На uslugi.gov.mk компаниите можат да добијат Уверение за квалитет на своите производи


Неколку документи, кои на земјоделските и преработувачките компании им се потребни за продажба на своите производи во државата, но и за извоз, отсега се достапни на порталот uslugi.gov.mk, со што се скратува процедурата и се намалува времето за нивно добивање.  – Државниот инспекторат за земјоделство продолжува со дигитализација и модернизација на своите услуги со цел […]

Шведска масовно го дигитализираше својот образовен систем, но сега се откажува. „Писменоста е намалена“


  Шведската влада се залага за враќање на физички книги, хартија и моливи во училниците, надевајќи се дека ќе го сврти падот на писменоста кај учениците. Сепак, зголемената зависност од аналогни алатки предизвика критики од технолошките компании, едукаторите и компјутерските научници, кои велат дека таквата промена може да ги загрози изгледите за вработување на учениците, […]

Дигиталната трансформација ќе го смени начинот на кој функционира државата


Во рамки на Националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК 2030, денеска беа претставени две нови дигитални алатки кои ќе ја забрзаат комуникацијата меѓу државата и граѓаните: е-Сандаче и дигитални терминали за услуги. Овие решенија се дел од стратегијата за модерна, транспарентна и ефикасна дигитална држава, која се темели на четири клучни столба – […]

Децентрализирани и дигитализирани општини се одржливи


Држава која сака одржлив развој и квалитетни услуги мора да биде децентрализирана и дигитализирана, беше речено на денешната Конференција за локална самоуправа и децентрализација „Визија за реформи за одржлив развој и достапни услуги за граѓаните“. Министерот за локална самоуправа Златко Перински посочи дека измените на Законот за локална самоуправа, кој повеќе од две децении не […]

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб-страници


Министерството за дигитална трансформација објавува јавен повик до единиците на локална самоуправа и институциите од јавниот сектор во Република Северна Македонија за изработка на официјални веб страници. Повикот, како што соопштуваат од министерството, е дел од иницијативата за дигитализација на локалната самоуправа, но и подобрување на комуникацијата на јавниот сектор со граѓаните преку современи дигитални […]

Андоновски: Дигитализацијата е новата енергија на управувањето


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација и иновации“ во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој, што се одржува во Скопје. Во своето обраќање, министерот ја истакна потребата од заедничко делување и координирани напори во процесот на дигитална […]

Дигитален идентитет за секој граѓанин, сите јавни услуги достапни онлајн… Власта шансата ја гледа во дигитализацијата


До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн. Секој граѓанин ќе има дигитален идентитет, пристап до сите институции преку мобилен телефон. Ќе создадеме генерации со дигитални вештини, ученици кои ќе бидат конкуретни со своите врсници во Европа, ќе градиме систем на сајбербезбедност што ќе гарантира доверба во дигиталното општество, истакна денеска премиерот […]

Украина не се распадна од војната, таа стана дигитален шампион


Кога руските ракети принудија милиони Украинци да ги напуштат своите домови, многумина носеа со себе малку повеќе од паметен телефон. Но, преку тој уред, тие ја носеа својата држава. Апликацијата Diia, дигиталниот ‘рбет на Украина, им дава на граѓаните пристап до нивните лични документи, јавни услуги, деловни регистри и итни плаќања. Тие можеа да поднесат […]

Национален самит за предизвиците во процесот на дигитализација


 Во Скопје денеска ќе се одржи Национален самит за предизвиците во процесот на дигитализација на критичната инфраструктура, безбедноста и енергетската транзиција на кој, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и министерка за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Андоновски ќе има воведно обраќање за националните дигитални приоритети, а […]

Ерзурум – домаќин на глобален економски форум за влијанието на дигитализацијата врз економијата и креирање на правична иднина


Портата на Анадолија, Ерзурум, ќе биде домаќин на глобалниот Економскиот форум кој ќе се одржи на 26 и 27 април во туристичкиот центар Паландокен, на кој ќе присуствуваат претставници од повеќе земји, меѓу кои САД, Франција, Швајцарија, Велика Британија, Обединетите арапски емирати и други. Главниот акцент на форумот ќе биде ставен на дигиталната трансформација, со […]

