ДИК прави измена на роковникот за ценовниците за медиумско претставување


Државната изборна комисија денеска треба да изврши промена на роковникот, со која рокот за поднесување на ценовниците за медиумско претставување поврзано со референдумот, закажан за 30 септември, ќе се продолжи до утре. Само овластениот предлагач, односно Собранието има привилегиран пристап до услугите, кои ги обезбедуват радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), предвидени со […]

Продолжен рокот за ценовници за медиумско претставување


Државната изборна комисија (ДИК) во понеделник ќе изврши измена на роковникот со кое рокот за поднесување на ценовниците за медиумско претставување поврзано со референдумот ќе се продолжи до 7 август. ДИК во соопштение појаснува дека само овластениот предлагач, во случајов Собранието, има привилегиран пристап до услугите кои ги обезбедуват радиодифузерите, печатените медиуми и електронските  медиуми (интернет […]

Членовите на ДИК стапуваат на функција


Свечени изјави во Собранието денеска ќе дадат новоизбраните членови на привремениот состав на Државната изборна комисија (ДИК), која треба да го организира есенскиот референдум за името. За членовите на ДИК гласаа пратениците од сите партии, а седницата се одржа по деблокирањето на процесот на лидерската средба минатиот понеделник. Партиите се договорија привремениот состав на ДИК […]

Одложени свечените изјави на новите членови на Државната изборна комисија


Давањето свечени изјави на новоизбраните членови на Државната изборна комисија (ДИК) пред претседателот на Собранието што беше закажано за денеска е одложено. Во соопштението од собраниската прес-служба не е наведена причината за одлагањето. Привремениот шестмесечен состав на ДИК беше избран со 100 гласа „за“ експресно и без дискусија на 56. седница која се одржа во средата […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе „командува“ на 30 септември


ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во спроведување на референдумот за името преку претседател и уште еден член во новиот состав на Државната изборна комисија, што се избираше синоќа во парламентот, по неколкунеделна блокада, а откако партиите ги усогласија конечно ставовите околу законите што ги бараше опозицијата. Но, и натаму е неизвесно како најголемата опозициска партија ќе се […]

Референдумот ќе биде распишан в сабота, договорените закони се во собраниската архива


Референдумот за договорот со Грција се очекува да биде распишан в сабота, откако синоќа работните групи на партиите постигнале согласност околу законите што беа договорени во првиот дел од понеделничката лидерска средба. Според информациите, во собраниската архива се веќе доставени три закони што не е исклучено да бидат донесени уште вечерва или најдоцна до сабота, […]

Се деблокира изборот на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ ги достави своите предлози


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги доставила претпладнево до претседателот на Собранието Талат Џафери предлозите за претседател и еден член на ДИК, што одби да го направи во понеделникот вечерта кога се очекуваше парламентот да го реализира првиот дел од договорот од последната лидерска средба. Со ова се очекува да се одблокира процесот за избор на […]

Џафери ги чека имињата од партиите за новите членови на ДИК


Во Собранието на Република Македонија речиси два часа се чека Кабинетот на претседателот Талат Џафери да го извести претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Илија Димовски за одговорите од партиите за кандидатите за членови на состав на Државната изборна комисија. Комисијата за прашања на изборите и именувањата по 19 часот одржа седница […]

Парламентот ќе заседава ноќеска, иако нема договор за референдумот


Се очекува во текот на ноќта парламентот да го избере новиот состав на ДИК, со поддршка од опозицијата, како и измените на законите за финансирање на политичките партии. Според собраниски извори, веќе се подготвуваат измените во законите за финансирање на партии и за влада, а во 19 часот е закажана седница на Комисијата за избори […]

Оливер Дерковски кандидат за претседател на ДИК?


