на оваа функција беше назначен […]

ЈСП има нов директор – Крсте Петревски


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска реши повторно да го смени директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје. Од ЈСП Скопје заминува досегашниот в.д. директор Александар Стојковски, а на негово место треба да седне првиот човек на ЈП „Градски паркинг“, Крсте Петревски. Петревски ќе биде трет директор на ЈСП во мандатот на градоначалничката Арсовска, која […]

Извршниот директор на ТикТок сослушан од американскиот Конгрес


Пратениците на американскиот Конгрес на денешната седница го обвинија извршниот директор на ТикТок, Шу Зи Чу, дека апликацијата овозможува достапност на штетна содржина и предизвикува „емоционална вознемиреност“ кај младите корисници. Републиканската пратеничка Кети Мекморис Роџерс на почетокот на сослушувањето во Конгресот рече дека за неколку минути по отворањето нов налог на ТикТок, алгоритмот на апликацијата […]

Ковачевски најави смена на директорот на Управата за извршување на санкции


Премиерот Димитар Ковачевски вели дека не е задоволен од работата на Марјан Спасовски, директорот на Управата за извршување на санкции при Министерството за правда. Тој најави дека Спасовски ќе биде сменет од функцијата. -Веќе отпочнав процес на селекција на нов директор на Управата за извршување на санкции, истакна Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата. Ова […]

Владата утре ќе именува нов директор на АНБ


Владата утре на седница ќе именува нов директор на Агецијата за национална безбедност. -Утре ќе има нов директор на АНБ, изјави премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конфереција одговарајќи на новинарско прашање без да соопшти други детали. Досегашниот директоѕр на АНБ Виктор Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз.

Запалена канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“


 Две лица ја запалиле канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ во населбата Кисела Вода. Како што посочи МВР, директорот А.Ф. (36) пријавил дека по претходна расправија, од страна на Н. Ј. поранешен вработен во домот и уште едно лице била фрлена запалива течност, при што настанал пожар. Од МВР велат дека нема повредени до […]

Шанса за Центар: Како се станува директор на ПОЦ?


Граѓанската иницијатива Шанса за Центар остро реагира на нетранспарентното објавување оглас за работното место директор на Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар. Оттаму реагираат дека се чини „прв и најважен услов за некој да стане директор на Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар е да чита дневен весник. Како инаку би дознал дека воопшто постои […]

Марјан Митовски назначен за нов В.Д. директор на „Водовод и канализација“


Откако вчера соопштија од Град Скопје дека директорот Златко Перински е разрешен од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер назначен е нов директор Марјан Митовски. Oд Кабинетот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, потврдија дека Марјан Митовски е назначен за нов в.д. директор на […]

СДСМ го спори назначувањето на Илиевски за директор на ЗОО Скопје


По скандалот со колење коњи во Зоолошката во Скопје, сменет беше фиректорот, а на негово место дојде Драга Илиевски, чиј избор сега, го спорат од владејачката партија СДСМ. Имено, тие отворија сомнеж дали новиот В.Д. директор на Зоолошка градина, Драган Илиевски е назначен согласно законите, „Прво, затоа што за оваа позиција не бил распишан јавен […]

МОН: Одземени ингеренциите на општина Тетово за именување и разрешување директор во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“


Министерството за образование и наука денеска соопшти дека го одзема вршењето на работите на општина Тетово за именување и разрешување на директор на Средното општинско училиште Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ – Општина Тетово затоа што и покрај укажувањата и преземените мерки и активности од Државниот просветен инспекторат не обезбедила извршување на работите кои со закон се […]

Косана Мазнева е нов директор на „Комунална хигиена“


Денес за нов директор на јавното претпријатие „Комунална хигиена’ Скопје е назначена Косана Мазнева. Мазнева има повеќе од 15 години искуство, од кои како раководител на сектор природа во Министерство за животна средина и просторно планирање, одговорен инженер и советник за животна средина во АД „Електрани на Македонија“ и поранешен пратеник во два мандата. Високо […]

Разрешен в.д директорот на „Комунална хигиена“


Директорот Зуди Енузи е разрешен од позицијата вршител на должност на јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Градот Скопје како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии меѓу нашите сограѓани. Политиката зема замав и во ниту еден случај не смее да влијае на […]

Директор на училиште во САД обвинет за сексуална злоупотреба на ученик


Директор на средно училиште во Пенсилванија, САД обвинет е по 30 точки за сексуални односи и контакт со ученик. Роџер Вивре Фрид (34) поранешен директор на средно училиште во Вилијамспорт, обвинет е за одржување долгодгодишна сексуална врска со ученик која протдолжила и откако ученикот завршил средно. Фрид се товари за 30 точки казнени дела од […]

Душко Коцевски е нов в.д. директор на ПОЦ


Душко Коцевски е нов в.д. директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје, кој доаѓа на оваа позиција на местото на досегашниот директор Васко Кичевски. „Со чест и задоволство прифатив да бидам нов в.д. директор на ЈП Паркинзи на Општина Центар. Му благодарам на градоначалникот за укажаната доверба. Во следниот период, заедно со тимот, […]

Директорот на ЈСП – Скопје поднел оставка, Град Скопје тврди дека му завршил мандатот


Директорот на ЈСП „Скопје“ Иван Илиевски си поднел оставка само пет месеци откако беше назначен од скопската градоначалничка Данела Арсовска, дознава СДК. Јавното претпријатие е во лоша финансиска состојба со години и се одржува од субвенции кои месечно надминуваат милион евра.   Илиевски е втор директор од тимот на градоначалничката Арсовска кој си заминува од функцијата. […]

Поставен автоклав за медицински отпад во „Дрисла“


Медицинскиот отпад како посебен отпад бара посебен третман,а за таа цел, денеска во депонијата „Дрисла“ беше пуштен во употреба нов стерилизатро – автоклав. – Со новопристигнатиот стерилизатор, односно автоклав, кој е иновативен систем, целосно автоматизиран од познатата италијанска марка ЦИСА, „Дрисла“ станува современа депонија. Автоклавот ги задоволува дневните потреби на депонијата. Системот е опремен со […]