На македонската економија ѝ требаат знаење, вештини и иновации, не само дипломи


Долго време во високото образование меревме успех со бројот на запишани студенти, со бројот на факултети и со бројот на издадени дипломи, но денес мора искрено да признаеме – на економијата не ѝ треба само диплома. Ѝ треба знаење, вештини, иновации и носечки кадар. Не смееме повеќе да „штанцаме“ програми што не се тесно поврзани […]

Секој ден очекувам да ми кажат да си одам од работното место“ – вели младиот Арсовски со напишани 46 труда на кој му ја поништија дипломата


Министерството за образование и наука започна постапка за поништување дипломи на Филозофскиот факултет при УКИМ и на Славјанскиот универзитет, по утврдени неправилности во запишувањето студенти на втор и трет циклус студии. Меѓу засегнатите е ѝ Денис Арсовски, магистер по специјална едукација и рехабилитација, кој за Телма во телефонски разговор објаснува дека целиот процес на неговото […]

Стружанец изработувал лажни дипломи


Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(34) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 04.06.2024, при претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени лажни дипломи и компјутер со фајлови за изработка на фалсификувани дипломи.

Професорите разочарани: Има ли крај на лажните дипломи?


Вкупно 136 граѓани употребиле лажен документ за 102 кривични дела од јануари лани до април оваа година. Дел од  нив искористиле лажни дипломи  со цел  да се стекнат со подобра позиција на работното место, ама и за повисока материјална корист. Неодамна за еден ваков случај  информираше и  Министерството  за внатрешни работи со наслов  „Инспектор со […]

Кумановец со лажни дипломи станал универзитетски професор


Полицијата поднесе кривична пријава  против М.М.(47) од Куманово за сторено продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, кој е осомничен дека противправно се стекнал со факултетска, магистерска и докторска диплома и со нив стасал до ангажман како професор на Факултетот за правни науки во Свети Николе и аплицирал за полагање правосуден испит. За […]