Во 19 часот треба да се состане Комисијата за избори и именувања за да ги селектира кандидатите за членови на ДИК, според важечкото решение што уште зимата го договорија лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата, според извори од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ќе заседава вечерва, иако на лидерската средба не е постигнат договор околу […]

Почна лидерската средба


Почна лидерската средба во Клубот на пратеници, втора по ред од форматот два плус два. Последни на средбата пристигнаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски и Тања Каракамишева. Во Клубот на пратеници се и прениерот Зоран Заев и лидерите на ДУИ и на Беса, Али Ахмети и Билал Касами. Со оглед на тоа дека Заев во […]

Џафери: ДИК ќе се формира, Договорот ќе биде во Службен весник пред референдумот


Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА изразува надеж дека лидерите на политичките партии ќе постигнат договор на претстојната средба во недела навечер или во понеделник и оти нема да биде никаков проблем тоа што е договорено Собранието да се спроведе и до крајот на месецот. Во спротивно, вели тој, ќе продолжи процедурата […]

Владата може да го повлече Законикот ако ВМРО-ДПМНЕ ја деблокира ДИК


Има расположение кај владата да ги повлече од собраниска процедура измените во Изборниот законик што ги поднесе денеска, доколку ВМРО-ДПМНЕ се согласи да го деблокира изборот на ДИК според важечката регулатива што беше донесена пред околу два месеци, најавуваат владини извори. Од утрешната лидерска средба најмногу зависи дали ќе продолжи процедурата за донесување на законските […]

Џафери: Собранието нема да биде заробеник на политичките партии


Собранието на Република Македонија  попладнево со 62 гласа „за“ ја утврди потребата за донесување по скратена постапка на измени и дополнувања на Изборниот законик што се однесуваат на изборот на членови на Државната изборна комисија (ДИК). Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара точката да биде тргната од дневен ред што не беше изгласано од владејачкото мнозинство, кое со […]

Со измените во законикот се заобиколува Комисијата на Димовски


Со измените во Изборниот законик што ги предлага владата, како што дознаваме, се брише ставот три во членот 27 според кој селекцијата на кандидатите за членови на ДИК ја прави Комисијата за избори и именувања. И покрај истечените рокови, оваа Комисија не се состана досега за да направи селекција од 41 кандидат колку што се […]

Новиот состав на ДИК ќе се избира со европско знаме


Со европско знаме, како што дознава „Независен весник“, се обележани измените на Изборниот законик што владата ги доставила претпладнево во парламентот. Тоа значи дека законските измени најверојатно ќе се разгледуваат во Комисијата за европски прашања, што ја предводи Артан Груби од ДУИ и каде што расправата би траела максимум два дена, со оглед на тоа […]

Мицковски: Формирањето на ДИК не е издвоено прашање


Формирањето на Државната изборна комисија (ДИК) е дел од пакет мерки и не треба да се гледа издвоено. ВМРО-ДПМНЕ ќе изготви закон за амнестија, а за референдумот ништо не се знае зашто не е дефинирано ниту прашањето, изјави претседателот на ВМРО, Христијаn Мицкоски при денешната посета на Прилеп. -Не смее ДИК да се гледа како […]

Кампањата почна, референдумот може да почека


Македонската владина делегација се врати вчера од Брисел во Скопје со покана за членство во НАТО и со домашна задача – да го организира референдумот во врска со договорот со Грција, да обезбеди негова успешност, по што би се преминало на уставни измени. Увертира во исполнувањето на овие обврски, пак, ќе биде вечерашнава прослава по […]

ВМРО-ДПМНЕ стравува од избори во пакет со референдумот


Да се врати концептот на преодна влада кој беше договорен во Пржино – во екот на политичката криза во државата. Ова е практично едно од барањата што ги поставува опозицијата како услов за деблокада на изборот на новиот состав на ДИК, покрај измените на Законот за финансирање на партиите. Иако до редовните парламентарни избори има […]

Амнестијата поважна од интеграцијата


Александра М. Митевска Со блокадата на изборот на новиот состав на ДИК виси закажувањето на референдумот. Со одолговлекувањето на референдумот ќе доцнат уставните измени. Со пролонгирањето, пак, на овие две клучни етапи од спроведувањето на договорот со Грција, ќе се развлечка и зачленувањето на Македонија во НАТО – и покрај поканата што ќе ја добиеме […]