По седум рунди дијалог Белград и Приштина не постигнаа договор за трансакциите во динари, преговорите прекинати


 Денешната средба меѓу претставниците на Белград и Приштина за изнаоѓање одржливо привремено решение за луѓето кои се најпогодени од регулативата на косовската Централна банка за забрана на сите останати готовински трансакции освен во евра, покажа дека страните не можат да најдат компромисно решение за преостанатите отворени прашања, соопшти вечерва Европската служба за надворешни работи.  – […]

Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово


Денешната, четврта рунда меѓу главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, со посредство на Европската унија, заврши без никаков договор за прашањето за српскиот динар, чија употреба беше забранета во Косово во февруари годинава, јавија приштинските медиуми. Бислими по состанокот, кој го водеше посредникот на ЕУ во дијалогот меѓу Приштина и […]

Вјоса Османи: На граѓаните да им се даде одреден рок пред целосното спроведување на одлуката за укинување на динарот


Косовската претседателка Вјоса Османи денеска порача дека треба да им се даде одреден рок на граѓаните за да може без проблеми да се спроведе новата Регулатива на Централната банка на Косово која предвидува исфрлање на српскиот динар од употреба во Косово. Од 1 февруари во Косово стапува во сила новата Регулатива на Централната банка за […]

Стејт департмент: Приштина да ја преиспита одлуката за укинување на српскиот динар


Американскиот Стејт департмент ја повика Приштина да ја преиспитаат одлуката за укинување на српскиот динар како платежно средство, објавија српските медиуми. – Ја повикуваме Владата на Косово да ја разгледа одлуката, да се консултира со засегнатите заедници, да одговори на загриженоста изразена од меѓународната заедница и да обезбеди доволно време за спроведување на нејзините одлуки, […]

Харадинај го забранува динарот?


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска ќе објави нови мерки против Србија. По зголемувањето на царинските такси од 100 отсто за српски производи, Харадинај подготвува три нови мерки, од кои едната е забрана за употреба на динарот на косовска територија, пишува белградскиот весник „Блиц“, цитирајќи го приштинскиот аналитичар Фатмир Шехоли. Втората мерка, која Шехоли ја очекува […]