Андоновски: До јануари 2025 година ќе имаме нацрт закон за сајбер безбедност


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, присуствуваше на првата средба на работна група за подготовка на првиот закон за безбедност на информациско-комуникациски системи или попознат како закон за сајбер безбедност. Министерот појасни дека се работи на овој закон и кон крајот на јануари 2025 би требало да влезе во владина процедура. „До јануари 2025 година […]

Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност


Не смееме да дозволиме во трката по профит и корупцијата да го уништуваат системот, особено не во дигиталната сфера, затоа што тоа значи напади, изгубени податоци на штета за граѓаните, рече министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Во изјава за медиуми пред денешната конференција „Бизнис и Влада: Усогласување за сигурна дигитална иднина“ во организација на […]

Националната ИКТ стратегија треба да го прекине талкањето на граѓаните од шалтер до шалтер, но кога?


Сите документи да бидат достапни на граѓаните дигитално, да не мора да се такла од институција до институција, да не се обезбедува документ од Катастар со неколкупати одење до Град Скопје па во Катастар и слично, треба да се овозможи со Националната ИКТ стратегија, која денеска почнаа да ја изработуваат надлежните. До декември, министерот за […]

Андоновски: Целта е до 2030 година 80 отсто од возрасните да се дигитално писмени


 Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Скопје имал поздравно обраќање на министерска конференција на Управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука и истражување и иновации, во организација на делегацијата на Европската унија во Република Македонија. Во своето обраќање, министерот Андоновски ја истакнал важноста на дигиталната трансформација за напредокот на Македонија и […]

Две министерства се ангажираат за дигитализација на општините


    Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имал состанок со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, на кој се разговарало за конкретните чекори за дигитализација на општините, со вклученост и на донаторската заедница. На состанокот, како што соопштија од Министерството за локална самоуправа (МЛС), биле презентирани можностите за вклучување на сите општини во […]

Двајца министри и ЗЕЛС се договорија да спроведат дигитализација на општините


Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и со претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски. На состанокот се разговараше за процесот на дигитализација на локалните услуги. Беше констатирано дека дигиталната трансформација на локално ниво е приоритет и на централно и на локално ниво и дека преку соработка […]

Андоновски: Македонија да не биде повеќе последна во дигитализација во Европа


Нашата визија е целосна дигитализација на јавните услуги, комплетирање и целосно интегрирање на системот е-услуги, подобрување на капацитетот на јавните институции за испорака на ефикасни е-услуги, подигнување на дигиталната писменост на граѓаните и деловните субјекти за користење на е-услуги и зголемено користење и запознавање на граѓаните со овие услуги, изјави вечерва министерот за дигитална трансформација, […]

Народната банка одржа работилница за дигитализацијата на финансиските услуги и нивната примена во банкарскиот сектор


Дигиталната технологија сѐ повеќе влијае врз финансиската индустрија. Модернизацијата на плаќањата е особено изразена и зема сѐ поголем замав и во нашата економија. Според податоците од платежната статистика за 2023 година на Народната банка, забележано е зголемување на безготовинските платежни трансакции од 16%, во споредба со 2022 година, односно 87 трансакции по глава на жител. […]

Работилница: Штом добијат плата, 15 отсто од граѓаните веднаш ја земаат од банкоматите, а пензионерите на 1-ви ги „напаѓаат“ шалтерите


Се повеќе граѓани плаќаат електронски и тоа најчесто преку мобилен телефон. Подигањето готовина од банкоматите се зголемува, а користењето на банкарските шалтери се намалува. Се зголемува и интересот за електронски увид во сметките. Но, дигитализацијата која има многу предности и удобности, носи и ризици. Еден од нив се кибер нападите кои бележат континуиран раст и […]

Панел-дискусија „Дигитализација во земјоделството – Предизвици и можности за македонскиот земјоделско-прехранбен сектор“


Во организација на Факултетот за земоделски науки и храна – Скопје денеска ќе се одржи конференцијата и панел-дискусијата „Дигитализација во земјоделството – Предизвици и можности за македонскиот земјоделско-прехранбен сектор“. Како што информираат од Факултетот за земоделски науки и храна, на конференцијата ќе се обратат професор д-р Миле Маркоски, декан на ФЗНХ, професор д-р Лазо Пендовски, […]