Димитров утре ќе го информира Иванов за договорот за името


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов утре ќе оствари средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во врска со договорот постигнат за спорот за името. Од Кабинетот на претседателот Иванов информираат дека кај нив е пристигнато барањето за средба од Министерството за надворешни работи и оти средбата ќе се одржи утре во 10 часот.

Заев и Димитров цел ден се сликаат-биле на иста линија за името


Премиерот Зоран Заев и Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска заедно со нивните сопруги го поминаа неделното попладне. Двајцата на Фејсбук објавија фотографии од нивната дружба во Струмица. Заев напишал: На иста линија“. Додека Димитров дека тие заедно го бараат патот. Ова следи по објавите во некои медиуми дека нивните ставови се разминуваат во […]

Димитров – Кирнаг: Словачка целосно ја поддржува интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска го прими словачкиот амбасадор Роберт Кирнаг, директор во словачкото МНР, задолжен за подготовка на словачкото претседавање со ОБСЕ, во 2019 година, кој го запознал со подготовките и му ги презентирал приоритетните области на нивното претседателство. Како што соопшти МНР, директорот Кирнаг како поранешен Амбасадор на Словачката Република во Република […]

Милошоски тврди дека Заев го деградира Димитров за името


Поранешниот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски деновиве води своја политичка битка околу преговорите со Грција, која ќе имаше логика како континуитет на неговата политика во врска со спорот – да не е во интерес на Грција и на штета на преговарачката позиција на Македонија. Милошоски вчера преку Фејсбук тврдеше дека премиерот Зоран Заев го деградира […]

Димитров за АНА-МПА: Преговорите за името се во крајната фаза


Проценка дека преговорите  за името се наоѓаат во крајната фаза, изразува шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА по завршувањето на состанокот во Брисел. Димитров за АНА-МПА вели дека се надева дека е изводливо до Самитот на ЕУ на 28 јуни да се најде решение и додава дека вчера […]

(Видео) Нимиц: Се уште нема конечно решение, двете страни се одлучни да го најдат


Се уште нема конечно решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција, но двете страни се одлучни да продолжат да работат се додека не се пронајде, изјави кусо денеска во Њујорк медијаторот на Обединетите нации во преговорите меѓу двете земји Метју Нимиц, по разговорите со шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коѕијас. – […]

Димитров, Коѕијас и Нимиц ги продолжија преговорите во Њујорк


Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Њујорк ги продолжија преговорите за спорот со името со посредство на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц. Средбата, како што беше најавено почна во 09:30 часот по њујоршко време или 15.30 часот по македонско време, а по завршување на денешната рунда […]

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕиjас


„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува за Њујорк, каде што треба да се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас. Преговорите продолжуваат со посредство на медијаторот Метју Нимиц, а средбите се најавени за в четврток и в петок. Коѕијас, пак, кој […]

Османи и Димитров едногласни: Заслужуваме датум за преговори со ЕУ и покана за НАТО


Политичките состојби околу евроинтегративните процеси во Република Македонија, а во контекст на пораките и заклучоците од софискиот Самит посветен на Западниот Балкан беа тема на работната средба на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров со амбасадорите на земјите – членки на Европската унија во Македонија, организирана од […]

Димитров: Не гледам посоодветен предлог од Република Илинденска Македонија


Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека не гледа посоодветен предлог за решавање на спорот од Република Илинденска Македонија – Не гледам во моментов посоодветен предлог околу кој и двете преговарачки страни имаат согласнот за решавање на спорот, рече Димитров во емисијата „Печат на неделата на „1ТВ“. Посочи дека Илинден го има во двете преамбули на […]

Димитров: Очекуваме датум за преговори со ЕУ


Евроинтеграцијата е најдобриот инструмент што го има ЕУ за да им помогне на оние кои сакаат да се променат и да направат реформи, истакна македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на конференцијата за перспективите на Западен Балкан за вклучување во ЕУ, што се одржа денеска во Софија. Димитров рече дека по позитивниот извештај од […]

Димитров-Блок:Постојан напредок и реформи за македонските евроинтеграции


Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска во Хаг се сретна со неговиот холандски колега Стеф Блок, кој, како што соопшти македонското МНР, го поздравил периодот на стабилност во Македонија и ја нагласил потребата од постојан напредок. Димитров, кој од вчера е во посета на Холандија, ги образложил чекорите преземени од Владата на Македонија […]

Почна средбата Димитров-Коѕијас-Нимиц во Сунио


Во истиот хотел, каде што вчера се одржа конференцијата за иднината на Европа, во местото Сунио, утрово почна новата рунда разговори за името на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, јави дописничката на МИА од Атина. Димитров и Коѕијас, со посредство на Нимиц, […]

Димитров и Коѕијас во Сунио на средба со Нимиц


Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Сунио, во близина на Атина, ќе се сретнат со медијаторот Метју Нимиц во нов обид да ги приближат ставовите за спорните прашања во преговорите за  името, а во пресрет на најавената средба меѓу премиерите на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас, на […]

Димитров: Утре имаме задача да понудиме опции за да се сретнат премиерите, а потоа и да си подадат рака


Факт е дека утрешниот ден е многу важен, вели министерот Димитров во однос на средбата со неговиот грчки колега и медијаторот Нимиц, закажана за утре во 10.30 часот, повторно во Сунио. – Факт е дека сме во најделикатната и последната фаза, факт е дека има многу прашања за кои има разбирање, тоа разбирање е врзано […]

Утре средба Димитров-Коѕијас-Нимиц во Сунио, Грција


Утре во  местото Сунио во близина на Атина Димитров, Коѕијас и Нимиц ќе ги продолжат преговорите за името од кои зависи влезот на Македонија во Европската Унија. Останува да се види дали страните овој пат ќе успеат да ги надминат разликите околу проблематичните прашања. Новата средбата во Атина е пред средбата на двајцата премиери, Заев […]

Димитров се сретна со Папандреу: Инспиративна средба за иднината на нашите земји


Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Сунио се сретна со поранешниот грчки премиер, а сега лидер на Сегрчкото движење на демократските социјалисти и на социјалистичката интернационала, Јоргос Папандреу. – Инспиративна средба со Папандреу за иднината на нашите две земји кои имаат историска можност во блиска иднина да станат сојузници. Историјата е важна. Но […]

Димитров – Рот: Поздравен напредокот во реформскиот процес на земјата


Текот на разговорите со Грција за разликата околу името, како и најновите актуелности околу процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО биле теми на разговор на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи Никола Димитров и државниот министер надлежен за Европа во Министерството за надворешни работи на СР Германија, Михаел Рот. Министерот […]

Утре средба Папандреу-Димитров во Сунио


Со поранешниот грчки премиер, а сега лидер на Сегрчкото движење на демократските социјалисти и на социјалистичката интернационала, Јоргос Папандреу ќе оствари средба утре во Сунио шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. Информацијата за МИА од Атина ја потврди самиот Папандреу по средбата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас. Поранешниот премиер за надворешната политика разговараше со Алексис […]

На 12 мај средба Димитров-Коѕијас-Нимиц во Атина


Следната сабота, на 12 мај, според информациите на дописничката на МИА од Грција, ќе се одржи нова средба на шефовите на македонската и на грчката дипломатија, Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц, во Атина. Никола Димитров и Никос Коѕијас, еден ден по учеството на конференцијата што ќе се одржи во петок во […]